Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.011
Па и руските олигарси, баш тие кои најмногу серат по западот и го финансираат Путин, не живеат во Москва или Киев, во Лондон живеат.
Руските олигарси, Путин ги гони еден по еден. Хинт Береозвски, Кходоровски и тн. Путин им испрати јасен сигнал да го вратат капиталот назад во Русија или ќе бидат гонети до крајот на светот. Да не се навраќам пак, тие олигарси беа создадени во ерата на Јелцин, и широко прифатени на запад со што самите се наклонети кон нив.
Јас не гледам тие да пљукаат по западот а да го финансираат Путин, туку обратно. Инаку да не се лажеме секаде има олигарси, само што на пример Американските си вложуваат во својата земја и поради тоа си ја имаат заштита од самата држава и создаваат транснационални коорпорации кои подоцна и те како имаат улога во политиките на своите земји. Ама ајде не е ова тема. Единствени олигарси што останаа со Путин од старата багра се Абрамович, Прохоров и Чубејс. Туку не е тоа темата, се извинувам за офтопикот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
овие кои излегле на протести не се ни 1% од народот во Украина,протестите никогаш не биле мирни ,тоа се виде и минатата ноќ кога и покрај тоа што беше прогласено примирје некои радикални структури утрово повторно почнаа со провокации и самите тие рекоа дека тие со никого не прогласиле примирје,што значи дека и меѓу самата опозиција нема единство
Моментално не е затоа што се водат битки.
На почетокот кога протестите беа релативно мирни и кога не излегоа од контрола имаше огромна маса на луѓе во Киев и пола од областите во Украина откажаа послушност на централната власт.
Во секој град во Украина имаше протест освен во Доњецк и на Крим. Што позападно тоа беа поуспешни,но во скоро секој град имаше демонстранти - дури и на истокот.

Тоа и те како е повеќе од 1% од народот,а башка на секој излезен доаѓаат уште по 5-10 души што седат дома.

Јанукович можеше фино лепо да си распише предвремени,па ако е толку јак за сва времена да ги утепа мирно опозиционерите.Само не, он одбра да киднапира членови на опозицијата и да ги вози во гепеци околу Киев,да ги пушта малку по малку Беркут на демонстрантите што само уште толку ја подгра ситуацијата и ги направи протестите понасилни.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.011
Добро бе, не ви текнува како почна?

Ова што се случува во Украина е доказ на се помоќното влијание на Русија во светот на кое сме сведоци изминативе неколку години.

Западот како што почнал да губи последниве години од Русија, не губел ни во годините после 2СВ.

Логиката ви е грешна, не е следна Москва, следен е Берлин.
Некако се повеќе се блиски Путин и Меркел.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.664
А што е со Лукоил? Преку ноќ цела Македонија се стори со Лукоил бензински...после Самсоненко? Толку пари вложување само кај нас зошто ја сака државава или Вардар? Жими такво...целата поента е ширење на русите на балканот :D
Лукоил на времето коа доаѓаше на македонски пазар, ако добро се сеќавам у договорот кој го потпишаа за соработка со нашата Влада се обврзаа за одреден временски период да изградат одредена бројка на бензиски пумпи.
Самсоненко ама баш ич не е никаков играч у муабетов и нема некакво влијание баш на политичкава сцена кај нас, он тука си е чисто од бизнис интереси.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
убаво кажа TheTrooper неколку поста поназад дека не требаше да се дозволи да дојде до ова од страна на Јанукович.

Али слатка е власта. Требаше навреме да ја смири ситуацијата по цена и да изгуби власта на предвремени избори, али реши да тера со глава на ѕид. И резултат на тоа се преку 100 убиени луѓе за кои што он како претседател е одговорен. Сега најверојатно и ќе сноси последици.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Што мајка бара и Русија да се меша таму каде што може ? Големите сили си се однесуваат како и секогаш и секоја влијае на другите точно толку колку што моќта и дозволува.
САД е моментално единствена империја - тие дрмаат насекаде низ светот.
Русија е сила со лимитирано глобално влиание - дрма низ комшилукот и пробува на уште неколку места во пошироката околина.

Секогаш големите сили низ целата човекова историја застанувале на нечија страна во судирите на помалите,па дури и во судирите во некоја друга сила.
Така било,така и ќе биде.
Комшилукот на Русија има широк карактер, од САД, Јапан, Канада, Кина на исток до Европа и блиски Исток на запад.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Комшилукот на Русија има широк карактер, од САД, Јапан, Канада, Кина на исток до Европа и блиски Исток на запад.
Бившите советски републики и варшавскиот пакт....
 

DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Дека имаше шанси е точно. Погрешно работеше, сите тие насилства уште од времето на Сталин им се вратија по глава и затоа мислам дека сега ја научија лекцијата. Друга работа, не значи дека ако земјите од Источна и Централна Европа се во ЕУ и НАТО дека вечно ќе останат таму, нити дека НАТО и ЕУ се вечни. И СССР и Варшавскиот пакт изгледаа како да ќе траат вечно па не беше така. Франција,Британија,Германија сега се заедно против Русија нели? Немале ли тие меѓусебни непријателства и војни низ историјата? Нештата можат брзо да се сменат.[DOUBLEPOST=1392932641][/DOUBLEPOST]
Не можиш ама сепак тие се криви не? Крив е народот што одбрал таква влада, па народот нека си ја тргни и нека си се средат сами. Што мајка бараат ЕУ и САД да се мешаат тогаш? Ене во Каталонија протестираат не се задоволни ама ЕУ и САД ги нема да кажат нешто за тоа. Што не земат да ја бомбардираат Шпанија и да ја турнат владата ? Нека ја бомбардираат Британија и нека им даат самостојност на Шкотска на пример ако толку се поштени и чесни. Нека ни ја тргнат Грција од патот и нека ни ги вратат земените делови ако толку ја почитуваат правдата. Ама не одговара нели?
Баш тоa го велам јас дека самите украинци се криви како што и ние сме сами криви што во изминативе 20 и кусур години дозволивне толку срања од сите политичари.. Исто и тоа го велев кога спомнав дека во нормална европска држава во кои спаѓаат Шпанија и Британија не можат ништо да направат САД.. А ЕУ и САД мислам дека сите се сложуваме дека се мешаат оти имаат интерес исто како и Русија и тое во политиката е сосема легитимно..
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Што бара и Русија да се меша таму каде што може ?
Да не очекуваш Русите така лесно да ги остават Украинците да влезат во ЕУ/Нато,да им дојдат на 600 км. од Москва,буквално пред портите на државата ? Потезите на Русија во случајов (уценувањето на Украина) се сосема оправдани,секоја голема сила би постапила слично.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Да не очекуваш Русите така лесно да ги остават Украинците да влезат во ЕУ/Нато,да им дојдат на 600 км. од Москва,буквално пред портите на државата ? Потезите на Русија во случајов (уценувањето на Украина) се сосема оправдани,секоја голема сила би постапила слично.
А кога ЕУ сака да го прошири и освежи својот заситен и пазар во опаѓање тоа не е оправдано,а кога Русија сака да ведри и облачи во некоја земја затоа што и е на граница тоа е оправдано така ?
Ајде без лицемерие...

Секоја сила си се однесува така како што и одговара и дебилно е во најмала рака да се демонизираат едните,а другите да се прикажуваат како некоја праведна опозиција која што ете херојски се спротиставува на лошиот запад.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Моментално не е затоа што се водат битки.
На почетокот кога протестите беа релативно мирни и кога не излегоа од контрола имаше огромна маса на луѓе во Киев и пола од областите во Украина откажаа послушност на централната власт.
Во секој град во Украина имаше протест освен во Доњецк и на Крим. Што позападно тоа беа поуспешни,но во скоро секој град имаше демонстранти - дури и на истокот.

Тоа и те како е повеќе од 1% од народот,а башка на секој излезен доаѓаат уште по 5-10 души што седат дома.

Јанукович можеше фино лепо да си распише предвремени
,па ако е толку јак за сва времена да ги утепа мирно опозиционерите.Само не, он одбра да киднапира членови на опозицијата и да ги вози во гепеци околу Киев,да ги пушта малку по малку Беркут на демонстрантите што само уште толку ја подгра ситуацијата и ги направи протестите понасилни.
Не,Јанукович требаше фино лепо да изнесе тенковите и булдожерите и да исчисти таа шака јада ,а не да дозволи да му се инфилтрираат разно разни странски платеници кои за 2000 долари дневно се спремни да запалат држава од 40 милиони народ.Секаде се протестира (добро де не баш секаде исклучок е Македонија)и се судираат со полицијата ама ти да тргнеш со снајпери и калаши да се обрачунаваш со полиција е тоа никаде не се толерира,пробај во САД така има да те нема за 1 секунда,сети се како си поминаа Occupy wall street,ги разбуцаа ко партали
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Не,Јанукович требаше фино лепо да изнесе тенковите и булдожерите и да исчисти таа шака јада ,а не да дозволи да му се инфилтрираат разно разни странски платеници кои за 2000 долари дневно се спремни да запалат држава од 40 милиони народ.Секаде се протестира (добро де не баш секаде исклучок е Македонија)и се судираат со полицијата ама ти да тргнеш со снајпери и калаши да се обрачунаваш со полиција е тоа никаде не се толерира,пробај во САД така има да те нема за 1 секунда,сети се како си поминаа Occupy wall street,ги разбуцаа ко партали
Ајде бе златен исчисти ја ти таа "шака јада да те видам".Да видиш тогаш што ќе се случеше....граѓанска војна истиот момент ќе добиеше во најдобар случај.
Мислиш така се чистат 20.000 луѓе. Пола ЈНА 1800 луѓе речиси еднакво наоружани како овие на Мајдан 3 месеци не можеше да ги расчисти во Вуковар.

Иначе војската прва на почетокот му откажа послушност и кажа дека ќе биде неутрална.
А и башка мислиш дека секој жандар со цело срце иде и се тепа таму ? Мало морген...
Јанукович ги прати сите сили,ама толку му се силите.

п.с Може да ми ги посочиш платениците во редовите на демонстрантите и да ми кажеш од каде цифрата 2000 долари дневно ? Да се пријавам и ја да отидам....ако треба и за 10% од оваа цена.Да фрлам камења и молотови коктели и те како знам.


п.п.с Кој прв почна со пукање и чиви беа првите жртви ? :свиркам:
Затоа што проба Јанукович да ја растера шаката јада доби ваков отпор.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не,Јанукович требаше фино лепо да изнесе тенковите и булдожерите и да исчисти таа шака јада ,а не да дозволи да му се инфилтрираат разно разни странски платеници кои за 2000 долари дневно се спремни да запалат држава од 40 милиони народ.Секаде се протестира (добро де не баш секаде исклучок е Македонија)и се судираат со полицијата ама ти да тргнеш со снајпери и калаши да се обрачунаваш со полиција е тоа никаде не се толерира,пробај во САД така има да те нема за 1 секунда,сети се како си поминаа Occupy wall street,ги разбуцаа ко партали
Си ги смешал брзините дечко, полицијата и специјалните единици Беркут, заедно со платениците татушки пукаат по сопствениот народ.
http://www.radiosvoboda.org/media/video/25270710.html
http://ukrstream.tv/videos/siloviki_obstriliuiut_aktivistiv_maidanu_armed_forces_shoot_protestors#.UwaIPflwp_5
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Ајде бе златен исчисти ја ти таа "шака јада да те видам".Да видиш тогаш што ќе се случеше....граѓанска војна истиот момент ќе добиеше во најдобар случај.

Па војската прва на почетокот му откажа послушност и кажа дека ќе биде неутрална.
А и башка мислиш дека секој жандар со цело срце иде и се тепа таму ? Мало морген...

п.с Може да ми ги посочиш платениците во редовите на демонстрантите и да ми кажеш од каде цифрата 2000 долари дневно ? Да се пријавам и ја да отидам....ако треба и за 10% од оваа цена.Да фрлам камења и молотови коктели и те како знам.
епа гледаш за колку лесно се продаваш ,па немало да најдат во Украина будали да пукаат и палат,се се тоа членови на радикални структури кои ги боли и за Јанукович и за Кличко
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
епа гледаш за колку лесно се продаваш ,па немало да најдат во Украина будали да пукаат и палат,се се тоа членови на радикални структури кои ги боли и за Јанукович и за Кличко
:facepalm: Од цел пост сериозно одговори на заебанцијата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom