Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки едно прашање. Денес купив нов точак 500е. И гледам малку на возење дека предното тркало малку делува ко да не е право. Му се јавив на газдата кај шо го зедов и ми рече дека гумата не е легната и дека можно е малку да фаќа дискот. И сето тоа ќе се средело на првиот сервис кој ќе го однесам. Дали е ова нормално?
носи го точакот од кај што си го земал и нека ти го поправат, тоа гумата не легнала или дискот фаќа се глупости и нема што да чекаш до прв сервис, веднаш нека го поправат!
 
За 500 евра се купува авион точак од надвор.Али неинформираност тоа ти е :(
Фала друггар што не информираше да не идеме вака неинформирани. Со тој твој мозок нема далеку да стигнеш!
 
Фала друггар што не информираше да не идеме вака неинформирани. Со тој твој мозок нема далеку да стигнеш!
Незнам зашто толку му се нафрли на човеков:)Апсолутно е во право.Зарем немал да земе боље за тие пари.

Туку до базел.Не очекувај дека си земал нов точак и секогаш ќе добиеш сервис навреме.Ќе си имаш доста маки,особено во тек на сезона.Нормално ако се расипе.Некогаш ќе чекаш и по 4-5 дена за сервис.Со странските тоа е предност.Доколку ти се расипе можеш да си бираш сервис каде да го носиш,а не да чекаш по 4 дена да ти го средат.Божем кола е упм.

Сега во Бајк маркет колку толку мислам дека е потсредена работата.Имаат неколку добри сервисери.Инаку порано беа катастрофа.:confused:

.Туку сега видов.13кг и 800 грама.Другар абе ти си земал олово,:facepalm::tapp:
Како и да е со здравје да се вози.И совет.Носи го побрзо да го средат тоа со гумата.После ќе имаш гужви во сервис и ќе чекаш многу за оправка.
 
Последно уредено:
Сега во Бајк маркет колку толку мислам дека е потсредена работата.Имаат неколку добри сервисери.Инаку порано беа катастрофа.:confused:

Туку сега видов.13кг и 800 грама.Другар абе ти си земал олово,:facepalm::tapp:
Како и да е со здравје да се вози.И совет.Носи го побрзо да го средат тоа со гумата.После ќе имаш гужви во сервис и ќе чекаш многу за оправка.
Јас па мислам дека е обратно, кога работеше Гари во Бајкмаркет сервисот им беше топ. Не викам дека сега се катастрофа, но без и со споменатиот човек има разлика, голема. Според мене изгубија голем мајстор. :)

Тоа за тежината на точакот, ако немаш кондиција, земи го и најлесниот точак и пак ќе бидеш тапа. Знам луѓе што возат со стари челични рамови и делови, не може човек да ги стигне на угорница. Исто така тежината на МТБ точакот зависи и од геометријата т.е. за што е наменет и нормално, од деловите. Еден DH точак со топ опрема тежи 20 кг. :)
 
Незнам зашто толку му се нафрли на човеков:)Апсолутно е во право.Зарем немал да земе боље за тие пари.
Не секој сака половен точак од странство и зафрканции си има кеш иде у продавница си купува точак со документи и не му ја мисли. Исто ко сега некој да купи нова кола и да му тупиш дека во странство се поевтини нема логика муабетот. И ја не би купил точак на ново од нашиве продавници ама не е исто не се движат сите луѓе во тие кругови да дојдат лесно до добар точак. А да претерав и ја со ракцијата ама лошо сум го сфатил постот :sneaky:
 
немајте гајле си го зедов со 20% попуст 500е му е оригинална цена
 
немајте гајле си го зедов со 20% попуст 500е му е оригинална цена
Добро, за парите (400 ЕУР) е супер, кај и да си барал на друго место нема да најдеш за тие пари од оваа класа. Зборам за нов и од супербренд. :)
 
Добро, за парите (400 ЕУР) е супер, кај и да си барал на друго место нема да најдеш за тие пари од оваа класа. Зборам за нов и од супербренд. :)

Овие промaкс и хајес кочници нејќам да ги видам.Во прва прилика нека ги менува кочниците.Инаку се сложувам цената не е лоша.Туку мрда ли уште тркалото:)
 
Тркалото мрда напред и назад :)
Инаку тоа шо викам криво е кој ќе се концентрираш убаво малу на самиот крај шарата на гумата иде лево десно 1мм. Инаку сум презадоволен, ко за мене noob mountain biker(5 пати ако отидам офроуд :D ), супер е. Ко шо ми рече газдата ќе почекам и ќе го однесам да видам дал ќе се среди на прв сервис. Инаку го за инфо гледав половни точаци(specialized, scott i corratec), знам дека се бољи ово оно али од крај сум мрзел половно да купувам и кога се договорив за цената нов одма отидов да го зеам, без размислуање. Инаку за од странство цена, едно знам дека у Германија 2 години по ред идам и гледав точаци цена иста ко овде оЃин :)
 
Не ти е ништо тоа со тркалото.Сите обично се малку такви.При прво местење земи стегни ги двете страни и може и ќе се подисправи.Се разбира доколку е до гумата.Инаку за ова со половните голема грешка с.Види го на пример ова.

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=1102472

Зарем ова личи на половно.Несакам да правам реклама на столе,ама дефинитивно тука само зборот е половно.Велосипедот погоре е да не речам фабрика.Се гледа и од сликите.Дури можеби и нема мана,за разлика од твојот кој во моментов има проблем(без разлика што се средува)

Јасно ни е на сите нам зашто се толку евтини овие од странство.Сигурно не се купени од продавница за 1000 евра па да се носат тука за 500.Но незнам кој и бо засегало тоа.Да не беа таквите 99% во Македонија немаше да видат повеќе од Deore.

Мене ми е втор ваков велосипед.Првиот кој го земав беше послаб,па сега кога собрав пари докупив поубав.

Колку за информација првиот велосипед кој го земав го зедов за 270 евра.Состојбата му беше салонска буквално нечепнат.Речиси се беше 1 класа над твојот.

Како и да е здравје биднало.Си можел тие +- 150 евра да ги дадеш за добра опрема.и ем да имаш поубав велосипед ама ај да не те пишманам веќе!Како и да е и твоево точаче за мали пари може да се среди.Вози го некое време и дај ни искуство со новиов промакс како се покажал
 
Инаку тоа шо викам криво е кој ќе се концентрираш убаво малу на самиот крај шарата на гумата иде лево десно 1мм.
Е сега и ти. Ова твоево се вика цепидлачење. Мрдала гумата лево - десно 1 мм, хахах. :) Те разбирам, си купил нов точак, но јас те уверувам дека нема МТБ кој не му е минимално крива гумата. И нови гуми да ставиш, може истото да се случи. Ништо страшно, не се замарај со тоа и вози си. :)[DOUBLEPOST=1393487763][/DOUBLEPOST]
Овие промaкс и хајес кочници нејќам да ги видам.Во прва прилика нека ги менува кочниците.Инаку се сложувам цената не е лоша.Туку мрда ли уште тркалото:)
За тие е пари ќе мора да ги гледа. Не знам што очекуваш од делови за тие пари. Тоа е тоа. :)
 
Значи денес го возев едно кругче 40км, точакот е фантазија(за noob ко мене). Тоа шо мрдаше се намали уште помалку, скоро ич, така да може и да било до шара/кал и други работи, страшно презадоволен сум :)
 
Дечки колку кошта да се смени цел пренос? САМО ЅВЕЗДИЦИТЕ. без машинка и ланец и шифтер :D

Derailleur_Bicycle_Drivetrain.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom