Дали вреди да се биде добар?

Вреди се разбира. Има ли нешто поубаво од тоа да се осеќаш чист пред себе си ако ништо друго? Не е важно кој го гледа тоа. Она што е важно е дека ќе живееш полн и среќен живот исполнет со многу позитивна енергија која ќе те направи многу среќен, комплетен и остварен човек. :)
 
Тоа, „добрина“ е многу релативно. За еден си добар, за друг си лош, нели?
Сите општествени вредности се релативни.
Секако, постои начин да се прави само онаа „добро“ без другото. Во таков случај, нема причина да не се биде добар, нели?
Зошто да не? Ако ништо друго, барем и ти и оној кон кој си бил добар ќе бидете задоволни.
 
Како повеќето од нас и јас мислам дека сум добар човек, и знам дека имам направено доста добри дела. Меѓутоа некако ми изгледа како секое добро што сум го направила со лошо ми се вратило :confused: многу пати сум рекла дека ми е џабе, што и да направам, но пак и пак продолжувам да се надевам и верувам дека сепак кога ќе направам нешто добро кога и да е и како и да е ќе ми се врати. Макар и да не е така знам дека во тој момент бар се чувствувам и јас добро. :P
 
Па вреди ако сакаш да се чувствуваш добро ти како личност. Инаку во многу случаи се покажало дека секое добро со лошо се враќа... Али јбг...такви се луѓето, себични и завидливи и ретко се наоѓа некој што стварно може да се нарече добар човек... Но сепак да се биде добар е доблест што не секој ја поседува и треба да си горд на тоа
 
За овдека мислам во Македонија не вреди зашто се злоупотребува и повеќе те газат и те повредува.Тоа е така бидејќи овдека моралните вредности се заменети со материјални и почитување на личноста воопшто не постои а резултат на тоа се е простиот и неписмен народ што останува овдека и што живи во нереален свет исполнет со омраза ЗАВИСТ и КОРИСТ.А и менталитетот некако ни се смени градиме некои лажни успеси(за оние со плиток мозок и разбирање) на сметка на други и газиме преку нив.
Затоа мојата дефиниција е се однесувам исто како ти што се однесуваш спрема мене не ми прави штета не ти правам штета кратко кажано
 
Јас сепак си стојам зад тоа дека треба да се биде добар. :) Животот е многу чуден и интересен, па кога најмалце очекуваме а најмногу ни треба добрината се враќа... макар и да не е така, во тоа сакам да верувам и така некако најдобро ми изгледа па си се држам за тоа. :LOL:
 
Вреди како вреди ама ретко постојат луге кои се добри.Ти прави добрини па и без да ти возвратат,сепак нешто добро ке ти се врати.Тоа е големината на човекот.
 
Премногу добрина не е на арно, со тие шо ти значат да, другите мање битно...
 
Не вреди.
Биди лош денес и сите ќе ти го лижат гзот.Биди добар ии ќе бидеш газен од сите.
 
Во денешно време...не вреди да си добар..сите го искористуваат тоа...коа си добар,икрен.....и го искористуваат тоа..биди ЃУБРЕ...повеќе ќе те сакаат ;)
 
тактично добар, вреди!
 
понекогаш вреди
 
Ако целта ви е повеќе да бидете сакани, почитувани, да бидете лајна од луѓе, бидете копуци, шупци и во глобала опалува.

Најдобра комбинација е со добрина да успеете да бидете истото од погоре, само да не сте шупци и копуци.

Друга добра комбинација е да бидете добар затоа што вас така ви е убо на душичката, па макар и некој тоа да не го цени и почитува, да си имате некое внатрешно задоволство за вас.

Шо значи, бидете добри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom