Драга,
Вчера цимерот на дечко ми, купил свеќи, терал да се чисти собата, резервирал во ресторан ... Абе кој совршен дечко бе, милина. Штета што другите 364 денови во годината место девојка му други си носи во кревет, али битно она ќе може да се пофали колкав напор тој вложил за тој еден ден. Трагикомедии.
Иначе, не се осеќам ко да го славев Валентајнот (иако се славеше), во глобала зашто секој втор ден во последно време се осеќам ко да го славам, па ништо посебно. Исто и Трифун се славеше, па заспав пред 1.
Од тие мал број на пријатели на фб што ги имам, се наоѓаат и такви морони што сабајлево ме изненадија со тоа со што тие биле изненадени. Да бе, две сликале што добиле за поклон од дечко им. Не знам, ваљда ништо од интимата нема да остане интима после некое време, па едвај чекам и слика од кондом да закачи некој, па да се тагнат каде, што, како ...
Уствари, по многу муабети, не користат кондоми бе луѓево. На една типот не можел со кондом

, па ајде без, друга ми вика ние не користиме зашто постојано ни пукаат. Дај не заебавај бе, ви пукаат не зашто на дечко ти му е голем, туку зашто толку знае да го намести. Али ајде, да не се вреѓаме на секс база.
Може уште ме држи виното од вчера ...
