Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    679

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
.. ако прочитам уште еднаш „униполарен“, ќе се откажам од темава. :X3:
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Луѓе се тепаат, гинат...вие сте запнале за гомно што го посрале на истокот а смрди на западот....која и да е причината, колку и да е лоша ситуацијата, немој да ми кажуваш дека украинскиот народ самиот се бунел пошто им било лошо... Добро бе 45милиона имаат популација....1 милион народ нема на протестиве...НИ ЕДНА ДОБРА ПРИЧИНА НЕМА ЗА ВАКВО НЕШТО...него кај нас кога ќе дојдат слични срања за некој месец што ќе правиме ????
Можеш да кажеш кој би правел срања кај нас?
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.682
Поени од реакции
12.600
Можеш да кажеш кој би правел срања кај нас?
Што знам....„инцидент“ неаме подлого време.....Гостиварските албанчиња „мали ангелчиња“ сме ги затруле..... Избори ни се спремаат, а резултатит од истрагата за Кингерот се готови али ќе бидат достапни на јавноста на крајот на Март или почеток на Април, коинцедално баш пред избори...

Парламентот веќе постои само како објект....пратениците во него ретко ги има, освен оние од владеачка гарнитура... Заев уште пред неколку недели ги прогласи изборите за „нереглуарни“... а како шлаг врз сето тоа имаш „протечени информации“ од тајните служби на скоро секоја од поголемите светски сили, дека оваа пролет, ќе има сериозни немири околу Олимписките игри, што подоцна ќе го продолжат жариштето во Балканот...Ако не наебеме сеа, ондак живееме во мед и млеко
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.390
Поени од реакции
36.324
Каква врска има Русија на Јелцин пред 15 години кога Косово и се одземаше на Србија и новата Русија на Путин?

И што викаш, Русија не знаела кај сме ние на мапата и нема интерес на Балканот, меѓутоа потпишува договор за гасовод со Македонија (и цел Балкан) и знае државното руско претпријатие кое стопанисува со гасоводот да бара да има и сопственост на земјиштето во Македонија низ кое поминува гасоводот? Знаеш што би значело руско државно претпријатие во сопственост на државата Русија да има свое земјиште во Македонија?

Сирија е далеку од распад, не гледаме вести дека нешто драматично се случува, веројатно ситуацијата ќе се смири под власта на Башар.

Времето се смени, светот веќе не е униполарен и се` повеќе луѓе тоа го сваќаат во Македонија.

Конкуренцијата на велесилите се зголеми и се` повеќе малите и слаби државички своите стратешки партнери ќе ги бираат според сопствените државни интереси, а не од страв.
Триста договори имаме потпишано со еден куп западни земји па мислиш они знаат каде се наоѓаме?

Пази тоа со гасоводот нит сме транзитна земја нит ништо ние... туку само една цефка ќе ни пуштат и за нас, така да тука кај го гледаш влијанието незнам. Друго е Украина низ која поминуваат главните гасоводи за Германија и дел од Централна Европа.

Годините на Русија под Јелцин кога се решаваше насоката кон која ќе се движи Европа беа пресудни и они го изгубија влијанието кои веќе неможе да го повратат. Каде ќе враќаат влијание во Европа? Во средна и источна европа каде што сите се членки на НАТО и ЕУ, додатно на тоа што неможе да ја поднесат Русија? На балканов кој што е скоро интегриран со неколку слепи црева како Македонија, Албанија, Косово, Босна? (Србија не ја ставам тука бидејќи наскоро ќе биде и ЕУ членка). Преку Балтикот ЕУ и НАТО им се до границите. Единствено им остана Украина и Белорусија за влијание, другото може да го бараат во Азија.

Ако земеме да збориме сега од инат зашто неправедно не дупчат од ЕУ тогаш ок, ако земеме да збориме реално тогаш неизбежен заклучок е дека Русија има минорно влијание во Европа и тоа нема да се смени.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354

Кога веќе збориме за сфери на влијание, зарем болдираниот збор не ти значи ништо? Тоа влијание што го изгубиле од бога им било дадено или некако го освоиле? Следствено на тоа, тој што го добил неможе да го изгуби повторно?

Факт е дека Русија повторно се надигнува, што во ниеден момент не беше спорно имајќи ги во предвид ресурсите, како и воениот и научен капацитети што ги имаат. Тоа што Русија го осети во 90тите, беше ништо во споредба со Револуцијата и Граѓанската војна, како и втората светска војна. Чим тоа не ги кутна Русите, не очекувам некаква криза во Украина или Сирија да ги кутне. Тоа може да служи како приказна за мали деца.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
А што е со Лукоил? Преку ноќ цела Македонија се стори со Лукоил бензински...после Самсоненко? Толку пари вложување само кај нас зошто ја сака државава или Вардар? Жими такво...целата поента е ширење на русите на балканот :D
 
Ако се свртиш околу себе и погледнеш убаво ќе забележиш дека моментално за Македонија најголем интерес има Турција. :)[DOUBLEPOST=1392931092][/DOUBLEPOST]
Кога веќе збориме за сфери на влијание, зарем болдираниот збор не ти значи ништо? Тоа влијание што го изгубиле од бога им било дадено или некако го освоиле? Следствено на тоа, тој што го добил неможе да го изгуби повторно?

Факт е дека Русија повторно се надигнува, што во ниеден момент не беше спорно имајќи ги во предвид ресурсите, како и воениот и научен капацитети што ги имаат. Тоа што Русија го осети во 90тите, беше ништо во споредба со Револуцијата и Граѓанската војна, како и втората светска војна. Чим тоа не ги кутна Русите, не очекувам некаква криза во Украина или Сирија да ги кутне. Тоа може да служи како приказна за мали деца.
Русија ја имаше својата прилика и тоа долги години но не успеа да ја искористи. Цела Источна и Централна Европа ја имаше како нивни сојузник но не успеа правилно да менаџира со нив, им се постави империјалистички и со сила ги водеше. Многу од тие народи не го трпат тоа... Едноставно не успеа да изгради прав сојуз туку го водеше како окупатор..

После тоа имаше уште една шанса по распадот на СССР да изгради цврсти односи со дел од државите но и во тоа не успеа.

Европа сега е скоро целосно интегрирана во една Унија, во еден пазар, Комисија, парламент и триста чуда. Влијание на Русија поголемо од економска соработка не е можно.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.138
Поени од реакции
4.779
Добро бе, не ви текнува како почна?

Ова што се случува во Украина е доказ на се помоќното влијание на Русија во светот на кое сме сведоци изминативе неколку години.

Западот како што почнал да губи последниве години од Русија, не губел ни во годините после 2СВ.

Логиката ви е грешна, не е следна Москва, следен е Берлин.
 
DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Не треба да мешате

Нели е симптоматично што вакви екстремно насилни “протести“ се случуваат во сите земји каде САД има интерес да ја смени власта?
Одговори едноставно, дали Западот сака смена на власта во Украина?

Првиот чекор што треба да го направиш за да ја разбереш ситуацијата е да престанеш да гледаш низ црно-бела призма.

Ајде да погледнеме сега во земјите каде САД и НАТО имплементираа “демократија“ - Либија, Сирија, Авганистан, Ирак... забележуваш ли промена на подобро за нивните народи?
Распарчени на религиозни секти, радикализирани, нестабилни, уште посиромашни, криминални дувла и терористички фракции секоја со своја агенда.

Збориме за вредностите на ЕУ кога се’ до 1975 година членка на ЕУ - Шпанија одржуваше империјалистичка окупација на територија на Мароко. Франција сеуште без никаква осуда и забрана бомбардира африкански земји. Израел никогаш нема да биде повикан на одговорност за геноцид врз арапите.

Украинскиот народ треба да биде оставен сам да одлучи и да се избори за своите права, а не да му биде инсталирана марионетска влада која ќе работи за интересите на други земји.

Точно, целиот политички систем во Украина е гнило корумпиран и треба целосен ремонт. Но, за тоа да се случи не се потребни странски интервенции.

Не можеш да ги обвиниш САД затоа што си тераат сопствен интерес.. Крива е украинската влада а и народот во Украина што избирал такви влади кои го довеле до ситуација други држави да тераат свои интереси на нивна сметка... Кога самите не се грижат за својот народ зошто би се грижеле американците и зошто не би остварувале свои интереси..Ајде нека порбаат да сменат влада во некоја нормална европска држава...

@Jedah Не спомнав ништо дека Македонија ќе има корист од европска унија.. И да влеземе ќе си останиме исти олош како што останаја бугарите и романците.. А доколку ние на балканот не бевне најголем олош од народ во европа немаше и да живееме како најголем олош во европа...
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.383
Поени од реакции
10.829
Русија ја имаше својата прилика и тоа долги години но не успеа да ја искористи. Цела Источна и Централна Европа ја имаше како нивни сојузник но не успеа правилно да менаџира со нив, им се постави империјалистички и со сила ги водеше. Многу од тие народи не го трпат тоа... Едноставно не успеа да изгради прав сојуз туку го водеше како окупатор..

После тоа имаше уште една шанса по распадот на СССР да изгради цврсти односи со дел од државите но и во тоа не успеа.

Европа сега е скоро целосно интегрирана во една Унија, во еден пазар, Комисија, парламент и триста чуда. Влијание на Русија поголемо од економска соработка не е можно.
Дека имаше шанси е точно. Погрешно работеше, сите тие насилства уште од времето на Сталин им се вратија по глава и затоа мислам дека сега ја научија лекцијата. Друга работа, не значи дека ако земјите од Источна и Централна Европа се во ЕУ и НАТО дека вечно ќе останат таму, нити дека НАТО и ЕУ се вечни. И СССР и Варшавскиот пакт изгледаа како да ќе траат вечно па не беше така. Франција,Британија,Германија сега се заедно против Русија нели? Немале ли тие меѓусебни непријателства и војни низ историјата? Нештата можат брзо да се сменат.[DOUBLEPOST=1392932641][/DOUBLEPOST]
Не можеш да ги обвиниш САД затоа што си тераат сопствен интерес.. Крива е украинската влада а и народот во Украина што избирал такви влади кои го довеле до ситуација други држави да тераат свои интереси на нивна сметка... Кога самите не се грижат за својот народ зошто би се грижеле американците и зошто не би остварувале свои интереси..Ајде нека порбаат да сменат влада во некоја нормална европска држава...

@Jedah Не спомнав ништо дека Македонија ќе има корист од европска унија.. И да влеземе ќе си останиме исти олош како што останаја бугарите и романците.. А доколку ние на балканот не бевне најголем олош од народ во европа немаше и да живееме како најголем олош во европа...
Не можиш ама сепак тие се криви не? Крив е народот што одбрал таква влада, па народот нека си ја тргни и нека си се средат сами. Што мајка бараат ЕУ и САД да се мешаат тогаш? Ене во Каталонија протестираат не се задоволни ама ЕУ и САД ги нема да кажат нешто за тоа. Што не земат да ја бомбардираат Шпанија и да ја турнат владата ? Нека ја бомбардираат Британија и нека им даат самостојност на Шкотска на пример ако толку се поштени и чесни. Нека ни ја тргнат Грција од патот и нека ни ги вратат земените делови ако толку ја почитуваат правдата. Ама не одговара нели?
 
Член од
5 октомври 2010
Мислења
974
Поени од реакции
308
Да даде господ да ги испоубијат сите амерички платеници и предавници, лично го подржувам Јанукович како и повеќе од половина Украина.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
239 MPs registered in Verkhovna Rada.

The decision on the following has just been adopted: the conviction of the actions of the riot police against the peaceful protesters; return of the riot police (militia, Berkut, officers of the Security Service of Ukraine) from Kyiv to the places of their usual places of stationing; the ban on any kind of limitation of movement of people and vehicles throughout the country (i.e. fixing roadblocks); anti-terrorist operation should immediately be cancelled; all arrested activists during the mass protests should be freed.

February, 20, 2014 22:14 (Kyiv time)"

Одозгора, 34 пратеника на Јанукович гласаа за опозициските мерки.
Јанукович има 10 дена да ги потпише промените, ако не, тоа ќе го направи претседателот на собранието.

Џабе утепа стотици цивили, џабе плаќаше хулигани (титушки) да малтретираат демонстранти, Јанукович полека ја губи битката.
Нека се одјебе у Москва зошто ќе го јаде наголемо.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.390
Поени од реакции
36.324
Дека имаше шанси е точно. Погрешно работеше, сите тие насилства уште од времето на Сталин им се вратија по глава и затоа мислам дека сега ја научија лекцијата. Друга работа, не значи дека ако земјите од Источна и Централна Европа се во ЕУ и НАТО дека вечно ќе останат таму, нити дека НАТО и ЕУ се вечни. И СССР и Варшавскиот пакт изгледаа како да ќе траат вечно па не беше така. Франција,Британија,Германија сега се заедно против Русија нели? Немале ли тие меѓусебни непријателства и војни низ историјата? Нештата можат брзо да се сменат.[DOUBLEPOST=1392932641][/DOUBLEPOST]
Најпаметната работа што ја направи ЕУ при основањето е што ги направи европските држави зависни едни од други. Со други зборови „ако сакаш да живееш убаво ќе мора да соработуваш со соседот“. Додека Варшавскиот пакт знаеме на какви принципи беше заснован.
Тие се меѓусебно зависни за да живеат ваков квалитетен живот и не верувам дека би си го нарушиле тој комодитет. Ги надраснаа тие размислувања веќе они.

Точно може и ќе се смени и најверојатно ќе биде така. Само искрено ја не верувам дека ќе биде наскоро. Едноставно се паметни и напредни европјаниве и нема да допуштат до дојдат до таков чин... али никогаш не се знае.

Одам малце оффтопик неколку поста...

Инаку градоначалникот на Киев ја напуштил партијата на Јанукович после денешните случувања.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Не можиш ама сепак тие се криви не? Крив е народот што одбрал таква влада, па народот нека си ја тргни и нека си се средат сами. Што мајка бараат ЕУ и САД да се мешаат тогаш? Ене во Каталонија протестираат не се задоволни ама ЕУ и САД ги нема да кажат нешто за тоа. Што не земат да ја бомбардираат Шпанија и да ја турнат владата ? Нека ја бомбардираат Британија и нека им даат самостојност на Шкотска на пример ако толку се поштени и чесни. Нека ни ја тргнат Грција од патот и нека ни ги вратат земените делови ако толку ја почитуваат правдата. Ама не одговара нели?
Што мајка бара и Русија да се меша таму каде што може ? Големите сили си се однесуваат како и секогаш и секоја влијае на другите точно толку колку што моќта и дозволува.
САД е моментално единствена империја - тие дрмаат насекаде низ светот.
Русија е сила со лимитирано глобално влиание - дрма низ комшилукот и пробува на уште неколку места во пошироката околина.

Секогаш големите сили низ целата човекова историја застанувале на нечија страна во судирите на помалите,па дури и во судирите во некоја друга сила.
Така било,така и ќе биде.[DOUBLEPOST=1392933812][/DOUBLEPOST]
239 MPs registered in Verkhovna Rada.

The decision on the following has just been adopted: the conviction of the actions of the riot police against the peaceful protesters; return of the riot police (militia, Berkut, officers of the Security Service of Ukraine) from Kyiv to the places of their usual places of stationing; the ban on any kind of limitation of movement of people and vehicles throughout the country (i.e. fixing roadblocks); anti-terrorist operation should immediately be cancelled; all arrested activists during the mass protests should be freed.

February, 20, 2014 22:14 (Kyiv time)"

Одозгора, 34 пратеника на Јанукович гласаа за опозициските мерки.
Јанукович има 10 дена да ги потпише промените, ако не, тоа ќе го направи претседателот на собранието.

Џабе утепа стотици цивили, џабе плаќаше хулигани (титушки) да малтретираат демонстранти, Јанукович полека ја губи битката.
Нека се одјебе у Москва зошто ќе го јаде наголемо
.
Јасно беше од почетокот дека Јанокович тешко ќе издржи.

Иначе неговата фамилија веќе ја има напуштено Украина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom