Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    734

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Приметувате од видеава дека полицијава ги пука во нозе демонстрантиве,ниеден не го уби дирекно ....
Kaко и да е, има цивилни жртви... Овие се од сабајлево.

"
Викторија Василенко: ја в Ирпене! Только что пролетело 3 огромных самолета на Гостомель! ја пыталась сфотографировать,но не получилось, извините. Это правда!!!!!
I'm in Irpen! Just flew 3 huge aircraft at Gostomel! I tried to take a picture, but failed, sorry. It's true!(Translated by Bing)
Like · Reply · 4 · 5 minutes ago
"

Фоторепортаж Дмитра Ларіна. 32 minutes ago

 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.297

А и "браката " од ЕУ им дојдоа на помош на нацистиве .... :mad:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Каков одговор можат да дадат сем дека развојот на ситуацијата е катастрофален за иднината на Русија! Збунети се заради ваквиот Американски однос кој нема “ни срам ни перде“. Легално избрана власт (нека е и корумпирана) ја симнуваат преку улични демонстрации, при тоа глумејќи демократија.

Америка ја употреби Украина за да ја дестабилизира Русија со цел да ја елиминира како конкурент. Ако ја освои Украина, а натаму оди работата, еве кои ќе бидат ефектите:

- Русија ќе ја изгуби Црноморската база во Севастопол.
- Ќе се соочи со чистки на Руси од јужиот дел на Украина, ќе има реки беглаци во самата Русија.
- Загуба на произведствените кпацитети во Украина - огромен потенцијал.
- НАТО бази во Украина, вклучувајќи и на Крим, и центри за обука на терористи кои ќе дејстуваат во Русија.
- Политички притисок преку распространување на "украински" протести во самата Русија.

Овие проблеми со „прозападните„ платеници и насилници во Украина беа очекувани и Русија го очекуваше ова сценарио и сигурно го има и разработено. Во меѓувреме, властите на Украинската автономна република КРИМ, се спремаат да дискутираат за припојување на републиката КРИМ кон Русија, доколку насилствата против демократки избраната власт не престанат. Кримската република беше одземена на Русија 1954 г. и придодадена на Украина, а мнозинското население се Руси, 10% Татари-Бугари и 20% Украинци. Русите од Украина и милионите проруски Украинци секако дека ќе вршат притисок со прашањето за Крим, а секое тероризирање на проруските Украинци и Руси ќе и даде за право на Русија да ги штити човековите права на своите луѓе и демократијата, па дури и воено. Доколку Крим се отцепи, Украина ќе го изгуби пристапот на море (Црно и Азовско), а со тоа и геостратешката важност.

Инаку, политиката на Русија и Путин е секогаш многу смирена, без истрчувања и лаење по противникот (за разлика од западњаците). Истото беше со Сирија.

Не треба да заборавиме и на рускиот притаен сојузник КИНА. Русија и Кина имаат исти меѓународни интереси, а се покажа дека водат иста политика кон Сирија и Иран. Така што, Русија не е сама во овие немирни времиња, исто така и Кина. Американците веќе испратија воени бродови во Кинеското море, а Јапонија бара и амерички нуклеарки на своја територија. Сето ова може да доведе и до поблиско сојужништво со Кина.

Од друга страна, ако ескалира состојбата во Украина, постои опасност Иран да не може се контролира и да го нападне Израел.
Се` на се`, многу лоши работи.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не ми изгледа дека се почитува договорот што бил постигнат вчера, и денеска 20-30 мртви и еден куп повредени..


1.jpg
 
Последно уредено од модератор:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
кога се ќе пројде, се надевам ќе пратат некој да го избуши Кличко, јбт па он мисли дека е имун на куршуми?
Неможам да кажам дека Русија им мисли добро на Украина, ама од САД и ЕУ неможат да добијат ништо повеќе за разлика од Русија..
најдобро нека ја поделат, јужниот дел со Русите, па нека им служи северна Украина ко база на Американциве што нема да има излез на Црно Море па да видиме како ќе живеат тогаш....
И Русија и САД си ги гледаат своите интереси, а ние малите патиме. Во секој случај, Русија и мисли подобро на Украина.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
И Русија и САД си ги гледаат своите интереси, а ние малите патиме. Во секој случај, Русија и мисли подобро на Украина.
Исто ко Бугарија што и мисли добро на Македонија така и мисли и Русија на Украина.

Европа ја користи Украина за да и направи проблеми на Русија додека Русија гледа на Украина како на своја лична колонија. Во многу лоша ситуација е Украина уште од своето осамостојување... ни таму ни ваму, ни едните ни другите добро не и мислат а самите не се доволно способни да се изградат како стабилна држава.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Не ми изгледа дека се почитува договорот што бил постигнат вчера, и денеска 20 мртви ..
Мислам дека веќе ни Кличко (и останатите 2ца лидери од опозицијата) немаат контрола над овие радикаливе.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
ako почнеш така тогаш дај и ние со бракава да се поделиме,дај Босна да се подели и сите ке си бидеме свои на своето.....муабетот е да се зацува целовитоста на Украина.[DOUBLEPOST=1392901665][/DOUBLEPOST]

Приметувате од видеава дека полицијава ги пука во нозе демонстрантиве,ниеден не го уби дирекно ....
пука каде може, шо сакаш живи да ги дерат?!

Киев. Десетици војници од внатрешните војски на Украина се предале на активистите од патролите за самоодбрана кон протестното движење во Киев, пренесе РБК-Украина.
Патролите им обезбедиле коридор низ толпата, како се обидоа да гарантираат нивната безбедност. Војниците биле однесени кон улицата "Грушевскиј".
Донесените во заробеништво се линиски војници, меѓу нив нема офицери.


Киев. Шестима депутати от парламентарната група на украинската управлјавашта партија са напуснали днес политическата сила, предаде изданието „Лига”.
Това са Иван Бушко, Михаил Ланьо, Василиј Ковач, Сергеј Мошак и Иштван Гајдош. Депутатите призоваха своите колеги да последват примера им.
От украинската опозиција п'к зајавиха, че партијата е напуснал и депутат'т Александ'р Пресман.
През последното деноноштие от редиците на управлјаваштата партија излјазоха оште депутатите Бондар, Атрошенко и Шаповал.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Трета светска војна ќе започне тогаш кога никој во светот нема да очекува..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Мислам дека веќе ни Кличко (и останатите 2ца лидери од опозицијата) немаат контрола над овие радикаливе.
Кои радикали бе човече. Шо тресете зелени коа врска немате. Оди на Украинец кажи му дека подобро му е со русите да видиме како ќе си поминеш. Црквата им ја имаат поделено на два дела, кога не играат како што Русија свири им воведуваат санкции на извозот на метали и прехрамбени продукти. Русите ја гледаат како свој имот Украина. Нема украинец кој си ја сака земјата а да е про-руски настроен, посебно од младите генерации кои се растени во независна Украина.

Од кај се изродивте русофилишта во Македонија стварно не ми е јасно, Бог да чува.
 
Член од
11 март 2012
Мислења
109
Поени од реакции
101
Абе најдобро е поделба на државата. Тоес за сите држави е најдобро решение. Чим едните сакаат со Европа другите со Русија нека се подели државата. Боље тоа него да се убиваат за Кличко и Тимошенко
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Трета светска војна ќе започне тогаш кога никој во светот нема да очекува..
Не верувам дека ќе започне трета светска војна. Западњациве уплав фаќаат од Кина, Русија и Иран, а секогаш “демократскиот“ запад се силел над малите и немоќните.

Големите сили вака си ги мерат силите и западњаците чекаат да видат како ќе дејствува Русија по прашањето во Украина.

Тешко на украинците, русите и другиот народ во Украина.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Кои радикали бе човече. Шо тресете зелени коа врска немате. Оди на Украинец кажи му дека подобро му е со русите да видиме како ќе си поминеш. Црквата им ја имаат поделено на два дела, кога не играат како што Русија свири им воведуваат санкции на извозот на метали и прехрамбени продукти. Русите ја гледаат како свој имот Украина. Нема украинец кој си ја сака земјата а да е про-руски настроен, посебно од младите генерации кои се растени во независна Украина.

Од кај се изродивте русофилишта во Македонија стварно не ми е јасно, Бог да чува.
Оди кажи им во Харков.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Оди кажи им во Харков.
Штета што немаа таква колективна свест и лидери Украинците како што имаа Полјаците или Чесите па после прогласувањето на независност да им ставеа јасно до знаење на русите дека Украина ќе биде на украинците. Сега ќе беа сила од држава во Европа. Вака ќе останат паричка за поткусурување и тампон кој што Русија го користи да го држи западот далеку од нивните граници и од кај што ќе купува ефтини суровини.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Кои радикали бе човече. Шо тресете зелени коа врска немате. Оди на Украинец кажи му дека подобро му е со русите да видиме како ќе си поминеш. Црквата им ја имаат поделено на два дела, кога не играат како што Русија свири им воведуваат санкции на извозот на метали и прехрамбени продукти. Русите ја гледаат како свој имот Украина. Нема украинец кој си ја сака земјата а да е про-руски настроен, посебно од младите генерации кои се растени во независна Украина.

Од кај се изродивте русофилишта во Македонија стварно не ми е јасно, Бог да чува.
Ако Македонија ја држат намерно западњациве надвор од ЕУ и НАТО, постои можност апсолутното мнозинство на народот во Македонија да стане проруски определено и да се откаже народов целосно од ЕУ и НАТО. Големите проблеми на Македонија со албанските екстремисти, креирањето на голема Албанија и економскиот крах, не се сигурно предизвикани од Русија и Кина.

Да се навратиме на Украина.
Во Украина живеат милиони Руси и секако дека интересот на Русија е Русите и во Украина да живеат добро, а тоа се постигнува со добра економија и слободна трговија со Русија. Нема белким да очекуваме дека западниот пазар е отворен за украински стоки.
Затоа и Украина е мнозински про-руска и во Радата (парламентот) проруските партии имаат големо мнозинство.

Доколку Украина стане прозападна, постои реална и голема опасност од целосен крах на украинската (и така слаба) економија, евтин увоз на западна стока и пропаѓање на украинските индустриски капацитети, со што ќе доведе до уште поголема сиромаштина, енормна невработеност 50+% итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom