Едно прашање, од мене. Не сум христијански фундаменталист, ниту некој запален верник. Ги почитувам атеистите, имам пријатели атеисти , секојдневно дружам и со агностици. Едноставно ме интересира како атеистите размислуваат по ова прашање
: Само поради тоа што нашите очи неможат да видат нешто како на пр. умот, гравитацијата, магнетизмот, ветерот дали тоа по автоматизам овие работи ги прави дека не постојат ? На ова се надоврзувам уште едно подпрашање, дали само поради тоа што не сме го виделе Бог можеме со сигурност да заклучиме дека не постои ?
Онака барем директен чист одговор, без прашање - одговор , провоцирање или било што . Само да слушнам како размислувате .
Освен видот имаме и други сетила. Имаме и разум и следствено сме нашле начини да ги перципираме, директно или индиректно, па дури и да ги рекреираме појавите кои ги наброја.Најважно можеме да ги предвидуваме, со прифатлив степен на доверба, истите.
За ветерот знаеме дека е движење на молекулите во воздухот. Можеме да го почуствуваме на кожата. Можеме да го измериме со која брзина се движи и во која насока. И можеме да кажеме за колку време каде ќе се појави.Бар во најголем дел од случаите. И можеме да го рекреираме т.е. да создадеме ветар.
Магнетизмот е појава која ја перципираме со повеќе сетила. Заедно оди во пакет со електричните појави. Пакетот го викаме електро-магнетизам. Знаеме доста за овие појави, како се однесуваат, кои услови се потребни, како да манипиулираме со нив. (Мислам дека нема потреба да образложувам за ЕМ понатаму.)
Е сеа гравитацијата е доста интересна сила.Не можеме да ја видиме со очи. Не можеме да ја почувствуваме на кожата. Нема вкус.Нема мирис. Звук ич. Претходните две појави можат да предизвикаат аудио бранови.Звук. Е гравитацијата, каква што ја познаваме, нема звук.
И сеа како знаеме дека постои таква сила? Епа ги гледаме посредните ефекти од истата. Можеме да видиме како објект паѓа на земјата. Било тоа да е чаша, јаболко, дожд. И не само кон земјата, кон било кое друго тело. И со набљудување и експерименти сме ја опишале истата. И сме го усовршиле описот. И сме пратиле летала до Месечината, до другите планети , па и надвор од сончевиот систем.
Подпрашањето ти беше дали можеме да заклучиме дека бог не постои? Не можеме да го видиме, не го чувствуваме , немаме ни теорија ни апаратура која може да ни даде информации за него или нејзе или тоа, сеедно, не можеме да го рекреираме ниту предвидиме. Сите сознанија укажуваат дека нема таква работа. И покрај сето ова, ние знаеме премалку за светот, не можеме апсолутно да докажеме дека таков ентитет не постои.Дополнително не можеме да докажеме дека не постојат: еднорози, вили, тролови, летачки ирваси, Дедо Мраз и ред други работи.
Ама и не мора. Вообичаена пракса е да се докажува постоењето на одреден објект, не неговото непостоење.