мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.267
- Поени од реакции
- 25.544
Дури си работел на 50 км оддалеченост од градот. Поооооооо.[DOUBLEPOST=1392815319][/DOUBLEPOST]
Те следам од самиот почеток на темава, незнаеш што сакаш да кажеш, а се трудиш, тоа е добро. Како прво,сакам да ти нагласам дека не заминувам не дека немам муда, сигурно имам муда повеќе од тебе, работев одговорна работа на 50 км оддалечено од градов, немам спасено многу животи, но сепак имам спасено, прекувремено работам што ќе ми дојде при рака и сигурно печалам повеќе од тебе, завршив факултет, бев упорен и покрај се а не како тебе да давам прости неосновани примери со кабелот што незнаел да го намести некој електро инжињер а ти си фанал штрафцигерот и фазомерот и си го поврзал одма. најголемата пречка за да заминам од овде е семеството, не би го оставил овде, за да одам да печалам, немој ти да објаснуваш кој има муда и кој нема, ти пишав многу пати погоре во темата, дека факултет се завршува за да знаеш кој си и до каде си а не да се губиш овде и да објаснуваш кој колку лесно завршил оти имал врски и оти имал пари а ти не си имал. пред некаде 10-15 страници, вети дека ќе ти биде тоа последно мислење и никако да биде последно. па добро жити господа, што замараш на оваа тема со евреите и израел, дај немој да се губиш молимте. и постојано само напаѓаш и вреѓаш кој ќе стасаш и не поради тоа што имаш свој сопствен став и го браниш туку едноставно кога ќе прочиташ нешто што не е во твој рагн и неможеш да најдеш содржина. незнам како да тиобјаснам повеќе дека темава не е кој има муда кој нема муда и кој е патриот и кој предавник....темава е дека од такви како тебе што цел живот некој им го зема местото преку ред, и завршува факултет....кој патем не е шала-6 години...а незнае да врзува кабел на шпорет. дај пред да пишеш пак размисли за ова штоти пишувам....оти валво тера инат, ама држи еден ист став скоро 80 страници, ти незнаеш што сакаш да кажеш....секој коментар ти е контрадикторност, сам на себе освен за евреите и кабелот.
Одма да ти се додели орден за храброт. Како го кажа ова како да работиш на Артикот. Има луѓе што си ја немаат видено фамилијата со месеци па никому ништо, ти си работел на 50 км од градот. Има луѓе цел ден се во дупка и копаат руда во рудник кој сигурно не им е пред врата па никому ништо. Ама неееее ти си работел на 50 км. Јака работа. Е па странство е малце подалеку од 50 км. Да не ти се види малце далеку за твојте можности и капацитети.
И што другите немаат семејства, само ти имаш? И кој рече да печалиш. Нели сите што заминале никој не се вратил. Зошто ти би бил исклучок. Ке си заминиш со се фамилија. Или оди сам дури да се снајдиш. По слободна проценка од тоа што тука го кажуваат тие што заминале нема да ти требаат повеќе од неколку месеци за да се снајдиш таму, година најмногу.Значи за година дена ке имаш и куќа и кола и кредит ке имаш земено. Сигурно ке издржиш толку време без и за фамилијата.
После ке си ја повлечиш и ке си живеете како бубрег во лој. Ако не сакаат да идат ке си оформиш нова пошто еден член претходно рече дека нашиот човек не сака да се замара. Сака убава и платена работа, сака нова кола , убава куќа, одмори и се таму што следува по ред и има само еден живот тоа да го оствари.
И добро е што ме пратиш, само колку си ме сфатил тоа е сосем друга работа. А и твојот став е ептен праволиниски колку што го пратам. Сакаш да заминиш ама немаш храброст, ама од друга страна плачиш како мало дете дека ете тука не ти чинело. Да се собираше некаде храброст ке направевме една акција и ке ти соберевме. Ама за жал не оди тоа така. Или ја имаш или ја немаш, што во твојот случај како што сам кажа ја немаш.
И види јас не се обидувам да ве разубедам да не заминувате пошто таму е тешко и незнам какво е, напротив од се срце ви посакувам и ве бодрам да замините и тоа не на печалба од неколку месеци туку доживотно.Ете ти како по обичај погрешно си го сфатил мојот пост. Мојот пост го сфати како навреда а видиш воопшто не ми беше тоа намерата, туку да те окуражам и да речиш мечка страв мене нестрав и да заминиш. Да ми докажиш и мене и на сите други дека имаш храбрсот и мадиња сам да си ја решиш судбината и сам да се избориш за тоа што мислиш дека го заслужуваш како и многу други пред тебе а се надевам и после тебе. Што сакате повеќе да ви посака човек од тоа. И вас крајот не ви се најдува. Ако ви речи некој да не одите како со нож да ве пресечил, ако ви посака некој среќен пат одма на нож го земате. И сега што ајде да ве тешиме колку малце сте платени а сте заслужувале повеќе или да ве молиме аман не заминувајте што ке правиме без вас. Бог да чува

На професорите и докторите им било тешко, на другите мед и млеко им течи. На сите им е погодено, на работникот во фабрика што седи цел ден простум супер му е, на земјоделецот што цел ден го печи сонцето убаво им е. На сите им е убаво ама на професорите и докторите некако да им се погоди.
Кога заминуваат други никому ништо, ама чим доктор или така нешто само нагласи дека ке замини одма ден за жалост да се прогласи пошто ете кремот на државата ни заминал и утре нема сонце да угрее.
Ке угрее и сонце и со нив и без нив.
Така да слободно нека заминат ако веќе решиле. Никој не ги држи.[DOUBLEPOST=1392845521][/DOUBLEPOST]
Не сакам ништо да ти кажам, само те прашувам за колку ти што би направил. Не е некое сложено прашање, за цифра се работи.Многу прашања. Не знам што да ти кажам пошо не знам ни што сакаш да ми кажиш.
Накратко: Бројката 1500 беше приближна. Тоа е некоја компензација за работата и сите заебанции што треба во македонијава да ги трпиш за да ти се исплати да останиш.
Што се однесува до Израел, не би го мешал во муабетов. Знам само дека евреите се ептем работлив и образован народ и нивниот успех се должи токму на тоа. Истотака се прилично успешни и во америка каде се едни од најобразованите.
И што сакаш да кажиш дека ние сме необразован и мрзелив народ и затоа немаме успех. Прво имаме дипломци колку да сакаш, можеби повеќе имаме со диплома отколку со ССС. Значи не е до образованието пошто ги имаме со лопата да ги риниш. Не сме работници? Ако не сме работници што се оние што лупаат по цел ден за минимална плата ако не се работници. Значи не е ни тоа. До што ке да е мајката? До климата можеби?
Последно уредено: