Значи вака, пред 3/4 години (таа 14, јас 15) се сакавме, излагавме низ град, ова она, сите знаеа за нас.. Се смувавме 2/3 пати и тоа беше се.. Се сакавме година ипол, се додека не ни се појавија некои пречки, некои љубоморни што сакаа да не разделат и незнам што.. И полека полека се оддалечивме...
Потоа јас сигурно уште 1 година не можев да заборавам на неа ии се случи даа засакам друга.. Со неа не ми успеа ништо... Потоа се заљубив во друга, со неа малце беше поинтересно, али сепак немаше ништо помеѓу нас.. И во тој период (после година ипол од кога се разделивме) се појави таа која порано се сакавме.. Незнам како и што, но секогаш кога ќе ја видев ми се топеше срцето и почнав да се заљубувам во неа.. И пишав на Фејсбук, све ОК онака пријателски, ја прашав до кај е со љубовниот живот, ми вика нема ништо сеуште.. После се допишувавме на фејсбук и морав да и признаам дека заљубен сум во неа... Се договоривме, све и конечно се видовме... Седнавме, и почнавме со секојдневни муабети ова она.. И си викам ајде мечка страв мене не.. И и викам, знаеш што, мора да ти признаам нешто, заљубен сум во тебе, ова она, цело време немам заборавено на тебе.. И ми вика, абе знаеш како, кај беше цело ова време, зошто не ми кажа порано, зарем чекаше година ипол за да ми го кажиш ова.. Знаеш ништо не може со сила, јас неможам со сила да те засакам, чувствата кон тебе одамна ми згаснале.. Ја убедував, ама не бидуваше, и си раз заминавме..
Потоа си пишувавме на фејсбук нормално, али мислам дека имаше некаква омраза кон мене.. И за чудо после некое време свати дека стварно ја сакам, дека све би направил за неа, и почна да ме убедува дека треба друга да си засакам, да не ја чекам неа, дека не вреди, незнам што.. Ама јас неможам.. И ми вика ај ќе се потрудиме да ме заборавиш.. И после тоа си пишувавме нормално, си зборевме на телефон, све нормално... и сега од нејзина другарка дознав дека таа си има дечко ова она излага со него.. Се распрашав наоколу, ја гледав дека секаде иде со другарки, нема никаква трага од дечкото нејзин, а и другите другарки нејзини ги прашав, викаат дека нема такво нешто и дека првпат слушаат за тоа... Јас 100% мислам дека се труди да ја заборавам нешто..
Деновиве пишуваме све нормално, јас и пишувам, ама таа некако само со сила враќа (да, не, аха, многу, незна, хахахаха...) и некако не и се прави муабет..
Сега ми текна да кажам и дека цел период од кога и кажав дека ја сакам, секогаш ме следеше од прозорци, по ходници ѕиркаше во мене, прашувала некои работи за мене по другари мои, и слични ствари..
Е сега барам помош.. Што да правам, што да чинам ? Да ја заборавам неможам.. Да ја фатам неможам, сум пробувал со други девојчиња да излагам, да пишувам, све све али не бидува... Јас не сум толку лош, па да не можам да фатам некое друго девојче, има многу што ми се пуштаат, што сакаат врска со мене, али јас не сакам, сум се запнал по неа и точка..
Нокој било какво мислење да ми даде многу ќе ми помогне