Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Што има лошо во тоа?
Баш имотот му го разгледував што го спечалил. Треба јавна бесилка. Таков чин е добар за и следниот да го обесат.

Се прашувам дали ќе доживеам и нашиве да ги обесат на плоштад. Системите мора да се менуваат.
Ок тогаш, ако е така, тогаш госпожата со фризурата, не е ништо друго но лицемер. Кај е тука правниот поредок? Башка тоа, Јанукович има бајаги приврзаници во Украина, што ако ги повика и он неговите да го бранат? Дали тоа госпожата повикува на граѓанска војна? Башка тоа, како госпожата го стекнала своето богатство? Имаме ли информација за тоа?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не знам како некои луѓе се уште ги мешаат Царска Русија, СССР и денешна Русија. Овие три држави се со сосема различни идеологии, интереси и политички/дипломатски дејствувања. Се зборува за руска чизма, но таа беше СССРовска чизма, а кој знае подобро историја, знае дека најтемните делови од историјата на СССР се во времето кога на власт во таа бивша држава беа неруси.

Ние не сме ја почувствувале СССРовската чизма, но добро ја чувствуваме политиката на некои западни демократии, непризнавањето на правото на мисла и изразување како Македонците сакаат да си ја нарекуваат државата, јазикот и нацијата, па видовме како дојде до промена на уставот, албанизацијата на Македонија итн.

Не треба да заборавиме дека СССР ја прошири територијата на Украина за сметка на Русија, Романија, Полска, Чешка и Словачка. Да не беше СсСР, оние денеска украински националисти од западна Украина ќе беа пољаци, романци, чеси или словаци. Јужна и источна Украина припаѓаа до 1923 г. на Русија, а пред тоа на татарското ханство и отоманците до 18 век, кога Царска Русија ги освојува овие територии и ги прави руски со населување Руси. СССР го откинува рускиот КРИМ во 1954 г. од Русија и го припојува на Украина , а сегашна современа Русија никогаш не го покренала тоа прашање.

Руската федерација во денешно време води многу постихијна и попријателска надворешна политика. Во денешната Руска Федерација се почитуваат човековите права на сите малцинства, а се признати за официјални обласни јазици дури и јазиците на малцинските групи од по 5000 луѓе, за разлика од некои западни “демократски“ земји кои имаат огромни домородни малцинства и кои не само што не ги признаваат, туку не им даваат да ги уживаат основните човекови права.

Се критикува РТ, а никаде не видов овој медуом да изјави дека украинскиот народ е за партнерство со Русија, за разлика од некои “непристрасни“ западни медиуми кои на големо трубат дека украинскиот народ одлучил да тргне по европскиот пат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Јас како што реков, разбирам зошто многумина ги мразат САД. Но, во Македонија не сме осетиле што значи руска контрола. Благодарение на Тито. Во поранешните советски држави знаат.
Русија нема ништо слично и блиско со Советскиот сојуз повеќе од самата Украина. Русија во Советската Ера изгубила територии попут Казахстан, Ерменија, па и Украина и Белорусија.Така да ако некој изгубил нешто со револуцијата, највеќе тоа било империјата Русија.

Македонија не може да му се спротистави ни на САД и ЕУ, ни на Русија. Македонија може да одбере од две зла, помалото. Полска, Чешка, Естонија одбраа ЕУ. А знаеш како се рекло, не прашувај гаталец, прашај паталец.
Македонија го одбра НАТО и ЕУ, беше прва после Словенија на тој пат, но за жал или би рекол за среќа, НАТО и ЕУ не не одбираат нас. Тоа би им значело кавга со 3 нивни сојунзици на балканот. Така народот свати дека од НАТО и ЕУ нема никаква корист и почна да гледа на друга страна. Ако во 1998 подршката за евроатланските интеграции беше 99%, сега подршката е помала од 50% и во тие 50% Албанците влегуваат 100%. А ако не гледаш на едната страна, тогаш гледаш на другата.

Јас не ја гледам Русија како некоја вукојебина лишена од секаква цивилизација, со енормна стапка на криминал, како што беше случајот кога на власт беше Јелцин. Можеби го нарекуваат Путин за диктатор, го нарекуваат за тиранин. Но сте се запрашале ли дали беше подобра тиранијата на криминалот и безумието за време на „демократот“ Јелцин. Русија е денеска држава со најголем интернет пазар во Европа. Држава со најголем извоз на туристи во Европа, најголем извозник на енергенси во Европа, најголем извозник на оружје во Европа. Држава која им застана на патот на самоволието на САД во Сирија. Зошто да не гледаме кон една таква држава, кога тие кон кои имавме симпатии, ни го свртеа грбот? Нас не ни требаат никакви Европаски инвестиции и фабрики, кои патем, ги отвараат тука, не од жал за нас, туку заради ефтината работна сила и даночните повластици што ги имаат. Нив не им се исплати да ни го подбрат стандардот. Нас ни е доволен само мал дел од Рускиот пазар, за да Македонија живне. Зошто да не гледаме кон Русија, тоа не го разбирам? Зарем после 2001 кога САД директно се вмеша во конфликтот од другата страна, и во 2004 кога дојдоа политичари од ЕУ да ни покажуваат часовници ја исфорсираа територијална поделба на Македонија, после 2008 година кога го изедовме најдолгиот во Букурешт, ние имаме уште што да гледаме на запад?

Од една страна се збори за Руската контрола, Руска окупација која не сме ја осетиле, која воопшто и не е Руска, туку Советска (Со тотално различен устав идеологија и сл). Но дали си се запрашал за контролата што сега ја имаме? Дали си се запрашал каде била првата воена интервенција на САД после втора светска војна и кое оружје за масовно уништување е користено(hint: Не е Кореја). Притоа да нагласам дека САД е истата држава со истата идеологија и устав од 1948 до ден денеска. Значи сме заборавиле нам што ни се десило, а ги сатанизираме оние кои и самите пателе, за нешто што и не сме осетиле како било. Дали не ти збори тоа за пропагандата која е присутна во Македонија. И таа пропаганда не е од 90, туку тука е од 1970тите. Дали ние отидовме нагоре од 1990 до сега. Ајде ако не си доволно возрасен запрашај се како се живееше тогаш а како сега. Притоа да нагласам дека не сум Ју-носталгичен, и да нагласам дека бевме последна дупка на свиралото наречено СФРЈ. Каде останавме со стандардот откако се препуштивме на САД и ЕУ? Добивме војна, насилна смена на устав, тиранија на малцинството врз мнозинството.

И затоа се поголем број ќе гледаат кон Русија, и затоа се поголем број со право ќе ја сатанизираат САД и ЕУ. Штета што имаме кратка меморија и не учиме од минатото и од нашите предци ...

.....па изгубивме 2 децении садејќи краставици со ѓаволот.....
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Разговараме на субјективна тема. Дали Русија е добар сојузник си знаат молдавците, украинците и србите.

Таа оска Русија-Србија-Грција од секогаш ме загрижувала.

Имам неколку прашања за љубителите на Русија.

1.Како Русија и помогнала на Македонија во минатото?

2.Во 1945 година Тито (Хрват), сакајќи да ја ослабне Србија, од Вардарска Бановина создава СР Македонија.
Во 1947 година Тито, од истата причина, се договара со Георги Димитров од Бугарија, за припојување на Пиринска Македонија кон СР Македонија, признавање на македонскиот јазик и народ и припојување на западните делови од Србија (Ниш и Пирот) кон Бугарија?
Тој договор можеше да ја смени македонската историја.
Кој го запира тој договор пред да се оствари?

2.Која беше таа виша сила што во 1991 не спаси од окупација на Србија и Грција?
Како така лесно добивме независност?
Како плановите на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија, не се остварија?
Која беше таа сила што им рече НЕ?
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Разговараме на субјективна тема. Дали Русија е добар сојузник си знаат молдавците, украинците и србите.

Таа оска Русија-Србија-Грција од секогаш ме загрижувала.

Имам неколку прашања за љубителите на Русија.

1.Како Русија и помогнала на Македонија во минатото?

2.Во 1945 година Тито (Хрват), сакајќи да ја ослабне Србија, од Вардарска Бановина создава СР Македонија.
Во 1947 година Тито, од истата причина, се договара со Георги Димитров од Бугарија, за припојување на Пиринска Македонија кон СР Македонија, признавање на македонскиот јазик и народ и припојување на западните делови од Србија (Ниш и Пирот) кон Бугарија?
Тој договор можеше да ја смени македонската историја.
Кој го запира тој договор пред да се оствари?

2.Која беше таа виша сила што во 1991 не спаси од окупација на Србија и Грција?
Како така лесно добивме независност?
Како плановите на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија, не се остварија?
Која беше таа сила што им рече НЕ?
Ехеееј, абе пред да скокаш во длабока вода треба да научиш да пливаш. Не очекував дека ќе се дискредитираш толку лесно.

За добро на темава не сакам да ти одговарам овде, но сметај се за добредојден на форумот Историја каде што можеме дефинитивно да продолжиме со он-топик дискусија за сите овие прашања кои ги наведе и други што ќе ти паднат на памет.

Само пред да доаѓаш преиспитај ја сопствената суета дали ќе ти дозволи да признаеш кога си во грешка.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Допрва ситуацијава во Украина ќе се закашкува...
1. Тоа проследи после петицијата во Радата за забрана на таа партија. Тие го избраа побезболниот пат, да му свртат грб на Јанукович, отколку другата опција, да ги забранат и да дејствуваат од илегала што е многу тешко.

2. Тоа беше јасно. Денеска завршија Сочи, и Русија сигурно нема да биде тивка како досега. Дали ќе секнат гасот за Европа, дали некои други санкции, ама сметам дека ќе има некаков одговор.
 
Последно уредено од модератор:

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Последно уредено:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Гледав денес видео клипови снимени во Харков и на други места како реагираат Русите и про-руски настроените Украинци против националистички и про-опизициски настроени Украинци. Масовни собири со палки и кациги, кошкање и тепање. Никако не е на добро работава, се' води кон тоа да има конфликт (дај Боже да грешам!).

Додатно, цел ден се пуштаат статии, пробни балони, за можна поделба на Украина на две држави - Галиција и Малорусија. Еве сега информација дека војската, дивизијата од П'сков, е ставена во состојба на боева готовност.

Ако стане нешто, ќе гине нам најблизок народ. :(

Псковскаја дивизија приведена в боевују готовность в свјази с событијами в Киеве

http://molotpravdu.com/2014/02/23/псковскаја-дивизија-приведена-в-боевују/?fb_action_ids=589914821087065&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=[236957389761334]&action_type_map=["og.likes"]&action_ref_map=[]
.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ехеееј, абе пред да скокаш во длабока вода треба да научиш да пливаш. Не очекував дека ќе се дискредитираш толку лесно.

За добро на темава не сакам да ти одговарам овде, но сметај се за добредојден на форумот Историја каде што можеме дефинитивно да продолжиме со он-топик дискусија за сите овие прашања кои ги наведе и други што ќе ти паднат на памет.

Само пред да доаѓаш преиспитај ја сопствената суета дали ќе ти дозволи да признаеш кога си во грешка.
Во право си, мислењето беше оф-топик.
Благодарам за поканата, но би користел историја како алатка за дискутирање на надворешна политика, но не би дискутирал чисто историја. Можеби треба нова тема за македонска надворешна политика или мислењето да се префрли во темата за Русија.

Сепак, би сакал одговор на прашањата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Во право си, мислењето беше оф-топик.
Благодарам за поканата, но би користел историја како алатка за дискутирање на надворешна политика, но не би дискутирал чисто историја. Можеби треба нова тема за македонска надворешна политика или мислењето да се префрли во темата за Русија.

Сепак, би сакал одговор на прашањата.
Кратко и јасно, а за повеќе оди на форум Историја:

1. Креирањето на Македонската држава не е дело на Тито и не е заради ослабување на Србија, туку е резултат на масовното Партизанско движење на крај на 1944 година кога Вардарска Македонија е единствена република која е целосно ослободена и има 110.000 луѓе под оружје или повеќе партизани од сите останати републики во тој период заедно!

2. Федерализација помеѓу Бугарија и Југославија (а не експлицитно спојување на Пиринска и Вардаска Македонија) е проект на Политбирото кој не успева заради заладување на односите на Тито и Сталин.

3. И Мицотакис и Милошевиќ знаат дека таков еден напад нема да заврши со едноставна поделба на Македонија, туку со војна од пошироки размери, во која тие лесно ви можеле да излезат на крај губитници.
 
Последно уредено од модератор:

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
posle ova ukraina tesko da ostane suverena i teritorijalno nerascepkana drzava ,no podocna za toa da pocnam od pocetokot posle pobedata na putin nad zapadot okolu sirija koja ite kako gi tresna od zemja i sad i eu ovie moraa nekako da go vratat udarot i go vrakjaat onamu kade najmnogu boli ,a najmnogu go boli tokmu taa ukraina ,edinsven izlez na rusite na toplo more eden kup voeni bazi itn, itn.

e sega se e na masa kartite se podeleni se znae koj sto ima bitni se vlogovite ,prasenje br 1 dali eu saka zemja so dolgovi gladen narod koj ke treba da go hrani.....NE ,ne se budali valda ama im treba za da ja promenat momentalnata fakticka sostojba i da si gi lazat svoite narodi.

istovo vazi i za amerikancite deka tie seuste se broj 1 na megjunarodnata scena , a ne se toa mesto veke im go zedoja rusite i kinezite ,pa taka ovie ne im ostana nisto drugo osven da go napraat ovaj posleden nivni obid ili gledam veke se fatile za slamkata koja im ostana.

jasno e deka rusite go zavladeeja svetot so svoite resursi nafta gas blagorodni metali ,pa i ne moze da bide poinaku koga ovie drugite vekee iscicaa se sto im se najde ,za razlika rusija e 4 od svetov ima se vo izobilje.

e sega ke preminam na ukraina za borajv samo da kazam posle porazot vo sirija na sad vrtoglavo padna rejtingot na obama sto i onaka nema da e veke no za nase dobro mozda ovoj pad ke sedne republikanec od tipot na mckain.

ukraina, za sto ustvari se borat onie sorosoidi vo kiev se borat za restrikcii na gas se borat za robovladetelstvo se borat za gjubrinjata od eu da mozat da lazat da vetuvaat. e sega do kaj ke odi putin ke vidime ne e takov tip koj posle taka teska pobeda bi doziveal taka lesen poraz toa jas i bilo koj ne mozime da go kazeme.

ipak mozeme da procenime nekoj raboti sudejki spored slucuvanja vo minatoto jas mislam deka ukraina ja ceka ista sudbina na gruzija duri i pobolna veke vo najava e okupacija na krim i krakov ,jas iskreno navivam za janukovic i za putim veke mi se gnasi od ovoj dzgan kade so sila ne guraat fala im na grcive sto ne baniraat i sami ne znaat so usluga ni praat
 
Последно уредено од модератор:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ок тогаш, ако е така, тогаш госпожата со фризурата, не е ништо друго но лицемер. Кај е тука правниот поредок? Башка тоа, Јанукович има бајаги приврзаници во Украина, што ако ги повика и он неговите да го бранат? Дали тоа госпожата повикува на граѓанска војна? Башка тоа, како госпожата го стекнала своето богатство? Имаме ли информација за тоа?
И она не е чиста и нејзе ќе ја обесат подоцна, нели ќе се кандидира повторно. Прво овој треба на плоштад да го казнат. Јас верувам дека ако некаде се случи такво нешто сите останати ќе се плашат од силата на народот. А не вака, кради го својот народ, убивај па бегај.
 
Ф

Флеш

Гостин
И она не е чиста и нејзе ќе ја обесат подоцна, нели ќе се кандидира повторно. Прво овој треба на плоштад да го казнат. Јас верувам дека ако некаде се случи такво нешто сите останати ќе се плашат од силата на народот. А не вака, кради го својот народ, убивај па бегај.
Тимошенко официјално изјави дека не планира да се кандидира,веројатно е дека целосно се повлекува од политичкиот живот ...

http://www.kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=31864
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
И она не е чиста и нејзе ќе ја обесат подоцна, нели ќе се кандидира повторно. Прво овој треба на плоштад да го казнат. Јас верувам дека ако некаде се случи такво нешто сите останати ќе се плашат од силата на народот. А не вака, кради го својот народ, убивај па бегај.
еее колку револуции имало насекаде низ светот, па и таму. Советската револуција на пример, во која учествувале масовно и Украинци, однела над 10М жртви во граѓанската војна, завршила со режим кој направи масакр низ народот, било да те тоа глад, логори или чисто егзекуции. Револуциите на власт носат пак кралеви и цареви, само поинаку што се викаат. Бадијала потрошени човечки животи, ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom