историјата се повторува - Западот ја користи фашистичката идеологија како еден вид брана од руското влијание........уште Русија остана земја која го слави денот над победата на фашизмот(од Сојузниците во WW2),за разлика од Западот.
иначе има историја во ова што се случува,не е од вчера,украинските фашисти му служеа на Хитлер во WW2
Има причина зошто западот не ја слави победата над фашизмот, а таа причина е едноставна - западот никогаш не извојува победа над фашизмот, туку се зарази со фашизам, како вирус што се шири од едно тело во друго тело, западот стана новиот нулти пациент кој боледува од фашизам, односно новото тело кое го шири фашизмот.
И Адолф Хитлер и нацистите своевремено тврделе дека се залагаат за уставна власт, ред и мир во Австрија кога го извршиле аншлусот на Австрија, ја оправдувале својата агресија кон Чехословачка тврдејќи дека германското малцинство во Чехословачка, кое всушност било мнозинство во Судетската област, е жртва на репресии и угнетувања, па дури и самиот напад врз Полска на 1 септември 1939 го правдале со телата на погубени полски војници кои наводно извршиле напад од полска територија врз територијата на Нацистичка Германија, додека денес целиот свет знае дека тие "полски војници" всушност биле погубени германски затвореници од полско потекло, облечени во полски воени униформи.
Но Украинците веќе си ја имаа својата таканаречена Портокалова Револуција во 2005 година и сепак не научија ништо од лагите кои западот му ги сервира на светот под името слобода и демократија.
Но нека си е, човековата еволуција не е никаков фактор кога одредени луѓе не ги користат сопствените мозоци за да направат споредба помеѓу ова што се случува денес во светот и тоа што се случувало во светот во текот на претходниот век, од наједноставна причина - бидејќи не ги научиле најважните лекции од историјата.
Од тука следува заклучокот дека за жал, историјата се повторува.
Тоа што некој доаѓа на власт во некоја земја не значи дека земјата е во негова сопственост и тој да си прави што сака. Изгледа политичариве од Источна Европа така ја разбираат оваа работа. Тој единствено добива овластување од народот да ја води државата во наредните 4-5 години.
Замисли сега ние во Македонија некого изгласаме со две третинско мнозинство во парламентот и тој утре се реши да го смени уставот и реши Македонија да ја претвори во монархија и он да се прогласи за Божји намесник и крал на Македонското царство. Се е по закон и устав така? Али нешто очигледно не чини така? И задутре ние ако излеземе да се буниме он да ти рече тебе „ама ја сум легитимен водач, ти немаш право да ме смениш“.
Хехехе, делуваш како вистински борец за слобода, демократија, но најважно од се, правда.
Но истовремено делуваш како да игнорираш еден многу важен факт - во Македонија веќе постојат такви луѓе кои ќе ти го извадат Уставот пред очи и ќе ти кажат дека Уставот ги оправдува нивните фашистички постапки.
Доколку не знаеш за кои луѓе зборувам, еве ти мала помош - се нарекуваат себеси најголемо малцинство во Македонија и обожаваат да именуваат улици, булевари, мостови, плоштади, училишта и ред други места и/или институции со имињата на фашисти, балисти и други воени злосторници, а омилени изрази им се етнички соживот и рамковен договор.
Од тука мојот одговор на твоето прашање околу воведувањето на монархија или било какви други глупости е - И ТОА КАКО САМО ИМА ДА ГО ПРИФАТАТ, БИДЕЈЌИ ЌЕ БИДЕ ЛЕГАЛНО, токму како што ти спомна, исто како што и Хитлер и нацистите легално дошле на власт на фер и демократски парламентарни избори во јануари 1933, па Германците и тоа како само си молчеле кога Хитлер и нацистите го уништувале демократското општествено уредување, само бидејќи сето тоа било легално, а како што знаеме, молчењето значи одобрување.
Очигледно забораваш дека Македонија е земјата на чудата.