Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво екипа.
Да ви се пофалам паднаа првите 5км за оваа сезона. Со малку потешкотии, ама одам на постепено кревање на форма. Јбг морам ме убива кичма од седење на стол на работа. После ова ем ми е подобро ем поубаво се чувствувам. А намалив и со цигарите. :icon_mrgr:
 
Исто и ја ко Хенк, почнувам ја сезоната со трчање со мотив да сум спремен за скопскио полумаратон годинава. Се надевам ќе има пак некоја кајгана екипа, па да се придружам. Јас по 6 почнав и по еден километар ќе накачувам пополека.
 
Ајде и ја да си кажам. Трчам веќе една недела, од 18 фев. Трчам според една програма за трчање што трае 12 недели, тамн до маратонот. Цел ми е да истрчам полумаратон. До сега немам трчано на никаков настан. Се мотивирав од минатогодишниот маратон :-)
Се надевам дека ќе истерам до крај и ќе успеам да го истрчам полумаратонот.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Годинава изгледа најбројна Кајгана екипа ќе има за полумаратонов, јас од 20ти почнав по 5-6км просек и веќе имам 10 пати трчано па така ќе одам се до 10ти месецов.. после накачувам на 7-9км и последниот месец Април ќе дигнам на 10+ км и мислам тоа ќе биде доволно да го истрчам полумаратонот.

Само уште времето да ни се погоди, ако биде пекол жешко ќе биде зафркнато :D
 
Лани како се погоди, одлично беше.
Ако биде топло, ќе ми требаат 3 часа :D

Лани убаво беше ама годинава ако се погоди жешко ќе го трчам и јас за 3 саати иако уште од сега почнав со спремање :D
 
Вака дечки, ептен се изнервирав. Пред некој ден ја почнав третата недела од ОВАА програма за 21км. До сега се беше океј, и ги истерував трчањата до крај. Значи, јас сум малце подобар од „почетник“. До денес беше се океј. Денеска после 100 истрчани метри нозеве почнаа да ме корнат од болка. Значи, можам да осетам дека кондиција колку-толку сум покачил дека не се уморувам толку брзо како порано, али сега па нозеве ме кинат. Едвај истрчав со мали паузи денес. А се нервирам дека има малце повише од 2 месеца до маратонов.. Не знам што да правам, совет?
 
Има конкретен датум за маратонот кога ќе се одржува?
 
Чим трчаш редовно обавезно купи си магнезиум директ од аптека ќе ти ги намали болките/грчевите во мускулите, околу 200 денари 20 кесички имаш внатре.
 
Да се пофалам и јас пред некој ден почнав да трчам, никогаш во живот немам трчано сепак активен сум секој ден 20 км на точак па и не ми е нешто напорно како за почеток.
5 км за 27 минути сега за сега, сигурен сум дека можам побрзо.:)
 
Вака дечки, ептен се изнервирав. Пред некој ден ја почнав третата недела од ОВАА програма за 21км. До сега се беше океј, и ги истерував трчањата до крај. Значи, јас сум малце подобар од „почетник“. До денес беше се океј. Денеска после 100 истрчани метри нозеве почнаа да ме корнат од болка. Значи, можам да осетам дека кондиција колку-толку сум покачил дека не се уморувам толку брзо како порано, али сега па нозеве ме кинат. Едвај истрчав со мали паузи денес. А се нервирам дека има малце повише од 2 месеца до маратонов.. Не знам што да правам, совет?
http://completerunning.com/archives/2006/09/12/100-beginner-running-tips/

15, 17, 20, 22
 
Точно, фала ти :)
Имав ден пауза и следниот имав пешачење 30тина минути. Одлучив да направам 2 дена пауза и земав магнезиум како што препорача некој погоре. Денеска го завршив run-от скоро без ич одмор и дури малце го продолжив :)

Week 3, Day 5 - CHECK
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom