Зошто македонската музичка сцена е тапа?

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Генерално ако зборуваме за тоа дали е тапа или не јас би рекол дека се движи во лош правец, поточно пејачите/пејачките немаат креативност во себе со исклучок на некои кои навистина прават една песна но сепак прават песниште! Повеќето или во проценти земено околу 70% прават песни колку едноставно да се одржуваат на сцена да се каже да ние имаме нова песна или јас имам нова песна што тоа е многу лошо подобро една песна во 3 години но тоа да биде навистина песна ипол а не ќе направат песна а тоа уствари да ти е голем шит кој после 20 секунди ти правиш X на табот доколку се слуша на јутјуб. Се што недостига кај нас е креативноста и волја за нешто сосема ново да се понуди на слушателите. Лошо е што кај нас многу или подобро кажано 70% од музичките имиња се префорсирани цената нивна која се наплатува да одиш и да ги слушаш во некој клуб е навистина голема во однос на квалитетот на пејачот. Кај нас на прсти се бројат музички имиња кои навистина имаат квалитет но крајно мизерно и жално што ова се случува на македонската сцена барем порано имаше одлични музички имиња и музика која се слушаше а сега во многу, многу лош правец се движи.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
затоа шо секоја песна е.... уууууу јееееееее иии јеееееее(сцена како ја кисни дождот)ооооууууу јееееее ооооооо иииии јеееееее (па потоа сцена како е изневерен/а од партнерот) и на крај оооууууу ммммммм....
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
затоа шо секоја песна е.... уууууу јееееееее иии јеееееее(сцена како ја кисни дождот)ооооууууу јееееее ооооооо иииии јеееееее (па потоа сцена како е изневерен/а од партнерот) и на крај оооууууу ммммммм....
Не би рекол баш така.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Не би рекол баш така.
рекол нерекол то е бате реалноста...излегват ко отровни печурки ќе платат 2000 евра за песница кај јован јованов и оп одма форсирање по радиа..
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
рекол нерекол то е бате реалноста...излегват ко отровни печурки ќе платат 2000 евра за песница кај јован јованов и оп одма форсирање по радиа..
Јас кога разговарав со Јован Јованов вака одат работите:

Текст тие од 250 евра на нагоре, музика од 600 евра па нагоре... така да со 1,000 евра ќе завршиш работа.

Иако ги има таквите кои со пари си прават некои работи има сеуште на мкд музичка сцена кои со труд, волја, напор прават одлични песништа! така да не мора да значи дека сите се такви...
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Јас кога разговарав со Јован Јованов вака одат работите:

Текст тие од 250 евра на нагоре, музика од 600 евра па нагоре... така да со 1,000 евра ќе завршиш работа.

Иако ги има таквите кои со пари си прават некои работи има сеуште на мкд музичка сцена кои со труд, волја, напор прават одлични песништа! така да не мора да значи дека сите се такви...
Беа едно време тие твој такозвани “песништа“ Бела На
Ристо Самарџиев,бестрага на Брејк,косоока на Дарио..и така натаму....ама сега овие поновите пеачи се отров
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Беа едно време тие твој такозвани “песништа“ Бела На
Ристо Самарџиев,бестрага на Брејк,косоока на Дарио..и така натаму....ама сега овие поновите пеачи се отров
Се сложувам со тоа дека новите пејачи се шит најголем. Што да правиш имаат тате маме пари и ќе бидат пејачи во мкд и ти можеш да бидеш пејач и јас и кој било друг само 1,000 до 1,500 евра и во јован јованов продукција. :вонзем:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Најголемиот проблем е што во Македонија нема никаков музички пазар и регулација на истиот. Што може да се очекува од земја каде што најголем извор на финансии за пејачите се парите од предизборни кампањи. Зошто воопшто да се трудат тогаш? Немаме ни механизам за продажба на синглови и албуми, немаме ни официјални музички листи...

Нешто пробува демек Владава да ги спонзорира фестиваливе, да дава субвенции, и да поттикне поголем интерес, ама според мене тоа само уште повеќе ја дотолчува пропаднатата македонска музичка индустрија.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И со законов да се дава македонска музика по телевизија, пак ќе е тапа. Се исти спотови се вртат. Толку ни е скудна сценава?

Андерграундот тро од тро се крепи, ама пак не е тоа тоа. Недопирлив е, непознат е, ретко се спомнува и се пишува за истиот. Да треба да е андерграунд, ама не дотолку........Плус издавањето кај тие изведувачи оди многу многу потешко. Ја немаат она моќ каде парите ја вртат музиката и без пари нема музика. Се надевам дека некогаш ќе дојди подобро време....се надевам.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Најголемиот проблем е што во Македонија нема никаков музички пазар и регулација на истиот. Што може да се очекува од земја каде што најголем извор на финансии за пејачите се парите од предизборни кампањи. Зошто воопшто да се трудат тогаш? Немаме ни механизам за продажба на синглови и албуми, немаме ни официјални музички листи...

Нешто пробува демек Владава да ги спонзорира фестиваливе, да дава субвенции, и да поттикне поголем интерес, ама според мене тоа само уште повеќе ја дотолчува пропаднатата македонска музичка индустрија.
Навистина мислиш дека најголем извор е од предизборните кампањи? да не ја тераме политиката тука, но ќе ти кажам дека најголемиот дел посебно за пејачки од мкд доаѓаат од лице кои се моќни кои имаат пари а како тоа се случува? Затоа што пејачките се продаваат на елитни луѓе, спијат со нив и при тоа од тие пари си плаќаат. Друга варијанта се настапите но како и да е од настапите и не зимаат кознае колку многу но сепак најголемиот дел е тој. Повеќето пејачи си имаат свои студија каде што си прават песни и сл. и на тој начин опстојуваат.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.505
Поени од реакции
87.449
Оваа е дефиниција за "платениците" на Мак. Музичка сцена. Го знам девојчево дека одпрво живееше во Чаир, и пред војната во 2001 таа се одсели, ни помалце, ни повеќе, туку на Водно
. Знам татко и беше многу богат човек, па можеше се да и дозволи на фамилијата. Верувајте едно 10-тина години немав ништо слушнато за нејзе, се додека не излезе "хитов". Абе во моментот одма ми текна како се провлекла на нашава ни сиромашна музичка сцена. Со оваа песна се прослави, ја даваа на покојна МакСпот, СкајНет, и ТВАмазон/Крт после полноќ кога идат +18 пораки на телевизијата :icon_mrgr:. Ја имаше неколку пати по весници и списанијата (од типот на Свет), и пропадна вземја. Толку, си ги дочека своите 5 минути и сега се чмае по скопските дискотеки со другарките:LOL:

Ако се има пари, пејач/ка се станува за 2 недели без разлика дали ќе звучуш грубо или не.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И тие шо ги имаше глупи пејачи сега ги нема ццц...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да бидам искрен, но нашиве пејачи малку се поправија на подобро. Дали дека е лето или незнам што, но еве почнаа да снимаат песни. Исто така емисијата Подводно на Алфа Телевизија ја размрда естрадата, гостуваат, промовираат песни, зборат за себе.........., се надевам дека ќе се подобри состојбата на нашата естрада:)
 
Член од
17 август 2015
Мислења
16
Поени од реакции
8
Да ме прашате мене веќе не знам ни да набројам 5-6 изведувачи од нашата естрада од што не ги ни следам воопшто веќе. На ТВ или по YT што можат да се расчујат некои песни толку ми се исти, или се поп или се фолк, или евентуално рап нешто поретко. Мислам дека тоа што ни фали е разновидност на жанрови. Тоа што го слушаме на телевизија ми изгледа како најлошиот избор од сите музички таленти од земјава, и секогаш ме зачудува колку е добар некој бенд или изведувач што нема да го видиме на ТВ ни во наредни 10 години -.-' ... А и ова Ѕвездите на Гранд и Х фактор не не спасува воопшто :vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom