RT нема објективност. CNN нема објективност. Ако некој мисли поинаку, тогаш е наивен.
Најди извори од сите страни. BBC, RT, Тwitter, пријатели во Украина. Оформи свое мислење и искажи го на форумов, но не цитирај руска владина пропаганда за конфликт во кој што Русија е вмешана. Како што никој не е глупав да верува на CNN, никој не е глупав да верува на RT.
-----------------------------------------------------------------------------------
Нема апсолутно никаква штета од изнесување на чисто руски ставови, токму поради сузбивање на пренатрупаноста со западњачки вести.
Вистината е најверојатно некаде по средина и добро е да се прави споредба на информациите.
Зошто сојузниците на САД се најбогатите држави во светот, а сојузниците на Русија не се. Ајде да ги споредиме Украина, Белорусија, Казахстан со Германија, Јапонија, Шведска, Данска. Стави ги тука и новите Чешка, Естонија, Полска.
Можеби затоа што сојузниците на Русија не се бивши светски колонизаторски сили? Можеби затоа што не го стекнале своето богатство со експлоатирање на други послаби држави?
Причините поради кои западните држави уживаат подобра благосостојба не се должи на сојузништвото со САД.
Единствената причина за развојот на сите горенаведени земји е отварањето на пазарот од страна на западот, а не анти-руски мерки и сојузништво со САД.
Придобивките од пенетрирањето на рускиот и западниот пазар се потполно исти.
Најголем економски партнер на ЕУ е Русија, а не САД.
Рускиот пазар е најзначајниот emerging market заедно со сојузниците од БРИКС, а не САД или ЕУ. Иднината на сите постоечки и потенцијални економии ќе биде во голема мера одредена преку освојување на овие пазари.
Зошто поранешните советски држави не можеа да дочекаат да се отргнат од руско влијание и не останаа неутрални или не се зачленија во новиот Сојуз на независни држави?
Веројатно поради истата причина поради која сите поранешни колонии на западните сили со векови војуваа за конечна независност.
Русија по ништо не се разликува од Шпанија, Германија, Британија или Франција.
Русија не е повеќе СССР од пред 60 години, како што Германија не е хитлеровската нацистичка држава.
Јас како што реков, разбирам зошто многумина ги мразат САД. Но, во Македонија не сме осетиле што значи руска контрола. Благодарение на Тито. Во поранешните советски држави знаат.
Твоето толкување на историјата се темели врз потенцирање единствено на лошите страни на Русија. Исто како што известува и CNN.
Прашај ги Полјаците за германската окупација, Словаците за унгарската 10 вековна окупација.
А после провери колку милиони Руси загинале за нивно ослободување, вклучително и за ослободувањето на нашите источни соседи од Турција.
Кога ќе одиш во Виена под дворецот Белведере стои позлатен споменик во чест на победата на советската војска. Со
златни букви е испишано следново:
"Eternal glory to the heroes of the Red Army who fell in battle with Germano-fascist occupiers - for the freedom and independence of Europe."
Македонија не може да му се спротистави ни на САД и ЕУ, ни на Русија. Македонија може да одбере од две зла, помалото. Полска, Чешка, Естонија одбраа ЕУ. А знаеш како се рекло, не прашувај гаталец, прашај паталец.
Не се работи за спротивставување туку за имањето резервна перспектива.
Русија одиграла клучна улога во историјата за многу земји, имала пресуден придонес да се создаде денешната република во рамките на повоена СФРЈ. Слободно наведи го придонесот на ЕУ досега
Што се однесува до паталците, слободно прашај ги луѓето во Шпанија, Португалија, Словенија и Грција колку им е добро сега
Има многу темни и светли примери од ЕУ, а според односот на ЕУ спрема Македонија некако слабо ми дава надеж дека ние ќе бидеме следната Чешка или Естонија.
Доколку ЕУ е зависна од Русија, како енергетски така и политички, не гледам најмала причина зошто не би требало да водиме иста политика на интереси и со едните и со другите.