Како шо очекував Металург доби пак џек пот..како и лани со Минск...
Имаат голема шанса да го добијат Колдинг,попосакуван противник од овај не можеа да добијат....
Бавен стил на игра,долги напади,добра одбрана,нешто измислено за Металург..
Среќа шо Андресон е повреден па ќе немаат некој висок бек шо ќе разбие..
Имаат неколку добри бекови како Андерсен,средниот бек Карлсон,старо куче Спелеберг,одлично десно крило во Гомас,одличен голман Хвит,добра одбрана со Болдсен и Јоргенсен,стари волци......
Многу слична екипа како Металург,нијанси ќе решаваат...
Паднаа во форма некако,по тие победи со Киелце но сепак не се посрамотија со никого,со Кил беа добро време егал во двата меча,ако не беше тој кикс во Порто ќе беа втори во групата...
Имаат добри периоди,но влегуваат доста често во криза кога не знаат кај тераат,ако Металург ги натера на грешки во Скопје и да накалапи добра позитива во Данска ќе има голема шанса за пласман понатаму...
Вардар го доби можеби најслабиот противник од понудата,но сепак ХСВ си е ХСВ...европски шампион,со Дувњак,Кањелас,Хенс,Лацковиќ и компанија во своите редови..
Влегоа во серија во последно време...
Има време ќе видиме,следува едномесечна пауза,ЕХФ репрезентативна недела,ќе има промени во формата..
Ќе има Вардар време да ја стабилизира екипата..
Во Скопје ХСВ не би требало да се наигра,за таму се е отворено...
Како и да е,Вардар треба да си поработи на одбраната,со одбрана како со ПСЖ нема шо да бараат....