Домашни фурнарини:
-300 грама брашно
-60 грама пченкарно брашно
-80 мл зејтин
-160 мл млака вода
-1 јајце (Иако може и без него. Јас на пример - не ставам.
)
-1 лажичка сол
-половина лажичка шеќер
-1/3 коцка свеж квасец
-зачини (што ви душа сака: вегета, оригано, магдонос, бибер, црвен пипер, буковец, кари, копар, мајоран, босилек, чубрика, нане, оригано, мајчина душичка... секој можен зачин може да го ставите)
Се замесува тестото (нормално, како и секое тесто). Ако е многу лепливо, може и да додадете брашно, по потреба. Се остава да нарасне триесетина минути. Потоа се разделува на 4 делови и се расукува (корите треба да се со дебелина од 3-4 милиметри). Се префрлуваат корите во плех подмачкан со зејтин и посипан со брашно и со нож се сечат по должина. Се посолуваат по желба одозгора, и се наросуваат со саканите зачини. Пред да се печат, се оставаат десетина минути да отстојат. Се печат во претходно загреана рерна на 150 до 200 степени целзиусови - 5 до 10 минути (Мора да се внимава многу да не изгорат, зошто тестото (корите) се многу тенки и многу брзо се печат).