Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    747

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Одамна не сум слушнал вакви смели изјави од Американска страна. Цел ден Џон Кери, Мадлен Олбрајт, Збигњев Бжежински, Марко Рубио и истанатите претставници на Американскиот естаблишмент се закануваат на телевизиа дека руска воена интервенција во Украина скапо ќе ја чини Русија.

Тврдат дека власта во Украина е легитимна и дека Русија се однесува надвор од меѓународното право.

Велат дека цената што Русија ќе ја плати ќе биде висока:

- меѓународна изолација
- замрзнување на рускиот имот (претпоставувам по цел свет)
- забрана за петаување за руски официјални лица
- излегување на Американски и други инвеститори од Русија
- терање на Русија надвор од Г-8

Збруваат дека вредноста на рубљата паѓа заради кризата и ќе продолжи да паѓа ако ги превземат другите мерки.
Квичи запад, нормално не се навикнати некој да им контра до волку, а и башка се осеќа немоќ за директна интервенција што му дава бајаги психолошка предност на после Грузија 2008, Сирија 2013 еве не чекавме ни година до следното сценарио.

Дефинитивно се позиционира светот во пресрет на нова (се надевам само) студена војна. Русија позади себе има повеќе од пола свет Индија, Кина, Бразил, Венецуела, Иран, Белорусија.....Времето на ароганцијата на западот помина, овие крици се крици на агонијата на ѕверот. Мечката заигра во дворот...[DOUBLEPOST=1393779652][/DOUBLEPOST]
Украински офицери одбиваат да го предадат оржјето на руски војници

Превод:

UA: and you are not on my territory?
RU: we are following the order.
UA: no, this is my car. this is a state owed APC. you want peace? so do it peacefully.
RU: how can we do it peacefully with you?
UA: how can we do it peacefully with you? what are you doing here on my territory?
RU: take the car away
UA: so you can take all my weapons away?
RU: (via transmitter to someone) take the boxes away and take the Kamaz

-----------------------------------------------------------

RT хакирана

Патетика....
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Освен Кина што рече Батеман, мене интересно ми е и понашањево на Бразил Индија Куба хммм...на нешто мириша :)
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Знаете што приметив во целава ситуација. Однесувањето на Кина. И не само во овој случај, во сите овие меѓународни кризи во светот (Блиски исток, Африка, Украина), Кина си седи мирно на страна и буквално си гледа сеир, додека нејзината економија расте. Тие се во некакво политичко-економско партнерство со Русија, но на меѓународната сцена ја пуштаат Русија да ги бие сите дилпоматски и воени битки со западот, во исто време диркетно не се конфронтираат со никого.

Причината е едноставна, на Кина и одговораат сите овие кризи кои се што подалеки од нејзината територија и потенцијалните жаришта таму (Тајван, Кореа, Тибет), пуштајќи ја Русија и Путин да се борат со западот Кина е во дупла добивка- ем западот се занимава со Русија и други прашања без многу да ја замараат Кина а во исто време, ако Русите во една од сите овие битки си ги скршат забите од САД и сојузниците, тогаш Кина ќе го земе приматот и ќе ја стави Русија во подредена положба, нешто што сега сеуште не може да го направи дури Русите имаат кредибилтет на меѓународната сцена.
Кина сеуште се води по логиката на Сун Цу која и после 2500 години е, што би рекле србите-непревазиѓена.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Што за возврат добил Македонскиот народ во Егејска Македонија, кој се бореше против фашистите од САД ? Уште не ми го одговори ова прашање.
Нема многу да ти објаснувам, оф-топик е, но само ќе ти повлечам една паралела.
Ако се собериме 1000 македонци, пуштиме бради и отидеме да се бориме на страната на Талибанците, што ќе добиеме од САД?
Hellfire ракети.

Патетика....
Многу елоквентна и објаснива реплика.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.357
Поени од реакции
26.370
може да ја образложиш причината за таквото мислење ?
Треба само да се направи пресек 2013/2014. Во 2013 Русија имаше целосна контрола врз Украина, Украинците генерално беа подготвени за соработка со Русија, тензиите беа ниски.

Денес, Русија го „добива“ делот на Украина што отсекогаш бил нивни и никој не им го спори. Дури и да сака не може. Украинците веќе прашање дали и за 50 години ќе бидат подготвени за соработка со Русија.

Да не правиме муабет колку тоа ќе се одрази врз украинските фирми, кои досега имаа фрапантен раст во последниве неколку години, па лани имаше 50 украински во топ 500 во централна Европа. Најголем дел од нив со сопственичка структура блиска до Москва. Веќе и таа можност за влијание врз економијата на централна Европа на Русија и отиде по ѓаволите. Полска, како играч на САД ќе доминира и најмалку во наредниве 20тина години тука.

Со реакцијата во Украина, Русија само си ги упропасти шансите за контра-револуција. Русија требаше да реагира во друг регион, а во Украина да проба на маса да се избори радикалната десница да остане надвор од владата и да ја поддржи Тимошенко. Вака, не гледам на што се радуваат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Многу елоквентна и објаснива реплика.
Токму така, не ти држи иронијата. Крим падна, повеќето војници ја сменија страната.... овие имаат значење за про-западна Украина колку и последните Мохиканци за Индијанското население.
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Не знам кој колку го зеде у предвид и пресот на Газпром дека нема више да има попуст за гасот и нафтата за Украина.

Попустот беше ради тоа шо им дозволија бродојте у Севастопол да ги чуваа. Сеа мислим дека се прае војна база у Адлер (Кј Сочи) и туека демек ќе ја носеле флотата.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Треба само да се направи пресек 2013/2014. Во 2013 Русија имаше целосна контрола врз Украина, Украинците генерално беа подготвени за соработка со Русија, тензиите беа ниски.

Денес, Русија го „добива“ делот на Украина што отсекогаш бил нивни и никој не им го спори. Дури и да сака не може. Украинците веќе прашање дали и за 50 години ќе бидат подготвени за соработка со Русија.

Да не правиме муабет колку тоа ќе се одрази врз украинските фирми, кои досега имаа фрапантен раст во последниве неколку години, па лани имаше 50 украински во топ 500 во централна Европа. Најголем дел од нив со сопственичка структура блиска до Москва. Веќе и таа можност за влијание врз економијата на централна Европа на Русија и отиде по ѓаволите. Полска, како играч на САД ќе доминира и најмалку во наредниве 20тина години тука.

Со реакцијата во Украина, Русија само си ги упропасти шансите за контра-револуција. Русија требаше да реагира во друг регион, а во Украина да проба на маса да се избори радикалната десница да остане надвор од владата и да ја поддржи Тимошенко. Вака, не гледам на што се радуваат.
Ок, ова е веќе нешто што може да отвори сериозна дискусија.

Ти поаѓаш од фактот дека најмалку 70% од народот е наклонет кон моменталните власти во Киев. Јас мислам дека наклонетоста кон властите во Киев е не повеќе од 30%. Но тоа е веќе нешто што не се докажува и кое можеме да го спориме.

Да се држиме до моменталните факти. Проруска Украина доби силна порака дека Русија нема да ќути. Руската подршка резултираше со масовни проруски протести, а од другата страна западот остана само на тапкање по рамо....Тука морам да подсетам дека омразата на Србите кон „Немците“ потекнува од периодот на првото Српско востание, кога Австриската војска на која рачунале востаниците, се повлекла одкако склучила примирје со Турците.

Сигурно праќањето на војници на Крим не било поради тоа што Путин станал на лева нога и му текнало од нигде никаде да пушти војска. Тука се направени тешки анализи за Win-Loose резултатот за еден ваков чекор. Постои дебела причина за ова, и се надевам дека набргу ќе ја видиме.
 
Ќе се согласев за процентите, ако денес бевме декември 2013 и не се случеше ова што се случи во источна Украина. Сега во источна Украина процентот е таков, во остатокот обратен. И Русија ја губи секоја можност за влијание во градовите доминантно населени со Украинци.

Секако дека е правена анализа и правени се пресметки. Само јас лично имам чувство дека на Путин му е јасно дека војната е изгубена уште и пред тој да дојде на власт и сега пресметките му се само опортунистичко-популистички. Русија и како регионална сила е исклучително богата и исплатлива за тој што ја владее, Путин сака тоа да биде тој, западот нема проблем да му ја зголемува популистичката цена на „победите“. Нормално дека ова е само мој став и не мора да е точен. Времето ќе покаже.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Треба само да се направи пресек 2013/2014. Во 2013 Русија имаше целосна контрола врз Украина, Украинците генерално беа подготвени за соработка со Русија, тензиите беа ниски.

Денес, Русија го „добива“ делот на Украина што отсекогаш бил нивни и никој не им го спори. Дури и да сака не може. Украинците веќе прашање дали и за 50 години ќе бидат подготвени за соработка со Русија.

Да не правиме муабет колку тоа ќе се одрази врз украинските фирми, кои досега имаа фрапантен раст во последниве неколку години, па лани имаше 50 украински во топ 500 во централна Европа. Најголем дел од нив со сопственичка структура блиска до Москва. Веќе и таа можност за влијание врз економијата на централна Европа на Русија и отиде по ѓаволите. Полска, како играч на САД ќе доминира и најмалку во наредниве 20тина години тука.

Со реакцијата во Украина, Русија само си ги упропасти шансите за контра-револуција. Русија требаше да реагира во друг регион, а во Украина да проба на маса да се избори радикалната десница да остане надвор од владата и да ја поддржи Тимошенко. Вака, не гледам на што се радуваат.
Одлична анализа. Путин требаше попаметно да игра пред сите овие настани, а не после свадба тапани.
Секој идиот може да пушти војска, но за да ја добиеш играта во позадина треба умешност.
Путин со воените акции во Грузија и сега во Украина, единствено што постигна е ги турна украинците и грузијците уште повеќе во скутот на Западот за подолго време.
Требаше економски и политички да ја притисне Украина, да чека народот да се разочара кога Турчинов и сл. нема да донесат мед и млеко во земјата и да турка свој кандидат,
овој пат подобро избран, не корумпиран како претходниот.

Со 20% Руси во Украина ова сценарио не беше mission impossible. Требаше само да убедат 30% Украинци дека подобро им е со Русија.

Токму така, не ти држи иронијата. Крим падна, повеќето војници ја сменија страната.... овие имаат значење за про-западна Украина колку и последните Мохиканци за Индијанското население.
Повеќето не значи сите. Има и некои похрабри.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.634
Поени од реакции
35.491
Украинците веќе прашање дали и за 50 години ќе бидат подготвени за соработка со Русија.
@Inglourious Basterd на жалост не се така едноставни работите. Фактите се дека индустријата и економијата на Украина се зависни од Русија. Најголемиот дел од индустријата е баш во најисточните (руски или проруски) региони. Многу од бизнисите се во сопственост на руски бизнисмени. Најголемите и најважни рудници се таму.
Не одат работите толку едноставно, ајт сега сме скарани и нема да разговараме повеќе со вас.

Поголемиот дел од дискусијава тука на Кајгана се сведува на следење на работите и мерење на онаквите од двата табори (што е смешно пошто ние ниту сме во ниеден од тие два табори, ниту би имале било каква корист да заземаме страна).

Ајде малку поозбилна анализа на кризата во Украина.
Во ситуацијава западот делува опортунистички, целта беше да го спречат влегувањето на Украина во источната унија на Русија. Таа цел западот дефакто ја постигна, ако ништо друго барем на одредно време.
Од тој аспект гледано, западот веќе победи во овој конфликт.

Западот победи најмногу заради неспособноста на Јанукович да се справи со надворешниот упад и со терористите што делуваа меѓу демонстрантите. Дури и евтино ја постигнаа целта, со фрлена коска од МекКејн се заврши работата.
Но Украина е толку заглавена финансиски што западот не е подготвен за помагање. Се разбира освен на зборови. Како со Грузија и безброј други примери. Пошто зборовите се евтини, посебно во геополитиката.

Русите сега вадат што можат од состојбата. Не беа спремни за ситуацијата со превратот иако оваква работа беше за очекување со оглед на сите работи што се случуваат во последно време во светот. Но денешна Русија повеќе делува реактивно одколку проактивно.

Планот сега на Русите им се сведува на анексија на Крим и евентуално федерализација на Украина. Нешто што можеа да го направат било кога од распадот на СССР па до сега. Но нешто што не го правеа затоа што ја сакаа цела Украина во идниот источен сојуз. Сега тоа е невозможно, барем на некое време.
Краткорочно гледано, се што можат да добијат сега е соработка на мал дел од Украина... наместо целата Украина. Сосема веројатно е дека ќе го добија тоа, но пак излегуваат со покусите ракави.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.357
Поени од реакции
26.370
@Inglourious Basterd на жалост не се така едноставни работите. Фактите се дека индустријата и економијата на Украина се зависни од Русија. Најголемиот дел од индустријата е баш во најисточните (руски или проруски) региони. Многу од бизнисите се во сопственост на руски бизнисмени. Најголемите и најважни рудници се таму.
Не одат работите толку едноставно, ајт сега сме скарани и нема да разговараме повеќе со вас.
Истото го пишувам. Украина имаше потенцијал да стане централноевропски економски џин. И тоа џин тотално контролиран од Москва, кој ја анулира Полска. Тоа веќе не е можно. И тука најмногу губи Русија. Притоа украинскиот народ го ставам на страна, бидејќи тие се марионети, а не играчи во играта.

Токму за бавната реакција на Русија ми беше поентата. :)
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
НАЈНОВА ВЕСТ ПРЕД 5 МИНУТЕ: Околу 200 украински офицери се придружија на руската армија!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.634
Поени од реакции
35.491
@Inglourious Basterd Русија одамна не е тоа што некогаш беше Советскиот Сојуз.
Во тоа време да се случеше ситуацијава, типовите како Олег Тјагнибок ќе ги изедеше мрак во рок од неколку дена, фаците што меѓу демонстрантите пукаа во безбедносните сили ќе јадеа снајпер на првото вадење оружје. И тоа е пак реактивно делување, планерите на тогашниот СССР ќе имаа детално разработен план со многу можни подопции како Украина да остане стабилна и на пат кон Источниот Сојуз.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Руската политика ме потсеќа целосно ма српската.

Ако погледнете добро, целото соседство на Русија била колонизирана од русите последните 100 години.
Сакаш Украина, Грузија, Касахстан... Секоја околна држава.
И сега одат чекор понапред, бараат тие делови да ги отцепат, иако и самите вие кажувате дека русите живеат подобро него украинците во нивна држава.

Ова што се применува од руска страна е невиден преседан, вршат окупација на држава без никаква причина освен желба за шиерење територија.

Ќе и најдат лек на Русија уште еднаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom