Џабе зборам очигледно. Сте решиле дека е крив човекот и сега ајде....
1. 90% од инвеститорите имаат инвестирано ВО КЕШ, во една од 1000ците штедилници на Рој низ државата. Влогот им е некој си мизерни 8 - 270е. Парите си ги добија на ИСТ начин ко што инвестираа. Рој нема банкарски податоци од нив да им плати преку сметка. Ова во Индија е нормална работа, ко во МКД што беше до пред 20-30тина год да кажеме.
2. 50% од народот во државата НЕМА банкарска сметка.
3. Малите инвеститори НЕ СЕ БУНАТ, се буни СЕБИ (регулаторот) затоа што не се вратени парите преку него. Они сакаат да НАПЛАТАТ за секоја транзакција вракање со што би заработиле они (како извршители)неколку милјони евра. Тука е цел проблем.
4. Рој парите на малите инвеститори ги врати ПРЕД да има судска одлука.
5. Уште за време на судот достави неколку камиони информации со потпишани документи дека парите се вратени - како кој ги добивал си потпишал документ.
6. За гаранција дур се ова се провери има оставено соодветен имот кој државата (преку катастер) му го вреднува колку што должи (што е конзервативно) Рој го вреднува за повеќе а СЕБИ (кој нема врска со проценка на земјиште) го вреднува 10% од реалната вредност. 18 месеци ПО ДОНЕСУВАЊЕ на одлука да се направи проценка на имотот која Рој си ја платил унапред не се нашло некој од СЕБИ да крене телефон и да запосли фирма да се процени тој имот.
7. На СЕБИ им е платено 450М евра во кеш да ги вратат на тие што не им вратено одкако се донесе одлуката. Ова е базирано на документите кој Рој ги достави до СЕБИ и се однесува на луге кој за Х причини не дошле да ги подигнат парите од него. До сега СЕБИ има вратено дури 7000 евра. Тоа се некој 27М во КАМАТА што некој од СЕБИ си има ставено во џеб.
8. Еден од главните луге на СЕБИ е иначе еден од курпните инвеститори со милјони во САХАРА кој не прифати и инсистираше да му се вратат сите пари плус 12% годишна камата и тоа во екот на финансиската криза. На крајот дури и судот се сложи со ова. Еве кој корумпира... Во СЕКОЈА нормала држава ако купиш АКЦИИ и инвестираш во фирма ако пропадне ти пропаѓаат и тебе средствата. Секаде ова би било кристално чисто дека НИКОЈ не треба да добие пари назад. Секаде освен во индија каде се поголеми цигани и од МКД. Ај еве да речеми имаш куп народ што не разбирал (а требал и потпишал дека разбира) ама тие НЕ се бунат дека парите им се вратени него се бунат судии и бизнисмени кој не си ги бараат само парите него и 12% годишно.
Понатака не пишувам на темата. Овде од километар се гледа дека е борба за превласт. Им смета Рој (политички) во државата кај што е на некој многу влијателни луге. Не можат да истрпат дека има голема критична маса на гласачи која може да ја повлече и која му е многу лојална. Типот е газда на Форс Индија (Ф1) плус на цела лига во киркет (ова е ко да си газда на фудбалската федерација и сите премиерлигаш во англија), спортот број 1 таму.