Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Или имаш толку вишок пари па си купуваш клубче од ќеиф. Јас да имам милиони истото ќе го направам од ќеиф.
Да, ете опција и местење. Данок, перење. Нешто легално да не ви текнува? :D

Во фудбал се вртат многу пари од реклами и карти, овде ни на реклами ги нема, а од карти секако дека ќе се збогатат.
абе да од ќеиф и ја би земал коа би имал миљарди али тоа би бил клуб од рангот на Хамбург за да се чаламам или клуб за кој навивам од мал.
иначе од ФК Вардар може да има дебел ќар со влегување у ЛШ, у фудбалот има пари :)
 
абе да од ќеиф и ја би земал коа би имал миљарди али тоа би бил клуб од рангот на Хамбург за да се чаламам или клуб за кој навивам од мал.

Ама у Германија не можеш да идеш со Меркел на вечера за да средите рамни даноци, тендери и трговија. :D
 
Затоа сум фрапирана од плативе. Знам добивката е минимална, Лекиќ во една сезона зема колку они десет пати да се пласираат во Лига на Шампиони. Плус и некои големи спонзорства со милионски суми кај нас за женски ракомет не се даваат.

Ќарот е само ослободување од данок на добивка на газдата и перење пари преку спорт.

Не знам како може да сте фрапирани од платите. Па врвни играчи од еден од најпопуларни тимски спортови се во прашање. Нормално е да се добро платени. Напротив ако земаат стварно само по неколку илјади евра тоа покажува колку е мизерна состојбата во женскиот ракомет. Па 2-3 илјади евра ти е просечна плата во некои од западните држави. На некој начин дури и срамота е некои од најдобрите ракометарки во светот да земаат плата која е блиску до тоа. Јасна е причината (нема пари во женскиот ракомет), ама не сфаќам како може тоа да ви се гледа како многу. Ако е многу во однос на просекот во Македонија не значи дека е стварно многу. Тие се споредуваат со сите други клубои во Европа...
 
Булатовиќ која е најдобрата,најбараната а воедно и најплатената ракометарка во свет зима 150-180К плата или во просек за 10 месеци колку што игра ракомет зима некаде 15-18К месечно.
Во Ларвик се многу мали платите просек 6-7К а Нора Мерк што според мене ќе прерасне во врвна ракометарка зима само 5К месечно.
Така да не претерувајте со платите во женскиот ракомет.
Самсоненко и сам рече дека неможе на играчите да им понуди огромни плати така да не верувам дека Лекиќ зима повеќе од 10-12К а сите други се под 8К сигурно.
 
Не знам како може да сте фрапирани од платите. Па врвни играчи од еден од најпопуларни тимски спортови се во прашање. Нормално е да се добро платени. Напротив ако земаат стварно само по неколку илјади евра тоа покажува колку е мизерна состојбата во женскиот ракомет. Па 2-3 илјади евра ти е просечна плата во некои од западните држави. На некој начин дури и срамота е некои од најдобрите ракометарки во светот да земаат плата која е блиску до тоа. Јасна е причината (нема пари во женскиот ракомет), ама не сфаќам како може тоа да ви се гледа како многу. Ако е многу во однос на просекот во Македонија не значи дека е стварно многу. Тие се споредуваат со сите други клубои во Европа...

Како и се во животот мора да има математика. Ако во спортов има ниски добивки со учество во лиги или првенства, логично е платите да се на она ниво кое ќе бидат покриени од добивката+спонзорите. Барам логика некој да вложува во месечни плати од преку 40000, а на крај на сезона да добие 20 000е. Кој би ги фрлал парите така, освен ако не му растат на дрво.

А иначе ниво на плати во ракомет е на најниско ниво во однос на фудбал и кошарка.
 
Да видиш во кошарка колкави плати се даваат а нема шанса да бидат покриени со влезници,спонзорства и реклами.90% од клубовите се државни/регионални проекти,клубови на богаташи,делови од спортски друштва ( реал,барселона,баерн ) или Турција каде ако дадеш пари за спорт ти се одбиваат од колку треба да дадеш за данок.

Искрено во ракомет ако имаш поголема сала ( 10+ К ) и редовна публика би можел со добра организација да работиш со позитивна нула и да бидеш релативно успешен тим.За кошаркарски тим врв би ти било 6-7 место во АБА лига ако не најдеш некој да искешира + 2-3 милиона чисти пари за играчи.

Чисто за пример ако освоиш Евролига и притоа го победиш секој натпревар ќе добиеш 450К евра,а нема шанса да го направиш истото без буџет од барем 40-50 милиони евра.
 
Да видиш во кошарка колкави плати се даваат а нема шанса да бидат покриени со влезници,спонзорства и реклами.90% од клубовите се државни/регионални проекти,клубови на богаташи,делови од спортски друштва ( реал,барселона,баерн ) или Турција каде ако дадеш пари за спорт ти се одбиваат од колку треба да дадеш за данок.

Искрено во ракомет ако имаш поголема сала ( 10+ К ) и редовна публика би можел со добра организација да работиш со позитивна нула и да бидеш релативно успешен тим.За кошаркарски тим врв би ти било 6-7 место во АБА лига ако не најдеш некој да искешира + 2-3 милиона чисти пари за играчи.
Да имаш некоја јака домашна лига и голема сала со 10К излегува дека од еден натпревар се собираат парички по 100че да е карта. Али во слаби лиги како нашава не би требало да има и тимови во никој спорт, нели.
 
Ауу останав запрепастена :вонзем:

Овие барем имаат шанси да ја освојат ЛШ, а фудбалериве наши во ФК Вардар што земаат приближно исти плати, а играат речиси маалски фудбал...:D
 
Немој да не навредуваш нас маалските играчи!
 
Овие барем имаат шанси да ја освојат ЛШ, а фудбалериве наши во ФК Вардар што земаат приближно исти плати, а играат речиси маалски фудбал...:D
Најголемата плата во ФК е едно 10 илјади евра помалце во споредба со платата на Јованка, а она не е најплатена, па сеа ти според ова спореди ги и другите „приближно исти плати“. И башка дел од ракометаркиве и коли имаат на име на клубот :)
Сергеј место да ги инвестира тие пари во ФК, он ги фрла на аматерски спорт т.н женски ракомет. Али ај ќе се смени од летоска па натаму тоа :D
 
Ам толку нели заслужиле ФК? Секој по заслуга и тие им се многу :)
 
И кога ќе бидиш се влечат по терен и не им се игра ти иде да влезеш да оскубеш све живо а зимаат толкави плати,а врвни хирурзи имаат два-три пати помали плати,да не збориме за други професии.Општо за сите спортови ми е зборот не за Вардар.
 
Најголемата плата во ФК е едно 10 илјади евра помалце во споредба со платата на Јованка, а она не е најплатена, па сеа ти според ова спореди ги и другите „приближно исти плати“. И башка дел од ракометаркиве и коли имаат на име на клубот :)
Сергеј место да ги инвестира тие пари во ФК, он ги фрла на аматерски спорт т.н женски ракомет. Али ај ќе се смени од летоска па натаму тоа :D

Не ми се верува толку многу да зимаат жените...:) Не е ни битно брат, мене лично 100 пати поинтересно ми е ФК Вардар во нашава лига, него ЖРК Вардар во ЛШ :icon_mrgr:
 
Ам толку нели заслужиле ФК? Секој по заслуга и тие им се многу :)
Тоа е веќе друг муабет кој колку заслужил. Му потенцирав на Незапирливи дека платите на играчите на ФК и девојките од ЖРК се далеку од приближно исти :)

Не ми се верува толку многу да зимаат жените...:) Не е ни битно брат, мене лично 100 пати поинтересно ми е ФК Вардар во нашава лига, него ЖРК Вардар во ЛШ :icon_mrgr:
Невидена пара се фрла на нив, верувај чедо :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom