Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Класичен ненаживеан Македонец. Со такви учев во основно, делумно некои и во средно. Кога можев да си дозволам со моите во странство секога година да летувам по морињата, тие немаа ни за во Претор да отидат. Сега потпораснаа малце и живнаа, ама пак со тој ум си се останати.
Додека ние ги трошиме парите да шетаме по светот, тие таквите сета заработка гледаш ја лупнале на смартфон од 500 евра и некоја крнтија од Бугарија довлечкале да возат. И целиот живот во тоа им се состои... да имаат поскап и поубав телефон и кола од останатите, за да се куропецајкаат.
Тие таквите нема никогаш ни да научат повеќе од тоа да уживаат.

И добро што е тука лошо? Ти уживаш во тоа да ги видиш пирамидите во Египет, Петко ужива во седење во кафана, Станко ужива во играње игрици на смартфон. Што ти смета тебе тоа што Петко бил во Египет и не ги видел пирамидите? Не си помислил дека нема желба за тоа? Зошто мислиш дека "тие таквите" (како што ти ги нарече) не уживаат? Стварно не ми е јасно ова душебрижничко, ниско размислување.
 
Море да немав поубаво ќе беше, барем здравјето ке си го зачував и бизнис ке си терав уште на 18 год. или на крај крајева ќе идев у немачка вециња да чистам и немаше да се срамам ;)[DOUBLEPOST=1393273994][/DOUBLEPOST]О патем кажано...
Ќе ме обвини ли некој дека сум шовинист...ако кажам дека полесно женските си поминуваат на гурбет одколку машките?
(ова инспириран од сликиве на фб од моите другарки гурбетџики)
Ако не е тајна може ли да кажеш за кој факултет се работи (не мора конкретно доволно е дали е технички, ошествен или природни науки) и која држава? Не ми е прашањево за да судам него ме интересира како врват различни факултети низ различни држави, чисто информативно.
Инаку од фејсбук слики не можеш ништо да заклучиш пошо онлајн се сите јаки, прејаки. Реално шознам. Познам една секогаш средена добро облечена со најнов мобилен али работата и е миење садови во кујна. Од друга страна имаш и дебели инжинери со излитаени џемпери па прават трипати повеќе кеш. Слики немаат врска.
 
Ако, под претпоставка, си заминат сите трудољубиви и амбициозни, замислете што би ќе биде со нас мрзливите тука. Ќе живееме додека има што да ставиме под хипотека и да земаме кредити, па кога ќе ја ставиме цела држава под хипотека и кога ќе нема повеќе кредити, ќе се исколиме меѓусебе.
Да цитирам едно мое мислење од друга тема.


Да ти бидам искрен,јас за Македонија не гледам никаков излез ниту иднина.
Стварно не гледам некој начин на кој што можеме да се пробиеме во светот.....никаков.Да ја тргнеме и комплицираната внатрешна и надворешна политичка состојба и да се правиме дека се е идилично на тоа поле ствано не гледам што може да не извади.


Единствено решение кое ми паѓа на памет е да земеме да го понудиме парчево земја на Кина,Русија и САД (кој ќе понуди повеќе) и да им го продадеме и нека направат од него полигон за нуклеарни тестови,ареа 51,воени бази,казина кај Охрид, воен полигон, кампови за обука.....Ма што сакаат нека прават.
Нека ни обезбедат сите да се префрлиме кај нив во 5-6 градови и 20 милијарди долари кои подеднакво ќе си ги поделиме сите 2 милиони луѓе заглавени тука и раат да си бидиме.

Можеме на Америте да им ги населиме Дакотите или Аљаска или Тексас и Калифорнија малце да им ги поднаполниме со белци.....а може и 3-4 резервати ко индијанците да ни дадат.На Русите можеме Сибир да им го пополниме и онака им депопулира ептен,на Кинезите да им го колонизираме Тибет итд....
 
И добро што е тука лошо? Ти уживаш во тоа да ги видиш пирамидите во Египет, Петко ужива во седење во кафана, Станко ужива во играње игрици на смартфон. Што ти смета тебе тоа што Петко бил во Египет и не ги видел пирамидите? Не си помислил дека нема желба за тоа? Зошто мислиш дека "тие таквите" (како што ти ги нарече) не уживаат? Стварно не ми е јасно ова душебрижничко, ниско размислување.
Многу поголем е филингот да се возиш во авион па на топло и спарно да гледаш пирамиди,во Венеција да се возиш на гондола или да отидеш во Франција да се шеташ низ Париз да ја видиш ајфеловата кула во живо.
На поминување можеш да одвоиш 4-5 дена да ги видиш браќата во Виена и Минхен.
 
Класика

Евен еден убав пример:
Чичко ми (сопственик на ресторан), организатор на прослава, крштевка (гастарбајтер) и гостин (сиромаво селанче) се возат во лифт.

Битно е да се знае дека организаторот не го познава чичко ми, затоа што никогаш не го видел, него организирал прослава со стрина ми, а чичко ми ретко се облекува или покажува дека е сопственик.

Гостинот го прашува организаторот:

- Многу јака прослава, убаво јадење, богата трпеза, сигурно еден куп пари ова. Колку плати ако не е тајна?

Организаторот:

- Ќути изгор ама еднаш се прави. Ме фати 50 еур. по човек.

Чичко ми ги слуша и знае дека нема поскапо мени од 15 еур, па и се што му душа посака да има тешко дека ќе преминат 30 еур, а во конкретниот случај се работело за 13-14 еур. по лице. За да не го усрами организаторот, си ќути и се смешка, и не кажува кој е.

Заради вакви примери, и многу луѓе кои што често трошат кредити кај нас (ако, нека ги трошат, не велам дека е лошо :) ) се ствара притисок кај секој што пошол да успее и да каже дека направил економско чудо, се преродил итн. затоа што само ти си единствен што не успеал, поготово ова важи за провинција.

Денес додуша интернетот ја пегла разликата во информации, но оние вистински неписмени сеуште мислат дека секаде врнат колбаси. Грубо кажано (добро образован човек / човек со ретки вештини + земја која што е отворена и убаво расте = добри шанси за успех и многу попријатен живот од оној што го има тука. Ако барем еден дел од равенката не е како што треба тука, тогаш не се мачете џабе.

Ќе се понудам да помогнам ако веќе некој вистински размислува и има многу причини (а реалноста е дека има многу такви) и ќе Ви ги набројам државите со највисока стапка на успех (позади мене стои искуство како инвестициски банкар со анализи на сите пазари и контакти со многу наши странци):

- Австралија - блискоста со Азија и рудните богатства се голем благослов во моментов и во долгата и убава иднина што и претстои на оваа држава. Силен правен систем основан на британскиот. Таму е помалку поволно за инженери, затоа што имаат силен долар и фабриките веќе им избегаа низ Азија. Убаво е за сите што се во услужен сектор. Државата е доста отворена за прием на странци иако нонстоп се караат со бродските луѓе од Малезија и Филипини.
- Канада - стабилна економија, блискост со најголемиот пазар и супер отворен систем, како и добра правна подлога од британско право.
- Германија - иако е малку позатворена, секогаш имаат место за добри инженери и занаетчии. Сеуште има супер ниска невработеност, но секогаш ќе бидете граѓани од втор ред, таму е доста изразено чуството на припадност на заедница, ова нема да смета ако отидете со вештини кои тие ги ценат.
- Каталонија и Балеарските острови - системот за имиграција е малку хаотичен, но услужниот сектор цути, а не е лошо и како инженер да се иде таму. Невработеноста кај младите е огромна, но воглавно затоа што системот на вработување е комплексен (наследство од диктатурата) и кога ќе вработиш некој не можеш да го избркаш, а младите се сите на некоја дрога па никој не е доволно сериозен за работа. Препорачувам најмногу за сопствен бизнис во угостителство.
- Кина - ако ви фаќа окцето за бизнис и ако не се секирате за системот или за етика, таму лежат тон пари. Ако имате и некоја добра вештина тогаш обавезно таму (насочи се кон Шангај)
- Хонг Конг и Сингапур - добро место за банкари и економисти (но не овие нашите со образование од 70тите) Финансиите се напреднати во последните 20 години исто како информатиката и жално е што на нашите факултети уште им објаснуваат за машини за куцање. Ако имате добро познавање на одредени финансиски инструменти и добро искуство, само таму. Ќе треба во одреден период да се помачите со Мандарински
- Ептен Северна Европа - не сум детално запознат со нивните системи, но секој што пошол со добри вештини добро живее. Генерално отворени држави.
- Чиле е држава модел за книги по економија. Тешко се патува, но комбинацијата на танго и пристојна плата значи многу среќа за некои луѓе. Претходно (околу 1910) Аргентина била ептен блиску до влегување во развиениот и богат (тогаш Европски) свет. Неколку воени удари проследено со слаби институции ја имаат многу ослабнато таа држава, но Чиле расти на нејзино место и овој пат со многу силни институции.
- Јужна Кореја - ако си воркохолик, само тука ќе имаш конкуренција и ќе ти биде се нормално.

Можеби има и други добри примери, помали државички кај што се успева, но воглавно би ги избегавал САД, Британија и Швајцарија, заради претерано затворените системи, понижувања и голема криза со работа во случајот со САД. Во сите овие држави може да се помине најмалку еквивалентно добро како во САД или Британија, без голем дел од понижувањата.

Се надевам не потрошив време залудно.

- За Австралија буквално се што кажа е грешно. Моментално е НАЈПОВОЛНО за инжиери, доларот е паднат во споредба од пред година дена, а фабриките избегаа (во 90тите) и се вратија во (2010тите) од Азија. Единствено ја изгуби ауто индустријата и тоа ќе биде 2017 кога и Холден (ГМ) ќе се повлечи слејдеќи ги Мицибуши, Тојота и Форд. За инжинери во АУС има работа на тон, може не толку во големите градови Мелбурн и Сиднеј, ама има во Аделаид, Перт и Бризбен затоа. Да супер е за тие во услужен сектор АМА ако имаш контакти. Значи за НИКОЈ од странство. Сите споредни работи во услужниот сектор одамна ги префрлија во Индија и на Филипините. Ако не можеш да продаваш и немаш контакти во услужниот сектор тешко дека ќе се вработиш. Бродски луѓе од Малезија или Филипини? Нема врска, има од цел свет (најмалку од малзија или филипините) углавно се арапишта и црнци кој пробуваат да влезат преку ИНДОНЕЗИЈА.

- Си бил во Кина или ова ти е онака од што си прочитал на интернет? За да почнеш бизнис во Кина ти треба минимум 15 000 долари мегутоа секој град може таа цифра да ја зголеми неколку кратно. Шангај кај што ти сугерираш е 150 000 долари МИНИМУМ почетен капитал. Ако не си работел/правел бизнис во Кина подобро не збори. Има еден куп ситници на кој треба да се пазиш а од МКД со лимитиран кеш таму има да те изедат за неколку дена.

- Хонг Конг и Сингапур - Нит ви треба мандарински нит се бара. И во двата града имам живеено скоро по 2 год и секаде се се работи на АНГЛИСКИ поготово во банкарскиот отсек. Значи во Сингапур англиски е еден од 4те официјални јазици и во сите банки САМО англиски се користи. Во Хонг Конг и горе доле исто. Во тие сегменти на банката retail/business banking каде е потребно да знаеш кинески НЕМА ШАНСА да најдеш работа како белец па макар ти бил и доктор за кинески. На повисоките позиции англиски се збори најнормално.

- Пак нешто што си прочитал на нет... Значи во Чиле просечна плата ти е помала од словенија со тоа што тие што имаат имаат (нешто ко во МКД) а тие што немаат емигрираат или работат во рудници. Зошто побогу некој би сакал таму да емигрира освен ако нема веќе пари па да иде стриктно за lifestyle при што подобра опција се каде каде Аргентина, Уругвај или Перу.

- Јужна Кореја - :facepalm: Ти ќе им земеш работа на овие? Најрасистичкото место на светот каде што на многу места нема да можеш да влезеш дека си белец...


Светот е голем и убав. Ако некаде заработуваш и имаш прилика да живееш подобро ич не се мисли. Македонија и со вас и без вас ќе биде таму. Ништо нема да се смени. Еве и овие муабети од разно разни мрчатори на темите се повторуваат секој неколку месеци. Светот се менува само Македонија е вечна :D[DOUBLEPOST=1393298441][/DOUBLEPOST]
:cuc: Исто ко бивша Југа.

Така и ќе завршиме... Еве 20 год пројдоа, сега идат кредити.... Навали народе, поволно 2%-3% грејс период од 5 год....
 
Хихи, германец не бил себичен...
Себичноста е основа капитализмот - секој си гледа за себе - македонец , германец, тунгузиец - секој! Бајки не постојат[DOUBLEPOST=1393237401][/DOUBLEPOST]
Оди најди работа да те видам

Не споредувај германец со македонец добро?

Немаме трошка од акалот што го имаат тие. А тоа дали секој за себе си гледа, може да се види каде е државата, колку пати од пепел никнале само дека биле "себични". Да, си ги бркаат парите како секој модерен човек, ама одсекогаш државата им била на прво место. Затоа се број 1. Ние сме тие што се јадеме меѓу себе и сме гомна во душата кога треба да му се помогне на некој друг. Затоа и до јадеме стапот од сите и сме финансиски утепани.
 
- Да супер е за тие во услужен сектор АМА ако имаш контакти. Значи за НИКОЈ од странство. Ако не можеш да продаваш и немаш контакти во услужниот сектор тешко дека ќе се вработиш. Бродски луѓе од Малезија или Филипини? Нема врска, има од цел свет (најмалку од малзија или филипините) углавно се арапишта и црнци кој пробуваат да влезат преку ИНДОНЕЗИЈА.

Во тие сегменти на банката retail/business banking каде е потребно да знаеш кинески НЕМА ШАНСА да најдеш работа како белец па макар ти бил и доктор за кинески.

- Јужна Кореја - :facepalm: Ти ќе им земеш работа на овие? Најрасистичкото место на светот каде што на многу места нема да можеш да влезеш дека си белец...
Извини малку бегам од контекст...
Мене па никој од Македонија не ми верува дека и на запад за убавите работи требаат врски и дека таму постои расизам без оглед холивудските филмови што викаат.
 
Многу поголем е филингот да се возиш во авион па на топло и спарно да гледаш пирамиди,во Венеција да се возиш на гондола или да отидеш во Франција да се шеташ низ Париз да ја видиш ајфеловата кула во живо.
На поминување можеш да одвоиш 4-5 дена да ги видиш браќата во Виена и Минхен.

Ајде сите мобилари и кафани да се затворат бидејќи тебе (тебе != сите) ти бил јак филингот да леташ во авион. Чекај, филингот на оргазам е појак - будали се сите што идат кај пирамидите наместо да се сексаат по цел ден. Да бев сега на пц 100 смајлиња од оние кои ја лупаат главата во ѕид нема да ми беа доволни.
 
Извини малку бегам од контекст...
Мене па никој од Македонија не ми верува дека и на запад за убавите работи требаат врски и дека таму постои расизам без оглед холивудските филмови што викаат.

Во странство е пожелно да имаш препораки. И ако работиш како што треба, ќе ги добиеш. Не мора да му бидеш слуга или вечен должник на претпоставениот за да ти напише препорака.
Во Македонија за да извадиш лична карта ти требаат врски. За работа да не зборам. Се надевам дека ја разбираш разликата.
 
Ајде сите мобилари и кафани да се затворат бидејќи тебе (тебе != сите) ти бил јак филингот да леташ во авион. Чекај, филингот на оргазам е појак - будали се сите што идат кај пирамидите наместо да се сексаат по цел ден. Да бев сега на пц 100 смајлиња од оние кои ја лупаат главата во ѕид нема да ми беа доволни.
Не ја сфати изгледа поентата, не се возбудувај многу. Дискутирај смирено...
Во локање пиво и кафани сите уживаат. И најпростото суштество без грам памет, и најпаметните луѓе во светот сакаат кафани, пиење, локање пиво во базент од хотел итн. Ама не секој ужива во уметност, во архитектура, музика, филм, балет... И интелектот оди по кафани и се опива, ама не му е тоа смислата на животот и истиот не им се состои само од тоа. Полека малце со обвинувањата, пред да сфатиш што сакал да кажи со напишаното.
 
Извини малку бегам од контекст...
Мене па никој од Македонија не ми верува дека и на запад за убавите работи требаат врски и дека таму постои расизам без оглед холивудските филмови што викаат.


@langelina одлично ти одговори, извини ако не бев баш јасен. Што сакав да кажам е дека за да работиш во услужниот сектор во Австралија потребни ти се контакти во смисла пред се на бизнис контакти кој би ти давале клиенти или на клиенти. Значи еве за банкар има работа само што треба да издаваш на пример 20-30 мил долари кредити годишно. За тоа да го постигнеш ти требаат контакти кој фаќаат 2-3 години да ги стекнеш а ти како новојдојден и ќе ги немаш. Дур да ги стекнеш мора да јадеш и обично завршуваш во фабрика а потоа е тешко враќање, значи зборам тешко не невозможно.

Расизам има секаде. Некаде во поголема некаде во помала мерка. Во прекуокеанските земји и Лондон тоа е многу помалку затоа што тоа се веќе вистински интернационални средини. На други места тоа е позастапено. Фората е што ако не те сака може да ти даде 10% помалку да кажеме, место 2500 е ќе те „заебе“ и ќе ти даде 2250е. Уште да знае од каде доагаш и дека повеќето и со1500е се на коњ....
 
Никогаш не би живеел надвор од тука, ама пак никогаш не викај никогаш :icon_lol:.
 
- За Австралија буквално се што кажа е грешно. Моментално е НАЈПОВОЛНО за инжиери, доларот е паднат во споредба од пред година дена, а фабриките избегаа (во 90тите) и се вратија во (2010тите) од Азија. Единствено ја изгуби ауто индустријата и тоа ќе биде 2017 кога и Холден (ГМ) ќе се повлечи слејдеќи ги Мицибуши, Тојота и Форд. За инжинери во АУС има работа на тон, може не толку во големите градови Мелбурн и Сиднеј, ама има во Аделаид, Перт и Бризбен затоа. Да супер е за тие во услужен сектор АМА ако имаш контакти. Значи за НИКОЈ од странство. Сите споредни работи во услужниот сектор одамна ги префрлија во Индија и на Филипините. Ако не можеш да продаваш и немаш контакти во услужниот сектор тешко дека ќе се вработиш. Бродски луѓе од Малезија или Филипини? Нема врска, има од цел свет (најмалку од малзија или филипините) углавно се арапишта и црнци кој пробуваат да влезат преку ИНДОНЕЗИЈА.

- Си бил во Кина или ова ти е онака од што си прочитал на интернет? За да почнеш бизнис во Кина ти треба минимум 15 000 долари мегутоа секој град може таа цифра да ја зголеми неколку кратно. Шангај кај што ти сугерираш е 150 000 долари МИНИМУМ почетен капитал. Ако не си работел/правел бизнис во Кина подобро не збори. Има еден куп ситници на кој треба да се пазиш а од МКД со лимитиран кеш таму има да те изедат за неколку дена.

- Хонг Конг и Сингапур - Нит ви треба мандарински нит се бара. И во двата града имам живеено скоро по 2 год и секаде се се работи на АНГЛИСКИ поготово во банкарскиот отсек. Значи во Сингапур англиски е еден од 4те официјални јазици и во сите банки САМО англиски се користи. Во Хонг Конг и горе доле исто. Во тие сегменти на банката retail/business banking каде е потребно да знаеш кинески НЕМА ШАНСА да најдеш работа како белец па макар ти бил и доктор за кинески. На повисоките позиции англиски се збори најнормално.

- Пак нешто што си прочитал на нет... Значи во Чиле просечна плата ти е помала од словенија со тоа што тие што имаат имаат (нешто ко во МКД) а тие што немаат емигрираат или работат во рудници. Зошто побогу некој би сакал таму да емигрира освен ако нема веќе пари па да иде стриктно за lifestyle при што подобра опција се каде каде Аргентина, Уругвај или Перу.

- Јужна Кореја - :facepalm: Ти ќе им земеш работа на овие? Најрасистичкото место на светот каде што на многу места нема да можеш да влезеш дека си белец...


Светот е голем и убав. Ако некаде заработуваш и имаш прилика да живееш подобро ич не се мисли. Македонија и со вас и без вас ќе биде таму. Ништо нема да се смени. Еве и овие муабети од разно разни мрчатори на темите се повторуваат секој неколку месеци. Светот се менува само Македонија е вечна :D[DOUBLEPOST=1393298441][/DOUBLEPOST]

Така и ќе завршиме... Еве 20 год пројдоа, сега идат кредити.... Навали народе, поволно 2%-3% грејс период од 5 год....

Ме исплеска убаво :D

Не ги следам детално работите, наведов држави кои според моите анализи имаат добри шанси за добар просперитет во некоја догледна иднина. Сметам дека во сите тие нема институционализирана селекција на имигранти, а за вработување работите мислам дека идат на индивидуална основа, секој може да биде во својот мозок расист и најверојатно е, и ТОКМУ ТОА е причината зошто треба да се потрудиме да си ја поправиме државата и да се избориме дома, а не да БЕГАМЕ кај луѓе кои што ќе не сметаат за туѓи. .

Correct me if I'm wrong

P.S. Доларот (австралиски) паѓа само една година, додека расте многу подолго, кумулативно тоа е доста добар раст и тоа ствара притисок на извозните индустрии. Затоа е логично да се очекува дека инженерските работни места ќе се намалуваат, ете го примерот со Холген. Се очекува да расти, затоа што Австралија е богата со руда и извозот на руда им ствара и ќе им ствара нагорен притисок. Последната година само се поднамалени нарачките на Кина за руда.

Пак не морам да сум 100% во право затоа што ниту еден економист не е во право (па скоро никогаш) но ова само дава светло во кој правец да се размислува кога веќе мора да се БЕГА.[DOUBLEPOST=1393354675][/DOUBLEPOST]
- Пак нешто што си прочитал на нет... Значи во Чиле просечна плата ти е помала од словенија со тоа што тие што имаат имаат (нешто ко во МКД) а тие што немаат емигрираат или работат во рудници. Зошто побогу некој би сакал таму да емигрира освен ако нема веќе пари па да иде стриктно за lifestyle при што подобра опција се каде каде Аргентина, Уругвај или Перу.
И тоа како си грешка за Уругвај или Перу, Аргентина има нешто, но далеку од подобро. Не е местото да ги дисекцираме државите тука, да не го тупам. Чиле е топ економија, има една мала болест нееднаквост, но тешко која држава од ептен богатиот свет ја нема.
 
Последно уредено:
Ме исплеска убаво :D

Не ги следам детално работите, наведов држави кои според моите анализи имаат добри шанси за добар просперитет во некоја догледна иднина. Сметам дека во сите тие нема институционализирана селекција на имигранти, а за вработување работите мислам дека идат на индивидуална основа, секој може да биде во својот мозок расист и најверојатно е, и ТОКМУ ТОА е причината зошто треба да се потрудиме да си ја поправиме државата и да се избориме дома, а не да БЕГАМЕ кај луѓе кои што ќе не сметаат за туѓи. .

Correct me if I'm wrong

P.S. Доларот (австралиски) паѓа само една година, додека расте многу подолго, кумулативно тоа е доста добар раст и тоа ствара притисок на извозните индустрии. Затоа е логично да се очекува дека инженерските работни места ќе се намалуваат, ете го примерот со Холген. Се очекува да расти, затоа што Австралија е богата со руда и извозот на руда им ствара и ќе им ствара нагорен притисок. Последната година само се поднамалени нарачките на Кина за руда.

Пак не морам да сум 100% во право затоа што ниту еден економист не е во право (па скоро никогаш) но ова само дава светло во кој правец да се размислува кога веќе мора да се БЕГА.[DOUBLEPOST=1393354675][/DOUBLEPOST]
И тоа како си грешка за Уругвај или Перу, Аргентина има нешто, но далеку од подобро. Не е местото да ги дисекцираме државите тука, да не го тупам. Чиле е топ економија, има една мала болест нееднаквост, но тешко која држава од ептен богатиот свет ја нема.

Најубаво е да е дома добро. Никој тоа не го спори. Проблемот е за да биде дома добро потребно е од горе од владата да посегнат по промени. Ние сме млада демократија каде сеуште поважно е мегупартиско препукување него ли интересите на државата. Така за жал ќе биде уште 30тина години, уште една генерација. Ова ти е нормална работа за жал. После тоа и двата табора ќе се свестат и ќе пробаат да направат нешто повеќе. Мене до тогаш ќе ми помине животот. Ако сакаш да видиш што ќе се случува во Македонија проанализирај ги Филипините. Ние сме карбон копија само помала верзија. Се дури и проблемите со брачата ни се исти. Од степен на корупција, до политички систем, буквално се. Мене тој филм ми е виден така да дур не видам некој од горе да потегне не мислам дека ние како индивидуалци можеме нешто повеќе да направиме. Би идел и чекор понапред и би рекол најдобро што може е да емигрираме, направиме пари, се цивилизираме и потоа да се вратиме назад ако е тоа возможно. Мило ми е кога читам како луге пробуваат да сменат нешто на локално ниво или во нивниот круг, и секоја чест за тоа ама релано некој поголем прогрес и напредок тешко со овој памет на тие што не водат. Се дури народот мисли дека треба да избира од две зла, дур не гласа знаејќи дека гласа за некој што ќе ја подобри ситуацијата нема да има напредок. Со гладен стомак неможеш да градиш ни држава ни да пропагираш патриотизам.

За тоа дека некој ќе те смета за туѓ искрено и во МКД тоа ни се случува, дури и бетер. Таму брачата не сметаат за туѓи, од другата партија не сметаат за туѓи, од друг град... Све е поделено и човек крај неможе да му фати. На запад постои одредена доза на расизам и дискриминација ама и таа иде во бранови. Порано не ги сакале италјанците и грците, потоа балканците, па азијатите, па африканците денес на мета се индијците (и полјаците во англија)... На крајот на крајовите колку и да не те сакаат ако им докажеш дека вредиш тогаш ако ништо друго ќе те поштуваат. Колку и да звучи смешно јас не ги кривам затоа што не не сакаат. Сме им дале милјон причини во минатото па и ден денес. Еве ние македонците сме континуирано во топ листата како ризична нација за туристичка виза (Австралија) затоа што некој 30% од оние што ќе ја добијат ја прекршуваат. Додај на тоа дека има цел куп наши што ја цедат државата со инвалидски или какви ти се не пензии...

Австралискиот долар историски секогаш бил окулу 80 уса центи. Моментално е 90. Оптимално за австралиската економија добро да функционира треба да е накај 84 центи (ова е за нашите продукти да бидат конкурентни во Азија). Она што Австралија направи овие 20 години е го смени системот на производство и начинот на кој фунционира бизнисот овде. Дојде до поместување на капиталните структури (debt and equity ratio) со тоа што сега фирмите се адаптираа и одат на куси ама брзи производствени циклуси (short run) и ја добиваат битката со азија во смисла нема чекање, транспортни трошоци и помали транзакциски трошоци. Пазарот за извоз е намален ама задржан затоа што за разлика од азија сеуште се способни да произведуваат поквалитетен производ. Во азија исто има полошување на бизнис климата во одредени сегменти овие 20 години. Пиратеријата и тоа од фирмата произведувач на твојот продукт таму е се поголем проблем така да веќе и помали фирми одбиваат да произведуваат таму. Имам пријател што работи за мерцедес баш на овој проблем и ми вика дека буквално може цела кола да склопи од пиратски делови од кој 80% би биле произведени во тајланд и кина во фабрики кој прават легални делови за мерцедес според нивни спецификации. Место да произведе 1000 он си прави 2000 парчиња и пола ги продава кај ќе стигне за 20% од цената.

Уругвај, Перу и Аргентина ги спомнав како подобри опции за живеење АКО веќе имаш пари него Чиле. ОК, овде е зависно кој што сака ама мене ти е држави ми се многу по привлечни (клима, култура, историја, градба) а згора на тоа се и многу поевтини.
 
Најголем проблем во Македонија се платите а самобендисаните преку ноќ и на матен начин станати газди многу се глупави и скржави па не даваат плата по 400-500 евра несваќајќи дека еден ден ќе снема и на кого да дадат плата од 100-200 евра.
Се додека синдикатите не ги застапуваат правата на работниците туку ги лижат газовите на газдите ќе го имаме проблемот миграција.
Исти ѓавол е и со трудова и други видови инспекции.
Не дај боже да пријавиш неправилност дека работиш 48-60 или 72 па и повеќе часови неделно,без слободен ден,одморот да си го одработиш,работа на празник а нема тродупла дневница не дај боже да се разболиш на боледување не ни смееш да помислиш место газдата кој има тастери во спомнатите институции да биде казнет,пријавовачот е казнет со тоа што лета од работа или во подобар случај газдата ја намалува платата на работниците и ја плаќа казната.

Ова го има само во мојата чудесна земја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom