Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
1619560_604752852945845_997520333_n.png
 
Дечки, ич не сум самоуверен дека ќе ги тепаме Торино. Три работи моментално ме плашат

1. Одбраната - Најомилениот дел на Мондо...Келини не успеа да се опорави од повредата за дербито, па по се изгледа на негово место ќе настапи Огбона. Затоа и сум толку несигурен во дечково, сигурно во Торино му ги знаат сите слабости во играта, па може Имобиле и Черчи да напаѓаат од таа страна и да го фатат на "искуство". Другото е Бонучи, кој е склон на киксеви. Не се знае како ќе му се погоди денот, така да и кај него гледам со резерва. Добрата работа е што Барѕаљи навреме се врати од повредата, и по се изгледа ќе биде вклучен во првиот тим
2. Торино - играат против нас како да е крај на светот. Најопасни ќе бидат од дуото Имобиле - Черчи, кои сигурно ќе им претставува проблем на нашите дефанзивци да ги сопрат. Башка тоа што сезонава целиот тим им игра добро, и моментално се наоѓаат на 8-та позиција. Дефинитивно им создаде навистина големи гвалоболки на поголемите екипи со своите настапи, така да мора да играме претпазливо против нив. А најтешкото ќе биде ако први примат гол... тогаш магично сите нивни фудбалери се трансформираат во Џејсон Ворхинс од Петок 13 франшизата. 100% по завршувањето на натпреварот ќе имаме некој од нашиве фудбалери во инвалидска количка
3. Заморот - И ова е голем - ОГРОМЕН + за Торино. Дефинитивно дуелот со Трабзон ќе си го направи своето на нашите фудбалери. Ете мотив + Торинците да играат со 102.5% од нивните можности. На клупа го имаат и Џампјеро Вентура кој го сметам за голем тактичар, па може и тој некако да ни ги помати сметките. Фудбалерите сигурно ќе чувствуваат притисок да победат по секоја цена, дека вчера Рома си ја заврши својата работа

Едино нешто позитивно што гледам од дуелов, е што играме на домашен терен, па така ќе имаме огромна поддршка од нашата публика. Сепак сакам на крај (нормално) да ги земеме трите бода и релаксирано да патуваме кон Турција.

Форца Јуве (y)[DOUBLEPOST=1393174955][/DOUBLEPOST]Едит: Касерес на местото на Огбона
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom