Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
Можеби Русија ќе плати 10.000 добро вооружени демостранти, како тогаш ќе ја среди земјата?
Коментарот ми беше за тоа како ќе бидело подобро со Тимошенко отколку сега (подобро жими газот). А ова со потегот на Русија додатно си оди во полза на тој муабет. Сигурно нема да седат мирно и да остаат НАТО да постави бази толку блиску до нив
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Дали ти имаш воопшто појма што значи фашизмот ?
Зависи од која гледна точка го поставуваш прашањето.

Од историски гледна точка, фашизмот е идеологија која произлегла од Националфашистичката Партија на Италија на чело со Бенито Мусолини.

Мусолини ја именувал својата партија фашистичка според римските фаши - дрвени прачки врзани околу секира, која била симбол на авторитарните власти и авторитарните службеници во Римската Империја, кои под истиот овој симбол имале право да изрекуваат и да извршуваат казни врз граѓаните. Случајно или не, истите тие дрвени прачки врзани околу секира ги има и во американскиот Конгрес, веднаш позади фотељата на претседателот на Конгресот, односно спикерот.

Но за време на Втората Светска Војна, а и после неа, под изразот фашизам се подразбира и нацизмот, а некои се обидуваат и сталинизмот да го стават под истиот израз, единствена причина зошто не успеваат во тоа е бидејќи Јосиф Висарионович Сталин, колку и да бил брутален диктатор, сепак не убивал луѓе во гасни комори и не се занимавал со масовно истребување на невини мажи, жени и деца како што тоа го правеле Хитлер и нацистите. Повеќе се занимавал со тероризирање и создавање на робовска сила за потребите на советските гулази, но тоа е веќе друга тема.

Од друга страна, од политички гледна точка, денес под фашизам се подразбира било какво движење или општествено уредување кое ги искористува сите можности за да предизвика политички вакуум во една држава со цел да дојде на власт во истата таа држава, а за да се задржи на власт секогаш наоѓа дежурни виновници, односно жртвени јагниња, за Хитлер и нацистите тоа биле Евреите и комунистите, за Сталин тоа биле кулаците, свештените лица и троцкистите - луѓе кои ги поддржувале идеолошките залагања и верувања на Лав Троцки, за социјалистичката влада на Венецуела на чело со Николас Мадуро тоа се приватните бизнисмени и странските инвеститори кои ги нарекуваат странски саботери, за американската влада на чело со Барак Хусеин Обама тоа е републиканското мнозинство во американскиот Конгрес кое не се согласува со неговите политики, за евробирократите во Брисел тоа се референдумите на кои граѓаните на државите членки на ЕУ гласаат против таканаречените европски стандарди, како на пример кога Французите, Холанѓаните и Ирците гласаа против Европскиот Устав, и ред други примери.

Дали и како можеме да го споредуваме фашизмот со ова што се случува денес во Украина ?

Да, можеме, и тоа многу едноставно.

Во Украина има политички вакуум создаден од протестите и немирите кои повеќе од очигледно не се масовни, бидејќи се случуваат исклучиво во Киев, а истиот тој политички вакуум допрва ќе биде искористен од страна на украинските националисти кои не се ни малку пријателски ориентирани кон руското малцинство, кое всушност е мнозинство во источна и во југоисточна Украина.

Каква врска има западот со ова ?

Многу едноставна - и западот го искористува ваквиот политички вакуум за своја корист со тоа што се заканува со санкции кон Украина, чија што, сега веќе поранешна влада, одби да потпише договор со ЕУ со кој на Украина ќе и беа доделени нови кредити, односно нови долгови, кои секако дека ќе удрат силно и болно по украинската економија која од поодамна се дави во долгови.

Со доаѓање на украинските националисти на власт, потпишувањето на ваквиот договор со ЕУ е повеќе од очигледно, а со тоа и идните задолжувања на Украина се повеќе од загарантирани, а кога ќе дојде цехот за плаќање, украинските националисти ќе имаат дежурни виновници, односно жртвени јагниња врз кои ќе ја префрлуваат одговорноста - поранешната влада и поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Тоа што украинските националисти сеуште не почнале да палат книги на отворени и јавни места и сеуште не почнале масовно да истребуваат невини мажи, жени и деца во гасни комори, не значи дека не се фашисти.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Одма се заборавија скандалите кои се појавија за Тимошенко и градежната фирма што ја имаше во сопственост, фирма која заработила над милијарда евра за година и пол :). Ама битно Јанукович не чини, а после 2 години затвор се простија сите гревови на Тимошенко.

Големиот дел од демонстрантиве од тоа што се заблудани да се оттргнат од челуста на волкот, не гледаат дека одат директно во челуста на лавот.
Можно не велам не. Со Тимошенко најверојатно нема да се смени многу во однос на тоа како до сега беше водена државата.

Не верувам во тие параноични кажувања дека се русите ќе биле чистени или се плашеле од новата власт која би можела да дојде. Сите ги знаеме што народ се русите, првиот момент ако се осетат репресирани они нема да ќутат и ќе се дигнат.

Плус не верувам дека има опозиционерски политичар кој нема да се обиде да има добри односи со Москва. Факт е дека Украина и Русија како блиски соседи мора да имаат и добри партнерски односи. Впрочем Тимошенко со Путин склучуваше договори за гас и нафта.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
Плус не верувам дека има опозиционерски политичар кој нема да се обиде да има добри односи со Москва.
Тоа можеше дури не се замешаа овие од запад. Тие си сакаат како што кажа Декстер да ја задолжат Украина уште повеќе, и притоа и НАТО да си постави бази таму кај сака. Е не можиш и да им го дозволиш тоа и притоа да имаш и добри односи со Русија. Не бива .....или џа или бу. Сo двете ако изградат добри односи кај има како нив, ама не можат.Ќе мора да бираат, затоа се и глупостиве
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Тоа можеше дури не се замешаа овие од запад. Тие си сакаат како што кажа Декстер да ја задолжат Украина уште повеќе, и притоа и НАТО да си постави бази таму кај сака. Е не можиш и да им го дозволиш тоа и притоа да имаш и добри односи со Русија. Не бива .....или џа или бу. Сo двете ако изградат добри односи кај има како нив, ама не можат.Ќе мора да бираат, затоа се и глупостиве
Зависи, сетот на односи Русија - Украина - ЕУ ми се чини дека е премногу комплициран за да се пресече за една страна.

Од едната страна на тасот ја имаме Русија со елемент на јазична и културолошка поврзаност, економска поврзаност со гас и транзит на гас за Европа како и пласирање на прехрамбени и производи од металргијата на пазарите во Русија и Казакстан (поголемиот дел од производите од истокот на Украина се пласираат на руските пазари).

Од друга страна ја имаме ЕУ која нуди нов моќен економски пазар со нови можности, знаења во разни области кои Украина треба да ги среди (развиток на региони, корупција, судство итн..), ЕУ фондови, субвенции и триста работи. Исто така и трговските договори ќе ја рашират соработката.

Балансирањето дефинитвно е тешка задача но не и неизводлива за добар политичар. Проблемот е што Украина ваков политичар моментално нема а и досега немала :)

Јас Кличко верувам дека е искрен во намерите и желбите за подобра Украина за разлика од Тимошенко и Јанукович, али се сомневам дека го има потребното знаење и вештина да го спроведе тоа.

Проблемот на Западот во овие ситуации е што влегува како слон во стаклара. Премногу брзо селектира негативни и позитивни политичари и зазема страна сметајќи дека така побрзо ќе го реши проблемот наместо да проба да ја смири топката. Исто така некогаш се впуштаат во расправање на проблемите во кои што немаат доволно познавање за моменталната ситуација.

Русија ги има сличните проблеми што некогаш и се одлучува за порадикални решенија, зазема страна и подгрева ситуација.

Исто така мислам дека Русија многу повеќе е загрижена ова дејствување да не се прелее во републиките во Русија кои се доминантно не-руски.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Тоа можеше дури не се замешаа овие од запад. Тие си сакаат како што кажа Декстер да ја задолжат Украина уште повеќе, и притоа и НАТО да си постави бази таму кај сака. Е не можиш и да им го дозволиш тоа и притоа да имаш и добри односи со Русија. Не бива .....или џа или бу. СО двете ако изградат добри односи кај има како нив, ама не можат.Ќе мора да бираат, затоа се и глупостиве
Во Украина има 2 политички струи, кои во минатите 10 години се диференцираа толку многу, што се случи ова што се случи. И двете струи имаат речиси подеднаков број на следбеници. Проблемот не е само етнички, туку е и религиозен и идеолошки. Тој што го направи ова добро го избработи и во краен случај ја подели земјата. Но „војната“ во Украина не се одвива само последниве 3 месеци, така да и една победена битка не значи и освојувана победа во таа војна. Тука има уште многу да се игра.

Што се однесува до џа или бу ситуација. Сеуште сме далеку од тоа. Имај во предвид дека Русија го извезува својот гас во Европа....
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Денес во гратчето Керч, опозицијата се обиде да држи говор, и насобраната толпа почна да ги гази. Едните се Украински националисти кои ја мрзат Русија, додека другите се Руси или про-Руски настроени и ги доживуваат првите како фашисти (со оглед на блиското минато).


http://www.youtube.com/watch?v=ghZkyA1zAHQ
.
Аналогно на ова е да отидеш во Арачиново и да им држиш говор за Македонија на Македониците и Обединета Македонија.

Ова е уште еден пример зошто една држава треба да се стреми да нема малцинство поголемо од 5%.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Можно не велам не. Со Тимошенко најверојатно нема да се смени многу во однос на тоа како до сега беше водена државата.

Не верувам во тие параноични кажувања дека се русите ќе биле чистени или се плашеле од новата власт која би можела да дојде. Сите ги знаеме што народ се русите, првиот момент ако се осетат репресирани они нема да ќутат и ќе се дигнат.

Плус не верувам дека има опозиционерски политичар кој нема да се обиде да има добри односи со Москва. Факт е дека Украина и Русија како блиски соседи мора да имаат и добри партнерски односи. Впрочем Тимошенко со Путин склучуваше договори за гас и нафта.
Ништо нема да се смени со Тимошенко, впрочем си имаше шанса да се покаже, и мое мислење е дека кога Јанукович на легални избори си ја поврати власта поспе Портокаловата револуција, и според тоа мислам дека Тимошенко нема ниту кредибилитет ниту пак способност да ја издигне Украина во она што може да биде.

Сега Тимошенко си добива слава поради тоа што беше во затвор, и како да демонстрантите се солидализираат со нејзината состојба како „жртва“ од Јанукович.
Зависи, сетот на односи Русија - Украина - ЕУ ми се чини дека е премногу комплициран за да се пресече за една страна.

Од едната страна на тасот ја имаме Русија со елемент на јазична и културолошка поврзаност, економска поврзаност со гас и транзит на гас за Европа како и пласирање на прехрамбени и производи од металргијата на пазарите во Русија и Казакстан (поголемиот дел од производите од истокот на Украина се пласираат на руските пазари).

Од друга страна ја имаме ЕУ која нуди нов моќен економски пазар со нови можности, знаења во разни области кои Украина треба да ги среди (развиток на региони, корупција, судство итн..), ЕУ фондови, субвенции и триста работи. Исто така и трговските договори ќе ја рашират соработката.

Балансирањето дефинитвно е тешка задача но не и неизводлива за добар политичар. Проблемот е што Украина ваков политичар моментално нема а и досега немала :)

Јас Кличко верувам дека е искрен во намерите и желбите за подобра Украина за разлика од Тимошенко и Јанукович, али се сомневам дека го има потребното знаење и вештина да го спроведе тоа.

Проблемот на Западот во овие ситуации е што влегува како слон во стаклара. Премногу брзо селектира негативни и позитивни политичари и зазема страна сметајќи дека така побрзо ќе го реши проблемот наместо да проба да ја смири топката. Исто така некогаш се впуштаат во расправање на проблемите во кои што немаат доволно познавање за моменталната ситуација.

Русија ги има сличните проблеми што некогаш и се одлучува за порадикални решенија, зазема страна и подгрева ситуација.

Исто така мислам дека Русија многу повеќе е загрижена ова дејствување да не се прелее во републиките во Русија кои се доминантно не-руски.
1. Балансирање колку и да се има, секогаш едната страна на вагата ќе биде потешка, а во овој случај опозицијата ќе тежнее кон Европа (да не им биде залуден трудот и вложувањата на европејците), што не значи дека и во иднина ќе биде така. Никој не гарантира дека по 4 години, на следните избори, нема повторно да се врати некој нов Јанукович со Русија позади него, ама овој пат поучен од грешките на претходникот.

2. За вториот болд, сметам дека си пристрасен кон Западот. Имаш милион докази низ нетов колку пари западов фрли во Украина за да падни легитимно и легално избран Претседател. Не ги организираа тие протестите (барем не отпрво), но имаа голема улога, тоа е факт. Тоа ако не е заземање страна, и онака безобразно и арогантно мешање во внатрешните работи на суверена и независна Украина, тогаш немам зборови. Зарем Европа и Америка не подгреваа ситуација? МекКејн со кој се сретнуваше за време на протестите? Зарем немаше еден куп актери,пеачи од Европско и Америчко потекло кои кажуваа „солидарност со народот во Украина“ а гарантирам дека истите тие не знаат Украина на карта да ја покажат? А зошто Русија да не смее да го прави истото што го прави и западот?
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
Зависи, сетот на односи Русија - Украина - ЕУ ми се чини дека е премногу комплициран за да се пресече за една страна.

Од едната страна на тасот ја имаме Русија со елемент на јазична и културолошка поврзаност, економска поврзаност со гас и транзит на гас за Европа како и пласирање на прехрамбени и производи од металргијата на пазарите во Русија и Казакстан (поголемиот дел од производите од истокот на Украина се пласираат на руските пазари).

Од друга страна ја имаме ЕУ која нуди нов моќен економски пазар со нови можности, знаења во разни области кои Украина треба да ги среди (развиток на региони, корупција, судство итн..), ЕУ фондови, субвенции и триста работи. Исто така и трговските договори ќе ја рашират соработката.

Балансирањето дефинитвно е тешка задача но не и неизводлива за добар политичар. Проблемот е што Украина ваков политичар моментално нема а и досега немала :)

Јас Кличко верувам дека е искрен во намерите и желбите за подобра Украина за разлика од Тимошенко и Јанукович, али се сомневам дека го има потребното знаење и вештина да го спроведе тоа.

Проблемот на Западот во овие ситуации е што влегува како слон во стаклара. Премногу брзо селектира негативни и позитивни политичари и зазема страна сметајќи дека така побрзо ќе го реши проблемот наместо да проба да ја смири топката. Исто така некогаш се впуштаат во расправање на проблемите во кои што немаат доволно познавање за моменталната ситуација.

Русија ги има сличните проблеми што некогаш и се одлучува за порадикални решенија, зазема страна и подгрева ситуација.

Исто така мислам дека Русија многу повеќе е загрижена ова дејствување да не се прелее во републиките во Русија кои се доминантно не-руски.
Тоа што ќе го велев го кажа членот над мене. Горе долу ќе се сложам со него. Ако можат со двете да соработуваат ќе нема како нив ама тешко таква работа. Ќе се лути другата страна :cautious:[DOUBLEPOST=1393120621][/DOUBLEPOST]
Во Украина има 2 политички струи, кои во минатите 10 години се диференцираа толку многу, што се случи ова што се случи. И двете струи имаат речиси подеднаков број на следбеници. Проблемот не е само етнички, туку е и религиозен и идеолошки. Тој што го направи ова добро го избработи и во краен случај ја подели земјата. Но „војната“ во Украина не се одвива само последниве 3 месеци, така да и една победена битка не значи и освојувана победа во таа војна. Тука има уште многу да се игра.

Што се однесува до џа или бу ситуација. Сеуште сме далеку од тоа. Имај во предвид дека Русија го извезува својот гас во Европа....
Имам во предвид. Баш и затоа го велам ова. Нема Русија да дозволи туку така ЕУ да им ги контролира главните гасоводи . Не можи Украина да спие со ЕУ а притоа да искажува љубов и да флертува со Русија. Ќе има казна тука на ваков или онаков начин. Ако треба и ќе ја поделат
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.285
dali zmija da te klukni ili magare da ti go cukni....
Se na se vistina ukraincite ni se bratski narod, pokazaa deka se glupi kolku nas (duri mozda malku poglupi)...
Друже на целава срање ситуација ,твојов коментар баш беше на место и ме насмеа после 36 страни. Иди сега на темата ``зашто нема револуција во Македонија`` и објасни им дека ние сме премногу паметен народ кој не пага на провокации да се коле мегу себе додека политичарите го крадат. Ние бегаме надвор од државата и еден ден може политичарите ке сфатат дека држава без народ не бива (y).[DOUBLEPOST=1393123646][/DOUBLEPOST]
Тоа можеше дури не се замешаа овие од запад. Тие си сакаат како што кажа Декстер да ја задолжат Украина уште повеќе, и притоа и НАТО да си постави бази таму кај сака. Е не можиш и да им го дозволиш тоа и притоа да имаш и добри односи со Русија. Не бива .....или џа или бу. Сo двете ако изградат добри односи кај има како нив, ама не можат.Ќе мора да бираат, затоа се и глупостиве
Југославија можеше и тоа 40 години и затоа заврши така катастрофално.[DOUBLEPOST=1393124101][/DOUBLEPOST]
Јас Кличко верувам дека е искрен во намерите и желбите за подобра Украина за разлика од Тимошенко и Јанукович, али се сомневам дека го има потребното знаење и вештина да го спроведе тоа.
Како може масон да биде искрен во намерите за својата земја, кога баш он повика НАТО да ја бомбардира Украина !?!??!?!?
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Го повикува народот да го донесат Јанукович да го судат на плоштад.

Ќе прават талибан судење.
Што има лошо во тоа?
Баш имотот му го разгледував што го спечалил. Треба јавна бесилка. Таков чин е добар за и следниот да го обесат.

Се прашувам дали ќе доживеам и нашиве да ги обесат на плоштад. Системите мора да се менуваат.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Од каде протестантите знаат да пукаат толку прецизно со снајпер?
Немој да речиш дека некој random студент од Ивано-Франковск дошол и ко му дале пушка одма знаел да пука и каде да пука. Мирните протестанти им служат како алиби. А заткулисната војна ги донесе жртвите.
Демократија е похаотична од диктатура, сигурно. Има протести, различни интереси, борба за превласт,
но можеш да го изразиш своето мислење преку гласање, протест, јавно да изјавиш дека премиерот е идиот,
без да те затворат и тебе и твојата фамилија. Замисли си како е да живееш во таква ситуација, каде секој разговор со пријатели,
секој збор може да те кошта многу.
Smells like Macedonia. Демократска држава каде што секој збор може скапо да те чини.
Се гледа кој сака да запали и на кој му одговара такво крваво сценарио. Само Руски медиуми излегуваат со сензационалистички наслови како „УБИЕН РУСИН“ или „демонстратнтите ја нападнаа претседателската палата“ итн..
Дали знаеш што се случи со земјата која уби руски мировни сили? Или државјани на РФ? За разлика од некои демократски држави, Русија има право да го заштити својот граѓанин, па ако сака нека е и на месечината. Потсети се на Грузија, држава која имаше оружје од западот, ја нападна Ј.Осетија, држава населена од Осетијци, која со Словените нема допирна точка. Ама голем дел од населението има државјанство на РФ. Ако не беше западот, и војната да потраеше барем два-три дена, верувај дека Тбилиси ќе беше обоен во тробојка.
Луѓето што неколкуте денови претходно се нарекуваа терористи и нацисти. Дали овие ви личат на такви?
Реално гледано, и македонските сили убиваа терористи во Љуботен, па на крајот западот констатира дека убиле цивили. И јас од работнички алишта во обични алишта можам да преминам за половина саат, со едено добро капење и обична облека. Можеби можат да ја фрлат облеката во која 'протестирале', ама крвта на убиените протестанти, беркути и обичната полиција нема.
Нека им го дадат Крим на Русите за гаранција дека русите нема повеќе никакви проблеми да им прават и нека ги остават на раат луѓето. Крим и така никогаш не бил украниски.
Крим и никогаш не бил во Украина. Затоа и има статус на Автономна Република. Ако бил украински немало на него да има седиште на морска флота на друга држава. Севастопољ е седиште на Црноморската флота на руските поморски сили.
И стварно сте ми чудни со овие ставови вие на пример каква ја сакате Македонија независна или со про Српско влијание на пример што им се лутите на Украинците кога си сакаат независна од Руско влијание Украина.
Ајде пак од почеток. Српско влијание а? Колку проценти се србите во Македонија? Колку проценти од Македонците зборуваат српски јазик како мајчин? Дали српската војска има база во Свети Николе?
Ако некој за 20 евра протестира и си го ризикува животот, значи државата е за у пичку материну. До 20 евра чим е дојдено сите политичари од срам треба оставки да си дадат.
Тие ако се продаваат за 20 евра, нашиве се продаваат за сендвич. Па види која е срање држава. Украинците произведуваат пченица, а Македонците ја купуваат од Србија или Аргентина.
Коментарот ми беше за тоа како ќе бидело подобро со Тимошенко отколку сега (подобро жими газот). А ова со потегот на Русија додатно си оди во полза на тој муабет. Сигурно нема да седат мирно и да остаат НАТО да постави бази толку блиску до нив
НАТО има бази во земјите од поранешниот Варшавски блок. Да речиме во Полска. Искандер има радиус на дејствување од 500 км. Растојанието од Калининград до Варшава е 280 километри. па види кој би го кркал. Берлин е на повеќе од 500 км, ама Германија е на помалку од 500 км од Калининград. Не се будали Русите што не го дадоа на Полска или Литванија. Знаеја какви држави се тие. Се знае дека половина од Варшавскиот пакт беа дел и од Хитлеровата коалиција.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Сите овие настани се пораз за руска надворешна политика.

Значи кратко и јасно

НАТО-1 Русија-0

Тоа е тоа..
 
Последно уредено:

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Додека Украинците се убиваат по улиците меѓу себе, додека живеат во сиромаштија погледнете во каков луксуз живеат политичарите им. Се појавија фотографии на преземена од демонстрантите резиденција на Јанукович. Сега ако има фер медиуми треба да покажат и резиденциите на гасната принцеза Јулија Тимошенко.
http://zyalt.livejournal.com/1007568.html
http://tabloid.pravda.com.ua/photos/5308c12cd42ee/



























Приватна зоолошка градина




Цената на револуциите секогаш се плаќа од обичниот народ, тоа многу наскоро ќе го разбере целиот украински народ независно дали се украински националисти или проруски настроени граѓани.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.891
Поени од реакции
13.002
Па о не е баш сеуште издвојувана таа победа на Сад. На Украина им се потребни очајно пари, а 50 милионска земја во моментов освен Русија и Кина, Западот не е способен да ја спонзорира. Тоа не беше во состојба едно 11 милионска Грција да ја спасува не па некоја Украина. Русија знаеше за каков тип на владетел е Јанкувоич и дека позади него стојат корумпирани структури, истото и западот го знаеше но никој не реагираше на неговата победа на изборите. Јанукович се фати оро да игра со двете страни, за да на крај заврши неславно иако се обиде за приближување кон Русија. Последните 2 месеци Русија имаше неутрален однос кон Јанкувич. Путин имаше 2 средби во Сочи и сега пред некоја недела, со тоа што од 15 милиарди евра исплатена е само една транша кон Украина.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom