Каков одговор можат да дадат сем дека развојот на ситуацијата е катастрофален за иднината на Русија! Збунети се заради ваквиот Американски однос кој нема “ни срам ни перде“. Легално избрана власт (нека е и корумпирана) ја симнуваат преку улични демонстрации, при тоа глумејќи демократија.
Америка ја употреби Украина за да ја дестабилизира Русија со цел да ја елиминира како конкурент. Ако ја освои Украина, а натаму оди работата, еве кои ќе бидат ефектите:
- Русија ќе ја изгуби Црноморската база во Севастопол.
- Ќе се соочи со чистки на Руси од јужиот дел на Украина, ќе има реки беглаци во самата Русија.
- Загуба на произведствените кпацитети во Украина - огромен потенцијал.
- НАТО бази во Украина, вклучувајќи и на Крим, и центри за обука на терористи кои ќе дејстуваат во Русија.
- Политички притисок преку распространување на "украински" протести во самата Русија.
Овие проблеми со „прозападните„ платеници и насилници во Украина беа очекувани и Русија го очекуваше ова сценарио и сигурно го има и разработено. Во меѓувреме, властите на Украинската автономна република КРИМ, се спремаат да дискутираат за припојување на републиката КРИМ кон Русија, доколку насилствата против демократки избраната власт не престанат. Кримската република беше одземена на Русија 1954 г. и придодадена на Украина, а мнозинското население се Руси, 10% Татари-Бугари и 20% Украинци. Русите од Украина и милионите проруски Украинци секако дека ќе вршат притисок со прашањето за Крим, а секое тероризирање на проруските Украинци и Руси ќе и даде за право на Русија да ги штити човековите права на своите луѓе и демократијата, па дури и воено. Доколку Крим се отцепи, Украина ќе го изгуби пристапот на море (Црно и Азовско), а со тоа и геостратешката важност.
Инаку, политиката на Русија и Путин е секогаш многу смирена, без истрчувања и лаење по противникот (за разлика од западњаците). Истото беше со Сирија.
Не треба да заборавиме и на рускиот притаен сојузник КИНА. Русија и Кина имаат исти меѓународни интереси, а се покажа дека водат иста политика кон Сирија и Иран. Така што, Русија не е сама во овие немирни времиња, исто така и Кина. Американците веќе испратија воени бродови во Кинеското море, а Јапонија бара и амерички нуклеарки на своја територија. Сето ова може да доведе и до поблиско сојужништво со Кина.
Од друга страна, ако ескалира состојбата во Украина, постои опасност Иран да не може се контролира и да го нападне Израел.
Се` на се`, многу лоши работи.