Не е баш кратка темата, ама ќе пробам.
Ни СК 2014, ни автопатите не се економски проект. За СК 2014 е јасно, нема што да се дискутира тука. Додека пак автопатите се крајно нерентабилни. Тоа го покажуваат и физибилити студиите од Министерството за транспорт и врски, тоа го покажува и пазарот. Неколку пати Македонија распишуваше меѓународни огласи за барање на концесионер што би ги изградил, ама немаше ниту една заинтресирана компанија. Парите што ги ставаме во автопатите на Македонија нема да и се вратат никогаш.
Далеку од кратка во секој случај. Кратка регресија, прво и двата се дел од државната економска политика, базирана на кејнесианизмот, или теоријата на Џон Кејнс...е сега истата се базира на државната потрошувачка, прва широка примена добива за време на Големата депресија во САД, каде тогашниот претседател Рузвелт започнува со зголемувања на државните трошења со цел да генерира работни места...да преминам на главното, браната Хувер е резултат на таа политика. Кај нас, но и во поголем дел од Европа, но и САД на различни начини се практицира оваа политика, имаше друга тема баш на оваа тема. Таму наведов податок дека моментално во САД најголем работодавец е Пентагон.Јас ја поддржувам оваа економска доктрина или политика, но не и начинот на кој се реализира.
Е сега во поглед на рентабилноста, како сега се изнајде начин за реализација, а тогаш не можеше? Каде е промената, кога се работи за истата земја, истите проекти... ако воопшто ја има? Парите кои Македонија ги вложува во сообраќајна, поконкретно патна инфраструктура, се најдобро вложените пари, ако алтернативата на тие инвестиции се изградба на административни комплекси или историски спомен облележја. Не сум против ниту едните ниту другите, ама во некој нормален обем. Барокот не го дискутирам, еве се работи за вкус. СК `14 е еден вид на економско-идеолошки проект. Во секој случај, сообраќајаната инфраструктура е таа која е показател за степенот на развој на една земја, а не зградата на министерството за надворешни работи. Или некој музеј. Сообраќајната инфраструктура генерира трошоци, но го генерира и богатството, а не обратно. На крај краева можеше да се направи ревитализација на постоечката патна инфрструктура. Од било која категорија. Ако не патната, тогаш тука е железничката инфраструктура. Во секој случај да повторам, инфраструктурата не прави по-атрактивна дестинација за инвеститорите, а не било кој дел од СК `14.
Скопје 2014 е политички проект, ова е социјален. Автопатот единствено ќе им помогне социјално на луѓето од источна Македонија. Ќе стигаат во Скопје за 100-200 денари поефтино. За државата како држава, гледано од чисто економски аспект исто е дали тие 200 денари граѓанинот ќе ги потроши на гориво или за храна. На горивото има и акцизи, па можеби дури и поисплатливо би било.
Ните едниот не е чисто социјален проект, а не можеш од двата да ја сегрегираш или дистанцираш политиката. Напишав, СК `14 е економско идеолошки проект, значи има двојна намена.
За трошоците, бидејки се работи за државни средства, не е лошо да се види анализа, колку чини изградбата на некој од новите административни објекти, колку би чинело неговото оджрување на годишно ниво, визави досегашните трошоци. За колку време ќе се „исплати инвестицијата“, иако во секој поглед се работи за непродуктивен трошок.
Е сега ова што си го напишал за автоаптот, благо речено не држи вода, ама ич. Сам по себе автопатот по должина на трасата, околното земјиште го прави по-привлечно за инвестиции, а како влијае врз еден цел регион гледано во било кој сегмент не знам од каде да започнам да го образложувам...забелешката е тапа, секој еден материјален ток, кој се движи во тој правец ќе се движи по тој автопат, белким не се работи за самоодржлив регион?
И да, доколку повторно би биле 2008ма и може да се бира што прво, поефтиниот политички или поскапиот социјален проект, би бил на истиот став. Правилниот избор е прво СК 2014. Автопатите ни одблиску немаше да го постигнат истиот ефект..
Едниот е економско -идеолошки, додека другиот е чист развој на инфраструктурата, ако вториот е во изведба на домашната оператива, ќе генерира поголеми трошоци, повеќе работни места, и по изведбата ќе продуцира добивка. Ја зголемува атрактивноста на земјата како потенцијална дестинација за инвестиции... СК `14 колку прашања отвори?