Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
:tapp:

Џабе зборам очигледно. Сте решиле дека е крив човекот и сега ајде....

1. 90% од инвеститорите имаат инвестирано ВО КЕШ, во една од 1000ците штедилници на Рој низ државата. Влогот им е некој си мизерни 8 - 270е. Парите си ги добија на ИСТ начин ко што инвестираа. Рој нема банкарски податоци од нив да им плати преку сметка. Ова во Индија е нормална работа, ко во МКД што беше до пред 20-30тина год да кажеме.
2. 50% од народот во државата НЕМА банкарска сметка.
3. Малите инвеститори НЕ СЕ БУНАТ, се буни СЕБИ (регулаторот) затоа што не се вратени парите преку него. Они сакаат да НАПЛАТАТ за секоја транзакција вракање со што би заработиле они (како извршители)неколку милјони евра. Тука е цел проблем.
4. Рој парите на малите инвеститори ги врати ПРЕД да има судска одлука.
5. Уште за време на судот достави неколку камиони информации со потпишани документи дека парите се вратени - како кој ги добивал си потпишал документ.
6. За гаранција дур се ова се провери има оставено соодветен имот кој државата (преку катастер) му го вреднува колку што должи (што е конзервативно) Рој го вреднува за повеќе а СЕБИ (кој нема врска со проценка на земјиште) го вреднува 10% од реалната вредност. 18 месеци ПО ДОНЕСУВАЊЕ на одлука да се направи проценка на имотот која Рој си ја платил унапред не се нашло некој од СЕБИ да крене телефон и да запосли фирма да се процени тој имот.
7. На СЕБИ им е платено 450М евра во кеш да ги вратат на тие што не им вратено одкако се донесе одлуката. Ова е базирано на документите кој Рој ги достави до СЕБИ и се однесува на луге кој за Х причини не дошле да ги подигнат парите од него. До сега СЕБИ има вратено дури 7000 евра. Тоа се некој 27М во КАМАТА што некој од СЕБИ си има ставено во џеб.
8. Еден од главните луге на СЕБИ е иначе еден од курпните инвеститори со милјони во САХАРА кој не прифати и инсистираше да му се вратат сите пари плус 12% годишна камата и тоа во екот на финансиската криза. На крајот дури и судот се сложи со ова. Еве кој корумпира... Во СЕКОЈА нормала држава ако купиш АКЦИИ и инвестираш во фирма ако пропадне ти пропаѓаат и тебе средствата. Секаде ова би било кристално чисто дека НИКОЈ не треба да добие пари назад. Секаде освен во индија каде се поголеми цигани и од МКД. Ај еве да речеми имаш куп народ што не разбирал (а требал и потпишал дека разбира) ама тие НЕ се бунат дека парите им се вратени него се бунат судии и бизнисмени кој не си ги бараат само парите него и 12% годишно.

Понатака не пишувам на темата. Овде од километар се гледа дека е борба за превласт. Им смета Рој (политички) во државата кај што е на некој многу влијателни луге. Не можат да истрпат дека има голема критична маса на гласачи која може да ја повлече и која му е многу лојална. Типот е газда на Форс Индија (Ф1) плус на цела лига во киркет (ова е ко да си газда на фудбалската федерација и сите премиерлигаш во англија), спортот број 1 таму.
Постои пресуда од врховниот суд на Индија, уште од 2012 година, Сахара групација да врати милијарди долари на инвеститори преку СЕБИ.
Toа значи дека према прикажани докази Субрата и Сахара НЕЗАКОНСКИ работеле и НЕЗАКОНСКИ се стекнале со милијарди долари од инвеститорите. А тоа што не ја почитувал судската одлука да преку СЕБИ ги врати парите на инвеститорите е уште една НЕЗАКОНСКА постапка. Имаме случај на човек и фирма кои ги игнорираат и заобиколуваат законите на својата држава и одлуките на суд (и тоа врховен суд) и избегнуваат своите трансакции да ги прикажат на институција задолжена за заштита на правата на инвеститорите. Дали секој кој мисли дека е во правоне мора да почитува законот, устав, судски институции ?
 
Субрата Рој и Сахара почнаа да сеат грашок за сточна храна во Џумајлија

Во моментов се врши сеење на 230 хектари на земјиште со зелен грашок што се употребува како сточна храна, а сеењето го вршат четири македонски компании, изјави Амриш Чандра, генералниот менаџер на Сахара во Македонија.

Освен тоа почнати се и хидрогеолошките истражувања на теренот за да се испитаат подземните води, како дел од проектот млекарница Сахара во Македонија.

„И водата потребна за кравите треба да има соодветен квалитет. По истражувањето кое ќе се спроведува околу 4 недели, следува изградбата на повеќе бунари преку кои подоцна се спроведува цел систем за водоснабдување за објектите кои се дел од целиот проект“, изјави Апе Синха, раководител на проектот.

Истражувањето ќе го спроведува македонската фирма Геинг која има искуство во инженерството веќе 19 години, соопшти Сахара.
mkd.mk

Да не е случајно ГРАОР,не грашок.Толку писмени се овие што пишуваат т.н новинарство.Ја би све то да кољамо куме!
 
Да не е случајно ГРАОР,не грашок.Толку писмени се овие што пишуваат т.н новинарство.Ја би све то да кољамо куме!
Холандски и Германски крави се бе тие, јадат грашок, боранија, бифтеци и јастози и пијат само рајнски и португалски вина. Секоја од нив има минимум виша школа и знае да мука на 3 јазици. Слушаат исклучиво класика или италијански канцони а омилена боја им е светло сина.
 
Каков и да е Субрата Рој од човекот немаме никаков зијан, напротив или сме на 0 или може и да ќариме некоја инвестиција. Навистина е бедно и примитивно што човекот е постојано на удар и тоа од луѓе поради кои Џумајлија и слични комбинати пропаднаа. Во случај Сахара да инвестира 5% од најавеното незнам само каде ќе се кријат сите што понижуваа и се однесуваа уличарски. На крај на краевите како Македонци кои се познати како добри домаќини, на гости да ни беше дојден човекот требаше да го испочитуваме. Но нејсе времето ќе покаже што ќе се случи. но што и да биде ќе повторам зијан немаме. А во најдобар случај може да му дојде преку глава на Субрата од корумпираниот Индиски систем и да повлече некоја милијарда во Македонија.
 
Навистина е бедно и примитивно што човекот е постојано на удар и тоа од луѓе поради кои Џумајлија и слични комбинати пропаднаа.

Не знаев дека Џумајлија пропадна ради Лет 3 или ради индиската СЕБИ.
 
Каков и да е Субрата Рој од човекот немаме никаков зијан, напротив или сме на 0 или може и да ќариме некоја инвестиција. Навистина е бедно и примитивно што човекот е постојано на удар и тоа од луѓе поради кои Џумајлија и слични комбинати пропаднаа. Во случај Сахара да инвестира 5% од најавеното незнам само каде ќе се кријат сите што понижуваа и се однесуваа уличарски. На крај на краевите како Македонци кои се познати како добри домаќини, на гости да ни беше дојден човекот требаше да го испочитуваме. Но нејсе времето ќе покаже што ќе се случи. но што и да биде ќе повторам зијан немаме. А во најдобар случај може да му дојде преку глава на Субрата од корумпираниот Индиски систем и да повлече некоја милијарда во Македонија.
Признавме Тајван за милијарда па не ќе го прибереме Субрата.... додуша то со Тајван не ни упали баш, а ни Сведмилк... али кога и да е ќе ни падне добитната комбинација, важно е да се пробва, да не се предаваме
 
Ако не отишле овие дечкиве да фрлат две-три раце семе и да се изнасликаат, пиши пропало....
 
Izbori se blizat.Klasicno lazenje na narodot.Sahara Avtopati Fabriki
da se otrujam
 
Признавме Тајван за милијарда па не ќе го прибереме Субрата.... додуша то со Тајван не ни упали баш, а ни Сведмилк... али кога и да е ќе ни падне добитната комбинација, важно е да се пробва, да не се предаваме

Кажи ми што губиме со Субрата Рој? Не споредувај неспоредливо. Тајван беше најголемото надворешно политичко бламирање во поновата историја на Македонија. Ова бламирање не чинеше многу а мислам дека индеректно влијаеше и на војната во 2001. Сведмилк беше утка но такви работи се случуваат, нормално имаше оштетени земјоделци на кои не им беше исплатено млекото но после тоа остана готов објект кој сега повторно функционира како млекарница. Што се однесува Џумајлија тоа е пропадната задруга, кога и како е пропадната сите знаеме и нема потреба да се напоменува. Јас негледам ништо лошо во обидот да се најде инвеститор на огромно поле кое со години стои празно и необработено како што треба. Еднаш да го изорат пак сме ќар.
 
знаеш јас комшијата мој не го поштувам оти соработува и се дружи со миксо кој лежеше робија оти како финансов опљачка пари од фирмата и за то беше осуден. Ако е така едноставно, па да му дајме државно земјиште кои така лежи неискористено на колумбици нек садат берат пакуваат носат и препродаваат..... само редовно нек плаќаат даноци.Ти сфаќаш ли дека цел државен врв со најголеми почести како да е претседник пречекува и соработува со бизнисмен кој е со забрана на патување во странство, имотот запленет и под сериозна истрага за проневери и измами тешки милијарди долари. Од 2012 е со осуда и то од врховен суд на Индија. И ние така “сериосзни“ бараме партнери низ светот? зато најголемите инвестиции ни се погони за кабли, дршки за четки и гумици за чешми каде вработени земаат по 8000 денари и биваат отпуштани без пардон како ќе им текне. Имиџот на државата е вопрашање, со кој си - таков си. Седни прелистај малце на што се жалат инвеститорите (сериозните) кои пробаа во МК да отворат бизнис, корупција, мито, матни зделки невраќање даноци.... во таква средина Субрата ужива да работи
 
Те молам просветли не кои се тоа сериозни инвеститори, а кои шалабајзери...знам АУДИ (сериозен ?) едно време сакаше да инвестира, што се деси не ми текнува, потсети ме
 
Те молам просветли не кои се тоа сериозни инвеститори, а кои шалабајзери...знам АУДИ (сериозен ?) едно време сакаше да инвестира, што се деси не ми текнува, потсети ме
самите си правиме имиџ, затоа и ти реков да прелисташ малце на што се жалат инвеститорите во Македонија. Данок, кој е светиња на запад - не можат да си го вратат
 
самите си правиме имиџ, затоа и ти реков да прелисташ малце на што се жалат инвеститорите во Македонија. Данок, кој е светиња на запад - не можат да си го вратат
Данок??? Тој најнискиот во Европа, што за жал сме приморани да го нудиме, или тој што се ослободени да го плаќаат, од милион работи што стварно се проблем за инвеститорите, баш ги погоди за данокот алал да ти е.
 
не јас, тоа мислам стопанска комора беше еден извештај на што најмногу се жалат странските инвеститори. ДДВ то кое фирмите си го враќаат државата им го држи со месеци па и година. Кај се така учени холанѓани, германци, французи.....
 
Пак збориш на памет, па знаеш ли колку ослободувања имаат во ТИРЗ, баш во поглед на ДДВ? ДДВ-то што се должеше беше према домашните компании 90%.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom