Колку пати си се секснала со оној со којшто ти е убаво, а не сакаш врска со него? Ако е двапати или повеќе, веќе си во врска со него, сакала ти или не.
А оној за којшто имаш нерасчистени чувства во меѓувреме се секса со друга, којашто најверојатно ја сака повеќе од тебе. А овој, со којшто ти е убаво, те секса тебе и, верувај, супер му е што ти не сакаш ништо сериозно; на овој начин, може да најде некоја десетта и да ја сексне, чисто за да се проба на страна, па да спореди, и потоа да ти се врати (додека ти не сакаш ништо сериозно, тој може тоа да го прави).
Со други зборови, сите добиваат од оваа поставеност, освен ти (освен ако делот „многу ми е убаво со него“ се однесува на сексот и ништо повеќе; во тој случај и ти добиваш, бидејќи ништо и не бараш, па убавото ти е гратис). Ваквата поставеност не може долго да трае, т.е. да сексаш еден, а да мислиш на друг. Колку повеќе се сексаш со оној со којшто ти е убаво, а си вљубена во другиот, го лажеш твоето тело - твоето тело ќе се привикне на оној што те секса, сакал твојот мозок тоа да го признае или не. И ако, не дај боже, те остави овој што те секса, ќе почувствуваш огромна празнина, ама нема да сфатиш од каде - а тоа само телото твое ќе го бара телото негово, на оној што ти навлегувал.
Затоа, смени си го мислењето за овој што те секса - убаво ти е со него, зашто *него го бараш* кога имате секс; не оној што е во врска, туку оној што ти навлегува. А не е баш згодно да си одиш спротивно на своите потреби (т.е. на потребите на твоето тело), нели?
Поздрав и со лесно.