Јас како што реков, разбирам зошто многумина ги мразат САД. Но, во Македонија не сме осетиле што значи руска контрола. Благодарение на Тито. Во поранешните советски држави знаат.
Русија нема ништо слично и блиско со Советскиот сојуз повеќе од самата Украина. Русија во Советската Ера изгубила територии попут Казахстан, Ерменија, па и Украина и Белорусија.Така да ако некој изгубил нешто со револуцијата, највеќе тоа било империјата Русија.
Македонија не може да му се спротистави ни на САД и ЕУ, ни на Русија. Македонија може да одбере од две зла, помалото. Полска, Чешка, Естонија одбраа ЕУ. А знаеш како се рекло, не прашувај гаталец, прашај паталец.
Македонија го одбра НАТО и ЕУ, беше прва после Словенија на тој пат, но за жал или би рекол за среќа, НАТО и ЕУ не не одбираат нас. Тоа би им значело кавга со 3 нивни сојунзици на балканот. Така народот свати дека од НАТО и ЕУ нема никаква корист и почна да гледа на друга страна. Ако во 1998 подршката за евроатланските интеграции беше 99%, сега подршката е помала од 50% и во тие 50% Албанците влегуваат 100%. А ако не гледаш на едната страна, тогаш гледаш на другата.
Јас не ја гледам Русија како некоја вукојебина лишена од секаква цивилизација, со енормна стапка на криминал, како што беше случајот кога на власт беше Јелцин. Можеби го нарекуваат Путин за диктатор, го нарекуваат за тиранин. Но сте се запрашале ли дали беше подобра тиранијата на криминалот и безумието за време на „демократот“ Јелцин. Русија е денеска држава со најголем интернет пазар во Европа. Држава со најголем извоз на туристи во Европа, најголем извозник на енергенси во Европа, најголем извозник на оружје во Европа. Држава која им застана на патот на самоволието на САД во Сирија. Зошто да не гледаме кон една таква држава, кога тие кон кои имавме симпатии, ни го свртеа грбот? Нас не ни требаат никакви Европаски инвестиции и фабрики, кои патем, ги отвараат тука, не од жал за нас, туку заради ефтината работна сила и даночните повластици што ги имаат. Нив не им се исплати да ни го подбрат стандардот. Нас ни е доволен само мал дел од Рускиот пазар, за да Македонија живне. Зошто да не гледаме кон Русија, тоа не го разбирам? Зарем после 2001 кога САД директно се вмеша во конфликтот од другата страна, и во 2004 кога дојдоа политичари од ЕУ да ни покажуваат часовници ја исфорсираа територијална поделба на Македонија, после 2008 година кога го изедовме најдолгиот во Букурешт, ние имаме уште што да гледаме на запад?
Од една страна се збори за Руската контрола, Руска окупација која не сме ја осетиле, која воопшто и не е Руска, туку Советска (Со тотално различен устав идеологија и сл). Но дали си се запрашал за контролата што сега ја имаме? Дали си се запрашал каде била првата воена интервенција на САД после втора светска војна и кое оружје за масовно уништување е користено(hint: Не е Кореја). Притоа да нагласам дека САД е истата држава со истата идеологија и устав од 1948 до ден денеска. Значи сме заборавиле нам што ни се десило, а ги сатанизираме оние кои и самите пателе, за нешто што и не сме осетиле како било. Дали не ти збори тоа за пропагандата која е присутна во Македонија. И таа пропаганда не е од 90, туку тука е од 1970тите. Дали ние отидовме нагоре од 1990 до сега. Ајде ако не си доволно возрасен запрашај се како се живееше тогаш а како сега. Притоа да нагласам дека не сум Ју-носталгичен, и да нагласам дека бевме последна дупка на свиралото наречено СФРЈ. Каде останавме со стандардот откако се препуштивме на САД и ЕУ? Добивме војна, насилна смена на устав, тиранија на малцинството врз мнозинството.
И затоа се поголем број ќе гледаат кон Русија, и затоа се поголем број со право ќе ја сатанизираат САД и ЕУ. Штета што имаме кратка меморија и не учиме од минатото и од нашите предци ...
.....па изгубивме 2 децении садејќи краставици со ѓаволот.....