Лузерска тактика на Пелегрини, ептен лузерска. Имаш тим што на домашен терен дава по 3-4 гола во просек и во најбитната утакмица во сезоната, ти се одлучуваш да се браниш со играчи како Забалета, Демикелис и Клиши. Без потценување до Забалета, затоа што според мене е еден од подобрите бекови (страшен дефицит има у последно време тука), ама не е некој ѕвер у одбрана, кој не може да се помине. Демикелис беше еден од најдобрите во прво полувреме, ситуацијава со пеналов беше или ќе бидеш Бог или идиот. Ќе беше Бог, ако тука избиеше чиста топка, тој направи пенал и црвен. Се случува

За (не)фудбалските квалитети на Клиши не ми се зборува. Не знам како тој веќе не е член на Каен. Најозбилно. Врв беше ситуацијата, кога требаше да центрира таму при крај

Негредо добар, ама не може све сам. Никаква подршка од другите играчи. Навас ограничен играч, што го знаевме од пред тоа. Пелегрини имаше замисла, да игра на контри. Имаа убава транзиција, ама и Барселона не напаѓаше со толку фудбалери во напад. Порано двајцата бекови летеа напред, сега ако едниот е во напад, другиот не поминува средина. Бускец и Чави исто подефанзивни. Немаше нешто многу простор за контри вчера. Затоа Навас беше еден од најслабите поединци на терен.
Фабрегас иначе според мене беше најлош во Барса. Ептен непрецизни додавања, непромислени потези, стварно доста слабо. Затоа влеза џокерот С. Роберто да ја смири играта

Тешко ми е да изберам МОТМ, затоа што никој не се истакнуваше онака ептен. Би рекол Дани Алвес, ама човекот си го ладеше во одбрана, затоа што на таа страна напаѓаа Коларов и Клиши...
За судиските одлуки мислам дека све сте напишале. Едните пробуваат да го оправдаат пеналот, кој не беше. Другите глумат слепи на поништен гол и чист пенал. Добро, сите сме сложни дека имаше црвен.
Hala Hala Uefalona do finala!