Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    752

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.853
Поени од реакции
12.359
Набуко засега не иде никаде, а се додека Асад се држи во Сирија, ништо од гасот ниту од Катар. Иран би им влегол во игра само ако се друго пропадне, пошто и Иран им е на листа за „запролетување„.

Се на се, во догледно време Европа суште ќе биде зависна од Русија за природен гас.
Ќе дојди редот и на Иран наскоро ама и таму тешко ќе ги остварат плановите
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.658
Поени од реакции
35.532
Знам....само посликовито сакав да објаснам. Америте користат други пиончиња па и да дојди зло време прво тие ќе го изедат стапот
...неколку минути порано! :)
Тоа ми беше зборот, во глобална нуклеарна војна сите го јадеме стапот.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.853
Поени од реакции
12.359
...неколку минути порано! :)
Тоа ми беше зборот, во глобална нуклеарна војна сите го јадеме стапот.
Добро да....за нуклеарна војна. Али не мора и само за тоа да е. Можи на било каков начин. Ако утре задутре се тргнат америте од таму поради било какви причини, источниве земји што се против Русија и те како ќе платат за ова сега. Ќе останат на милост и немилост на Русија
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не знам кој дел не ти беше разбирлив. Проблемот со големо-албанските аспирации е независен процес од кримската криза.
“Голема Албанија“ нема паралела во “Голема Русија“ бидејќи втората е веќе доволно голема... едноставно, глупа е споредбата.
Исто така, реакцијата на Русија беше напросто изнудена, така што никој овде не може да каже дека Путин организирал демонстрации против себе во Украина за да има изговор да го отцепи Крим.
Ако некој е крив што Крим е се’ повеќе руски, тоа се идиотите кои мислеа дека ќе вмаршираат во руските поморски бази и ќе шутираат успут Руси. Во една умирачка држава како Украина, првиот потег кој го прави новата власт е укинување на рускиот јазик, извини, ама ако тоа не си ја бара бељата, тогаш не знам како било кој очекуваше дека ќе реагира или како би требало да реагира една јебено тврда држава ко Русија. Може да им ги намали цените на гасот? Да им го пополни буџетот?


И дајте да прекинеме со дискусија за Косово, сериозно, нема повеќе!
Нема да гледам нити кој пишувал нити што, а видам Косово ко збор ќе банирам од тема. Преку косовскиов веќе.
Сите делови т.е. пасуси од твојот коментар (и претходниот) ми се кристално јасни. Него за болдот.
Моја прогноза. Америка ќе ги подбуцне албанците за демократска немависност преку референдум, по тоа спојување на Крим со Русија. Тоа ми беше целта која сакав да ти ја пренесам во претходниот коментар.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.303
Поени од реакции
13.889
А овој Дарданов што тракоти. Ако некоја земја што треба да плати за расизамот тоа се Америка и Британија. Јасно ни е на сите што се правеле над црното население и што се уште прават. Јасно е чиви економии се основале и богателе на грб на робовите.
Ако во Русија имало 500 убиства на црнци тогаш незнам за што треба да се обвини Америка и за случувањата во гетата каде месечно има над 1000 убивства.
Рускиот устав ги има сите етникуми заштитено, сите релгии имаат слобода.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.658
Поени од реакции
35.532
Најголемата и озогласена приватна платеничка армија, која сега се води под името Академи, а поранешно Блекватер, беше превземена, откупена од најголемиот производител на ГМО - Монсанто.
Полошо нешто досега немам слушнато во овој век!
Монсанто со сопствена армија, ова е скоро како тековна нуклеарна војна. Злото се централизира.

Дигресирам ама морам! Луѓе не се заебавајте, давајте поддршка на антиГМО протестите или црно ни се пишува.
Работава е смртно сериозна.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Колку што знам и референдумот на Косово не беше легитимен,ама штом америка даде абер значи дека сФе се може.
Тука не станува збор за Косово,станува збор за дволичноста на Америка и двојните аршини.Ако случајот со нив во случајот Крим не е легален,ондак и за Косово не е легално,ама не им одговара тоа така ним.

Конфликтот од Косово се прошири и кај нас,ама со “мало“ задоцнување.Сепак го имавме и ние конфликтот како последица на Косово и неговото “осамостојување“,ама тоа веќе е друга тема.
No shit.....светска сила,а не е дволична и нема двојни аршини.....мислиш дека постои ? Русија не го признава Косово и прди како е нелегална неговата незавиност,а од друга страна спонзорира уште 3-4 други,само малце помали Косова.

Јас цело време зборам дека Америка и Русија се исто срање друго паковање и дека Русија не е ништо поарна и невинашче.Само толку им дава силата да интервернираат во комшии,а не 10.000 километри од дома.
Тоа е разликата....друга нема и двете страни си го играат курот со послабите за свој интерес само на едниот раката му е осетно подолга.Додуше Америка малце и се запна да биде светски полицаец,па пробува да изиграва и морална вертикала и да тера своја политика во исто време.
Некаде им успева некаде не.На Косово на пример им се поклопи таман.

Иначе ти праша што толку има на Косово за Америте да застанат зад него.Јас убаво ти објаснив.Јест да е правно нелегална,но независноста на Косово е единствено логично решение.Затоа и Америте го поддржуваат тоа Косово и Албнаците таму.[DOUBLEPOST=1394157244][/DOUBLEPOST]
Во врска со гасот... Русија поседува најголеми докажани резерви на гас на планетава. Плус, целиот Сибир лежи на гас(најчесто метан). Најверојатно на Сибир се наоѓаат убедливо најголемите резерви на гас.Една од причините за тоа е, што почвата таму е копмплетно замрзната, па не дозволува губење на гасот во атмосферата и разложување на самиот гас Ај погодете која(кои) земја гладна за енергенси е во близина на Сибир?

Инаку Рускиот гас е најефтиниот во Европа, но не и најкористен, бидејќи поголемиот дел од потребите ЕУ ги задоволува со домашен гас. Но тоа во иднина ќе се смени, бидејќи тие резерви се при крај, па ќе станат зависни од надворешни извори. А надворешните извори се Русија, Русија и само Русија. Погодете во чија сопственост е нафтоводот што се гради од Нигерија преку Либија до Европа? (хинт, не е БП).

Руските енергетски фирми длабоко навлегоа во проекти поврзани со нафтата и гасот (нормално... :)) во Ирак, Венецуела и сл. па некако монополот на Руски енергенси не само што се шири во Европа, туку и во светот (Газпром има договор со БП за вадење на нафта од Мексиканскиот залив).

Интересното е тоа што доста Европски проекти пропаднаа (во преден план Набуко), токму под директно влијание на Руските проекти. А иднината на гасот допрва доаѓа...
Имаш податоци за тоа уште колку има резерви на гас во Европа ?

Иначе не мора да се носи со гасоводи...ЛНГ терминалите се тука ако некој реши да го заврти вентилот.
 
Последно уредено:
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Полошо нешто досега немам слушнато во овој век!
Монсанто со сопствена армија, ова е скоро како тековна нуклеарна војна. Злото се централизира.

Дигресирам ама морам! Луѓе не се заебавајте, давајте поддршка на антиГМО протестите или црно ни се пишува.
Работава е смртно сериозна.
Монсанто не ја поседува Blackwater или со новото име Academi. @Bratot мава русофилско-анти УСА пропаганда базирана на шпекулации.
http://redgreenandblue.org/2010/10/16/too-much-of-a-bad-thing-monsanto-did-not-buy-blackwater/
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
од која Галаксија ви испраќаат вакви сигнали :icon_lol:
a sto mislis deka idninata ni e so fasisti koi na sekoj dve tri godini brisat od kartata po eden narod[DOUBLEPOST=1394169875][/DOUBLEPOST]
Сега Албанија ќе испрати трупи во Западна Македонија да ги заштити своите граѓани.Путин :facepalm:
pa tokmu toa se dese so kosovo . zosto koga mozat tie moze i putin
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Stigna zasiluvanje i podrska za Rusite od Pravoslavnite braka Srbi. :facepalm:
Tоа ти е човечки избор на одредени луѓе во Србија, кои што Русите ги чуствуваат за браќа и обратно, нема ништо политички, и затоа е таа смешна бројка, луѓето решиле да одадат почит со своето присуство на Крим, не дека па ке има војна па ке ратуваат таму, инаку политички ако се организира од власта на Србија сигурен сум дека можат да мобилизираат 10000 луѓе и да испратат на Крим, но моментално тоа би било политичко самоубиство на Србија ако го направи тоа.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
1.182
Вчера разговарале Обама и Путин на иницијатива на Обама.
Се прашувам само што ли му понудил Обама на Путин,за евентуално да не ја припои половина Украина кон Русија.
Јас да сум на местото на Албанците воопшто не би бил среќен,зошто дали сега или во некој иден пазар Космет сигурно ќе биде монетата за поткусурување која ќе ја држат американците.
Тие сега би вратиле и три Космета за еден Крим ама братјушка во некоја идна прилика и со евентуална паметна проруска политика на Србија сигурно ќе го направи пазарот и за Космет кој им го лупа во лице на Америве во секоја можна прилика.
Мислам дека сите овие случувања се само наговестување на демонтажата на Космет како геноцидна творевина и рамковната блокада на Македонија.:)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.658
Поени од реакции
35.532
Монсанто не ја поседува Blackwater или со новото име Academi. @Bratot мава русофилско-анти УСА пропаганда базирана на шпекулации.
http://redgreenandblue.org/2010/10/16/too-much-of-a-bad-thing-monsanto-did-not-buy-blackwater/
Тоа е во 2010та, истиот извор еве што вели во 2011та:
http://redgreenandblue.org/2011/01/04/did-monstanto-finally-buy-blackwater-theres-no-way-to-know/

Како и да е, во наведениот текст се кажува дека Монсанто дефакто ги најмил Блекватер (интел сегментот). Од етички аспект каква разлика прави тоа... во однос на фактот дека и во едниот и во вториот случај Блекватер работат за Монсанто?

Добра поента му е ова на @Bratot
Една од најголемите светски житници и убедливо најголемата ГМО мафија на планетата?
Кога ќе размисли човек, Украина мора да е wet dream за Монсанто. Огромна плодна житница и супер корумпирана влада... Тотално се влезени во кризава, па сеедно дали Блекватер ги купиле или ги најмиле.


Нека ми каже некој како да не станам русофил дури и ако никогаш не сум бил досега, кога само Русите застануваат против ова зло што е западот денес?
Светска доминација заради алчност за ресурси, но не просто окупирање и продолжување на животот под нивна управа, туку бескпрупулозно уништување цели земји и народи. Власт позади која стојат моќници и банкари кои со штампање пари го поробија светов.
Власт позади која стојат компании како Монсанто кои се дефакто мафија, компании кои користат методи на мафија, а еве очиглендно и легално поседуваат или изнајмуваат платеничка војска за да исчисти терен таму каде тоа не може да се направи со работите преку корупција.
Во повеќето влади од банана државите во светот (значи некои 9 од 10 држави) има министри и разни кадри кои се школувани и стипендирани од Монсанто. Квислинзи кои чекаат и ја исполнуваат својата задача да на мала (или голема) врата, да ги внесат ГМО производите на Монсанто.

Ако на САД и на западот не им можеме ништо како обични граѓани, против Монсанто и против ГМО можеме да направиме нешто.
Подигајте ја свесноста за ГМО и ужасите кои допрва ќе ги гледаме како последици од тоа. Зборувајте на кој стигнете, приклучувајте се на протестите и барајте од вашите локални кандидати за предстојните избори, да се декларираат анти-ГМО. Да се донесат регулации кои од произведувачите ќе бараат на производот да се декларира дали внатре има ГМО. Да не го кријат тоа од нас. (главна цел на Монсанто е да не се дозволи пишување ГМО на ГМО производите).
Нека ни дадат избор, кој не му смета ГМО нека го купува, нам што знаеме што значи ГМО за здравјето... нам нека ни дадат избор сами да одлучуваме.

Знам дека дигресирам и одам и во офтопик, ама се надевам ќе ме толерирате... ова е од ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ. Гледате што се случува, ако житници како Украина паднат во рацете на Монсанто... во продавниците нема да можете да најдете производ што нема да биде од ГМО.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
ЕУ најавува санкции за Русија

ЕУ ги прекинува разговорите со Русија за либерализација на визите ( визи ха ха)

А потоа ако Путин не се покаже мирно момче , ќе следат нови изненадувања.

Сад+Еу+нормален свет во такт
Dardi, pa me zaobikoli. Sto ti stana?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom