Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    734

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Страшно, мириса на граѓанска војна која како што изгледа веќе почнала. Е ова е моќта на народот само што кај нас никој не го знае и затоа политичарите си играат куро.
Каков народ какви бакрачи....ниеден народ неможе спонтано да се бори толкав период, ако странска агентура не плаќа дебело и не ги координира.....така да Башар ал Асад чим не се откажа во Сирија,кај што константно му праќаа муџахедини и кај што му измислија дека користел хемиско оружје со цел да го симнат што полесно....мислам дека Јанукович треба многу полесно да ја реши кризава,бидејќи сега е почетокот...ако потрае уште некое време, некоја агентура ќе го намести и ќе фрли бомба на сред опозиционери,ќе му користат воена муниција и тогаш НАТО ќе треба да го бомбардира Киев(ко што беше за Милошевич).

Инаку за тие што не се запознаени, истиот тој што го организираше ОТПОР и што го сруши Милошевич е координатор на опозицијата во Украина....па сега нек се деца играју.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Бидејќи постои силна поделеност на две страни, дали очекуваме поделба на земјата на два дела како корејскиот случај?
 
А

Атомската мравка

Гостин
Наводно на состанокот што беше пред саат време постигнат бил договор помеѓу Јанукович и опозицијата за примирје.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.302
Каков народ какви бакрачи....ниеден народ неможе спонтано да се бори толкав период, ако странска агентура не плаќа дебело и не ги координира.....така да Башар ал Асад чим не се откажа во Сирија,кај што константно му праќаа муџахедини и кај што му измислија дека користел хемиско оружје со цел да го симнат што полесно....мислам дека Јанукович треба многу полесно да ја реши кризава,бидејќи сега е почетокот...ако потрае уште некое време, некоја агентура ќе го намести и ќе фрли бомба на сред опозиционери,ќе му користат воена муниција и тогаш НАТО ќе треба да го бомбардира Киев(ко што беше за Милошевич).

Инаку за тие што не се запознаени, истиот тој што го организираше ОТПОР и што го сруши Милошевич е координатор на опозицијата во Украина....па сега нек се деца играју.
Еве ја веста потврдена ....http://www.presstv.ir/detail/2014/02/16/350986/israel-exofficer-leads-ukraine-unrest/[DOUBLEPOST=1392847340][/DOUBLEPOST]
Наводно на состанокот што беше пред саат време постигнат бил договор помеѓу Јанукович и опозицијата за примирје.
еве вест и тоа од 21.30 часот http://rt.com/news/ukraine-government-opposition-truce-802/
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Се согласувам, делумно. Војните веќе не се водат со цел да се анектира територија, туку да се контролира. Методите за контрола се разноразни, секако.

Украина, заедно со Иран и Северна Кореја се екстремно битни држави и доколку завршат во западен сојуз, тоа е крај за Русија. Западните држави ја донесоа ситуацијата до степен во кој најмногу што Русија би можела да добие е некој вид на Киевски ѕид и поделеност.

Единствениот одговор на Путин, кој не би значел капитулација е комплетен воен напад на Саудиска Арабија. Ама Олимпијадата полека истекува и можноста за такво нешто е се помала. Се поочигледно станува дека Владимир Владимирович не е толку бестрашен колку што се претставува и доколку не реагира брзо, ќе покаже дека не му е ни до колена на имењакот од пред 100 години.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ленин?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Да. И да се дообјаснам, не мислам на идеолошката обоеност на владеењето, туку на прагматичните техники на владеење и бескомпромисноста. Империја не смее да си дозволи колебливост.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Ќе видиме што во иднина ќе се случува. Јас и ти немаме доволно информации да можеме нешто да прогнозираме.
Но не се согласувам со твоето мислење ниту за Кореа, ниту за Саудиска Арабија, а посебно не за воен напад
Ако се погледа низ историјата околу Кореа постојано се бореле Кина и Јапонија. Кореа постојано била под влијание или на едните и на другите.
Сауди Арбија има нафта и Русите имаат нафта. Зошто Русите би биле заитересирани за Саудиска Арабија?
А воен напад на Сауди Арабија, Русија не ни може да изведе. Се работи за огромни растојанија
Инаку мислам дека вооружена војна не одговара никому и во догледна иднина такво нешто нема ниту да има.
Сега се води војна околу парите. Кој ќе има можност да продаде повеќе државни обврзници за да го финансира дефицитот на буџетот
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Да. И да се дообјаснам, не мислам на идеолошката обоеност на владеењето, туку на прагматичните техники на владеење и бескомпромисноста. Империја не смее да си дозволи колебливост.
Веројатно мислиш на водењето на црвените во граѓанската војна, соочен во момент со белогардејците и неколку странски интервенции на сите страни на Русија. Од друга страна пак, им ги даде најважните делови на старата руска империја на германците во Брест-Литовск, но тоа беше жртва која мораше да се направи за да се сочува револуцијата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Веројатно мислиш на водењето на црвените во граѓанската војна, соочен во момент со белогардејците и неколку странски интервенции на сите страни на Русија. Од друга страна пак, им ги даде најважните делови на старата руска империја на германците во Брест-Литовск, но тоа беше жртва која мораше да се направи за да се сочува револуцијата.
Владеачката каста во империјата се затворила и самото тоа што била сменета од селани и работници, кажува колку станала неспособна. Од друга страна Ленин го има создадено системот на СССР, кој до 70-тите има бришено под со САД.
Некое предвидување што потоа ? Не мора длабоко елаборирано, чисто од ракав...
Доколку им паднат Иран и Украина, наредното што Русија ќе го брани се јужните муслимански провинции и далечниот исток. А, притоа, главните гасоводни и нафтоводни линии ќе им бидат под потполна контрола на НАТО и ЕУ. На крај и разбиената Русија ќе заврши во НАТО и ЕУ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Наводно на состанокот што беше пред саат време постигнат бил договор помеѓу Јанукович и опозицијата за примирје.
Доцна вечерва заврши средбата меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович со тројцата опозициски челници, по која е објавено примирје и почеток на преговорите за стабилизирање на ситуацијата, соопштија двете страни во украинската криза.

„Според резултатите од средбата страните објавија 1. Примирје, 2. Почеток на процесот на преговарање со цел да се стави крај на крвопролевањата, стабилизација на ситуацијата во земјата, за постигнување граѓански мир”, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот Виктор Јанукович.

„Веста е позитивна, нападот и расчитувањето кои беа планирани, се откажани. Сега е објавено примирје и почеток на процесот на преговори со цел да се стабилизира ситуацијата”, изјави челникот на Баткившчина, Арсениј Јаценјук, кој заедно со челниците на другите опозициски партии, Виталиј Кличко на УДАР и Олег Тјагнибок од крајно десната Свобода учествуваше на преговорите кај Јанукович.

Јаценјук истакна дека властите планирале „прогласување вонредна состојба и напад преку ноќта”. „По денешната средба можеме јасно да кажеме дека нашиот Мајдан (Плоштадот на независноста) нема да биде нападнат”, истакнал Јаценјук.

Масовните улични безредија во центарот на Киев започнаа во вторникот, кога започна седницата на Врховната Рада (парламентот) на којашто опозицијата бара враќање на парламетарно-претседателскиот облик на уредување, и враќање на уставот од 2004 година. Пратениците не ја започнаа рано попладнето расправата, бидејќи опозицијата ја блокираше говорницата, откако спикерот Володимир Рјабак одби да го стави на дневен ред предлогот за враќање на уставот 2004 година.

Агресивно расположената толпа во центарот на Киев се обиде да продре до зградата на парламентот, а радикалните демонстранти влегоа во објекти во центарот на престолнината, започнаа палење возила и каменување на автомобили и на припадниците на полицијата. Во безредијата вкупно закинаа 26 лица, меѓу кои еден новинар и десет полицајци, меѓу речиси 400-те повредени полицајци 74 се ранети од огнено оружје, а над 500 е бројот на ранетите демонстранти и цивили.

http://a1on.mk/wordpress/archives/285941#.UwUrnnx2XGg.facebook
.
 
Последно уредено:

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Се согласувам, делумно. Војните веќе не се водат со цел да се анектира територија, туку да се контролира. Методите за контрола се разноразни, секако.

Украина, заедно со Иран и Северна Кореја се екстремно битни држави и доколку завршат во западен сојуз, тоа е крај за Русија. Западните држави ја донесоа ситуацијата до степен во кој најмногу што Русија би можела да добие е некој вид на Киевски ѕид и поделеност.

Единствениот одговор на Путин, кој не би значел капитулација е комплетен воен напад на Саудиска Арабија. Ама Олимпијадата полека истекува и можноста за такво нешто е се помала. Се поочигледно станува дека Владимир Владимирович не е толку бестрашен колку што се претставува и доколку не реагира брзо, ќе покаже дека не му е ни до колена на имењакот од пред 100 години.
Прашање е и дали ќе завршат. Од тука можи да почни и пресвртот па Русија да земи замав. Сам кажа, од Куба ги дотераа до пред врата. Секогаш можи и обратно само да видиме како ќе одат работите. Не ретко кој стигнал до пред порти на Русија се вратил со плачење назад :coffee: Напад на Саудиска Арабија не знам колку е можно. Сојузници се со западот , можи се да се случи ако нападнат директно.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ова е делумен пораз за Русија, се обидоа пропагандно да се извадат со шамарањето на Pussy Riot денес, но тешко. Еве, на вечерни вести даваат дека Русија изгубила од Финска во хокеј и нема да може да земе медаља. Не сум видел вакво плукање како пред и за време на Олимпијадава.

Туку да се дигне раја против легално избрана власт во Украина и да доаѓаат разни дипломатски шакали од ЕУ и САД да раздаваат леб, а истовремено да даваат логистичка подршка (на пр. бензин во центарот на Киев за да створат огнен штит) и да зборат за демократија, па каде го има тоа?

Реков јас, ако падне Украина, Западот им е на врат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom