Прашања за Исламот III

Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Хаттаб што биле асхабите односно покасно муслиманите пред Мухамед с.а.в.с ???
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334

Кажи: Тој е Бог, единствен!​
Бог, Вечното прибежиште.​
Не родил и роден не е,​
и никој не Му е рамен!

Ова ме потсетува на еврејската реченица од која е изграден нотарикон:
אחד ראש אחדותו ראש יחודו תמורתו אחד
Што во превод значи:​
Еден е Неговиот почеток, една е Неговата индивидуалност, Неговата пермутација е еден.​
Зошто во Сура 112 се користи Алах, кога треба во превод да стои бог бидејќи се зборува за богот, едниот, единствен, точката од која започнало се?
Нели Аллах значи бог?​
Да се направи разлика од другите богови е ова? Да се даде до знаење дека се работи за муслимански концепт на едноста?
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Хаттаб што биле асхабите односно покасно муслиманите пред Мухамед с.а.в.с ???
Поголемиот дел биле мушрици(многубожци)
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 00:40 ---

Кажи: Тој е Бог, единствен!
Бог, Вечното прибежиште.
Не родил и роден не е,
и никој не Му е рамен!

Ова ме потсетува на еврејската реченица од која е изграден нотарикон:
אחד ראש אחדותו ראש יחודו תמורתו אחד
Што во превод значи:
Еден е Неговиот почеток, една е Неговата индивидуалност, Неговата пермутација е еден.

Зошто во Сура 112 се користи Алах, кога треба во превод да стои бог бидејќи се зборува за богот, едниот, единствен, точката од која започнало се?
Нели Аллах значи бог?
Да се направи разлика од другите богови е ова? Да се даде до знаење дека се работи за муслимански концепт на едноста?

Не е точен преводот.
Бидејќи на арапски сурата гласи:
Кул хувАллаху ехад
Аллаху-ссамед

1. Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!
2. Аллах е прибежиште секому!
3. Не родил и не е роден,
4. и никој не Му е рамен!“

АЛЛАХ во превод на арапски не значи бог,туку тоа е име за Бог,не се преведува,највеличенственото име, не можеш од него да направиш ни род ни множина.
Самото име упатува на едноштво.
А зборот ИЛАХ, во превод значи бог,божество,нешто што се обожува.
па затоа и шехадетот(сведочењето) со кое човек станува муслиман е:
Ла илахе илАллах

Ова сведоштво се состои од два дела: негација и потврда
Негација: ЛА ИЛАХЕ....или во најточен превод: нема вистинско божество вредно за обожување.
Потврда: ИЛАЛЛАХ.....превод: освен АЛЛАХ

Од самото сведочење се гледа дека се негираат постоењата на сите божества кои луѓето ги обожуваат,освен Аллах. а во самото сведочење на арапски јасно се гледа дека АЛЛАХ не значи Бог,како што најчесто го преведуваат,па дури и некои муслимани се со тоа мислење,од незнаење.
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Знаев дека е нешто матно во врска со тој цитат...

Фала, сега чепкав по книги и видов дека прават голема збрка со „илах“ и „Алах“...

Се има одговор зошто богот има име кај вас?
Како Аура Мазда во минатото, Озирис...?

На пример евреите не му дадоа име на својот бог, само ептитети... Зошто Мухамед Allah го запиша како име на бог ? Мора да има значење овој збор на арапски (сите 99 имиња на твојот бог (епитети поточно) имаат превод.. туку така е највеличествено име на твојот бог?
Имам читано дека Аллах е од АЛ бог, и ЛА НЕ... она што ти го зборуваш како негација дека постои божество вредно за обожување на Земјата...

Кај евреите пак AL е бог, LA е НЕ... Но сигурно не би го врзале името на твојот бог со евреите нели?
 
Не е матно со цитатот,туку со преводот.
Но ете го исправив :)
Не знам зошто и како ги поврзуваш аура,мазда,озирис... тоа се лажни божества,обожавани од луѓето, јас со сведочењето на Ла илахе илАллах се откажав од сите лажни божества и посведочив дека единствено Аллах е вреден да се обожува.
Друго нешто не ми е ни вредно за споменување кога станува збор за Бога и кој треба да се обожува.

Мухаммед а.с. не го запишал Аллах како име на Бог, туку му е објавено тоа од Аллах.
И да има значење,значењето го знае само Аллах, мене колку што ми е познато имиња не се преведуваат.
Аллах има 99 најјубави имиња(епитети) а АЛЛАХ е круна на тоа и највеличенствено.
Во филозофии не сум навлегувал, површна филозофија само може да ти направи да залуташ.
:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Со преводот на цитатот де, се подразбира од текстот, на тоа мислев дека е матен...

Лажни божества се за муслиманите, христијаните... и ок е што сведочиш дека Алах вреди да се обожува. Истото го прават други кои следат други богови и други принципи во животот, и тоа е добро, нели? :)
Јас прашувам зошто има име твојот бог!
Зошто му рекол на Мухамед јас сум Алах!
На Мојсеј му рекол богот дека е Јас сум ТОЈ што Сум! Не дал име... затоа прашав, зошто имате име за богот како што имаат многубошците?

Ама ете кажа дека не си навлегувал во тоа... ок, фала за муабетот :)

П.С. Површна философија да, но вистинско изучување и знаење ќе направи да талкаш кон богот, за да научиш уште повеќе. Разговарај со твоите браќа за ова, можеби некој истражувал и знае...
 
Јас еднаш веќе кажав,ако зборот Муслиман во превод значи Покорен на Бога,тогаш сите луѓе се раѓаат и умираат како муслимани.
Аллах ги испратил сите пратеници и веровесници,од Адем а.с. до Мухаммед а.с. и сите биле муслимани, ние со тоа си немаме проблем.
Јас го обожавам истиот Бог што го обожавал и Ибрахим(авраам), и Муса(мојсеј) и Иса(Исус).. и на крај Мухаммед е последен од пратениците,како најдобар пример и патоказ до Судниот ден.
А Аллах ги пратил сите Негови пратеници со една порака,а тоа е тевхидот(едноштво и обожавање на Аллах)
36. Ние на секој народ Пратеник му испративме:
„Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!*“ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда.(сура ен-Нахл)

*тагут - дефиниција за тагут е секој кој се обожува освен Аллах и е задоволен со тоа.

Јас за ова црпам извори од Куранот, а тука Аллах на сите пратеници им се обраќа и им наредува да својот народ го повикаат во покорност и обожување само на Аллах.

Внимавај на овој ајет,Аллах му објавува на Мухаммед и му вели:
64. Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!“ Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!“ (сура Али-Имран)

Аллах ги испраќал своите пратеници со повикот на тевхидот,тоа што народите кои ги следеле го искривиле тоа и едните(евреите) почнале да ги убиваат,а другите(христијаните) почнале да ги земаат за богови. Тоа е нивен проблем а не проблем на исламот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ги знам вашите верувања и обичаи... и што зборува вашиот бог. Само што јас не можам да го прифатам тој закон како дејствување,тука на Земјата. Ако тебе ти чини - во ред, немам против.
Јас прашав дали знае некој зошто богот се вика Алах? Зошто за себе вели богот Алах?
Толку... :)

Зошто има име како што имаат имиња старите пустински богови?
Единствено на евреите богот нема име, како и некои мистични школи од Стара Грција, далечниот исток, па дури и Египет има „неименуван бог“ за кој се полемизира...
Мене тоа ме интересираше: зошто име за бог, зошто богот си дал име кое што не значи ништо, а е најсвето име?

Ти рече не навлегуваш во тоа, па затоа може да прашаш браќа муслимани кои можеби истражувале и знаат повеќе од тебе, да ти кажат - и дојди напиши тука.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас еднаш веќе кажав,ако зборот Муслиман во превод значи Покорен на Бога,тогаш сите луѓе се раѓаат и умираат како муслимани.
Човекот се раѓа како човек и се раѓа слободен. Никој не се родил со сознание за Алах, или Исус, Или Луцифер.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Ти рече не навлегуваш во тоа, па затоа може да прашаш браќа муслимани кои можеби истражувале и знаат повеќе од тебе, да ти кажат - и дојди напиши тука.

Ќе прашам,благодарам за коректната дискусија :)
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 22:10 ---
Човекот се раѓа како човек и се раѓа слободен. Никој не се родил со сознание за Алах, или Исус, Или Луцифер.
Ок.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
каков е ставот за цигарите, па и марихуаната??
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
каков е ставот за цигарите, па и марихуаната??
За цигарите е доволно да прочиташ на кутијата и сам ќе си одговориш.
А марихуаната исто тоа, само што и го опива мозокот.
Забранети се и двете работи.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://www.youtube.com/watch?v=P550tLm5CGQ
ме интересира што мислите за овој говор, посебно од 5 до 7 минута?
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 18:03 ---
сепак човекот е многу многу искрен и ја согледал вистината
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
http://www.youtube.com/watch?v=P550tLm5CGQ
ме интересира што мислите за овој говор, посебно од 5 до 7 минута?
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 18:03 ---
сепак човекот е многу многу искрен и ја согледал вистината
едно 10 пати е поставуван овде и досадно е веќе.
:)
Поздрав.
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 19:25 ---

http://www.youtube.com/watch?v=6VWhyNWK9s0

Ова не се опишува со зборови.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom