На крај, клучно за опстанокот на Украина сепак ќе биде како самите украници се осеќаат кон својата земја и сонародници. Јас не сум детално запознат со тоа, но ако украинецот од Лвов не го доживува како свој близок сограѓанин украинецот од Харков, џабе е се тогаш.
Украина нема никогаш да влезе во ЕУ, на украниците тоа треба да им е јасно гледајќи го примерот на Турција. 50 милионска нестабилна православна држава во ЕУ нема да прифати никој. Но исто така Украина нема никогаш да биде и целосно под руска контрола, од едноставна причина што голем дел од самите украинци не го сакаат тоа. Во Украина мора да се појави некој паметен политичар кој ќе може да изигра убаво и да го обедини народот. Во мометов на Украина најмногу и одговара еквидистанца, да биде новата Југославија во новата студена војна, со таа разлика што сега гранците меѓу истокот и западот се поместени далеку на исток, Украина мора да го искористи тоа и да игра на карата дека за неа треба да се плати висока цена, а не за ништо да се даде на едната или другата страна.
Така повоена Југославија си ја дигна својата вредност и го продолжи своето постоење уште неколку децении. Оти непобитен факт е дека ако не беше 2 св. војна и сите настани што следеа, старата кралска Југославија ќе се распаднеше самата максимум за пет до десет години од 1939 година кога и фактички веќе таа држава беше растурена со давањето на Бановина Хрватска на статус држава во држава и со постојано нестабилната Македонија во која терористичкото ВМРО не им даваше мир.
Но за да се обедени еден таков поделен народ како украина клучно е да постои некоја заедничка опасност, нешто што би ги загрозувало и русофилите и еуроукраинците за да заеднички се сплотат. Прво нешто што би ми паднало на ум се муслиманите, но Украина нема непосредна муслиманска опасност така да потрагата по заеднички непријател ќе биде долга и тешка.