Презиме - моето, твоето или двете?

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.594
Поени од реакции
11.467
Колку глупаво и површно размислување.. баш оние што повеќе си ја почитуваат традицијата и се да речеме по-конзервативни повеќе ја почитуваат фамилијата со тоа и жената, се помалку склони на неморални работи како што е неверство итн. Гледам феминизмот и останати модерни работи од западот какви “добрини“ донесоа, еден куп распаднати бракови и разводи, зголемент % на абортуси, зголемен % на оставени деца низ домовите па дури и педофилијата е тесно поврзана со модерните работи.

Мравке, абе...браво, шо знам шо да ти речам...врв!

1536533_273029522848371_84316872_n.jpg
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Споредбава ти е јака.
Волјата на жената даго земе презимето од мажот било од Љубов, почит или што и да е ја спореди со Анархија и општества...
Самиот брак е еден вид на општество во мало. И тоа за да функционира треба да има одредени правила, прописи и норми.
Самото неприфаќање на презимето од било која причина самопосебе немора да значи ништо, но е добра индикација во каков ментален склоп е влезена некоја личност, а тоа најчесто би значело дека на бракот гледа како на робство, губење на слободата, потчинетост, а тоа неминовно води кон непрестајна борба со нејзиниот наводен угнетувач во случајот брачниот другар за повторно стекнување на изгубената слобода. Таа константа борба порано или покасно ке доведи до анархија во самиот брак и најчесто негов распад.
Така да споредбата ми е сосем на место, само кој како гледа на тоа.
 
Зависи кој поради што стапува во брак. Баш поради тие правила, прописи и норми кои знаат да бидат плод на некаква традиција разводите се се почести а западот и неговите вредности се повиновни и повиновни. Значи толку банална и неважна работа е презимето (освен ако не се презиваш Рокфелер и слични њему :D ) што не вреди воопшто ни муабет да се прави а не пак да се опишува како можен извор на наводен хаос во опшеството.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
@мкд владе

Менувањето на презимето на дневна база е теоретски можно, но е скапо и непрактично.

Никаде не реков дека со земањето презиме жената станува сопственост на мажот. Она што го потенцирам цело време е дека изборот на презимето е одлука на жената, не на мажот.

Ако презимето е толку небитно, тогаш зошто толкава бука околу тоа? Што ќе ти пречи тебе жената да си го задржи само своето или евентуално го додаде твоето на нејзиното презиме, ако лудо те сака и те третира како крал?
Од друга страна, ако го земе твоето презиме, дали тоа е знак дека те сака?
Нема такви гаранции.
СУм видела карикатури од бракови и со овакви и со онакви презимиња. Сум видела среќни парови исто секакви, дури и такви што не се во брак.
Можеби е скапо и непрактично ама е изводливо нели?
И јас никаде не реков дека тоа не е избор на жената. Но е индикација како таа гледа на некој работи посебно како гледа на бракот.
Во секој случај за секое тенџерче си има капаче а и на крај краева и разводот е за луѓе исмислен.
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 03:12 ---
Зависи кој поради што стапува во брак. Баш поради тие правила, прописи и норми кои знаат да бидат плод на некаква традиција разводите се се почести а западот и неговите вредности се повиновни и повиновни. Значи толку банална и неважна работа е презимето (освен ако не се презиваш Рокфелер и слични њему :D ) што не вреди воопшто ни муабет да се прави а не пак да се опишува како можен извор на наводен хаос во опшеството.
Не мислев јас буквално на хаос во општеството туку во самиот брак. Додуша и општеството не е имуно на младина израстена во дисфукнционален брак.
И како што реков тоа е добра индикација за многу работи па секој со свој ум.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.594
Поени од реакции
11.467
Не мислев јас буквално на хаос во општеството туку во самиот брак. Додуша и општеството не е имуно на младина израстена во дисфукнционален брак.
И како што реков тоа е добра индикација за многу работи па секој со свој ум.

Да, опшеството е збир на индивидуи и нивни сооднос. Но, нели до сега премногу примери има на традиционални дисфункционални бракови, за да традиционалното се вилича по секоја цена? Функционалноста на семејството, бракот, не би требало да зависи од надворешни фактори а најмалку од имиња и презимиња. Доколку се случува его трип од ваква мизерна природа кај потенцијални брачни двојки тоа е показател дека од старт врската се заснова на се, само не на Љубов и пријателство, кои според мене би требало да бидат двата главни столба за градење на здраво семејство а со тоа и општество...иднина.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Златна средина нема, или си слободен, односно имаш право на избор, или не си.
Ама еве јас сум слободна имав право на избор, и го избрав традиционалното ми се допаѓаше
Правото на избор ако го имаш не значи дека секогаш ќе избереш нешто ново,
и пак нема врска презимето со бракот
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Жени дај бре мајкуму стара, ако толку сакате да се прикажете како еманципирани, презимето е последно нешто на списокот. Секој пар за себе, како му годи. Познавам девојки кои на го зедоа презимето од сопругот и го додадоа своето и мислат го фатиле Господ за тестиси, којзнае што докажале. Ништо нема да се докаже со отфрлање или со зачувување на презимето, каков патријархат ќе отфрлате така какви глупости. Начинот на кој се потпишуваш ниѓто нема да ти смени во животот. Ама баш ништо. Не знам зошто се замарате околу тоа толку.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 23:45 ---
Модерно е сега брачните парови веднаш по склопувањето на бракот да идат на меден месец надвор од земјата. Тоа значи дека девојката ако го смени презимето, ќе излезе од државата надвор со стар пасош, значи и со лажни податоци, за што подоцна следи парична казна. Ова го пишувам за евентуално да му се најде на некој.
 
Последно уредено од модератор:

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Абе одма одат младиве брачни парови на меден месец у странство после свадба,готово веќе,американци сме ние.Сабота свадба,недела одмори,понеделник прва смена на работа.Али сепак корисна информација,на пола од луѓево не би им текнало да го направат ова и со години,не па одма после свадба.:)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 23:45 ---

оф топикот

Модерно е сега брачните парови веднаш по склопувањето на бракот да идат на меден месец надвор од земјата. Тоа значи дека девојката ако го смени презимето, ќе излезе од државата надвор со стар пасош, значи и со лажни податоци, за што подоцна следи парична казна. Ова го пишувам за евентуално да му се најде на некој.
Добро ама регистрацијата може да се направи и месец дена пред свадбата, и ќе се среди пасошот.
А што има лошо во тоа да се избега од сите додека нема поголеми обврски? Да имам доволно пари (корекција штом ќе имам) ... штом ќе имам доволно пари секоја годишнина ќе ја славам како меден месец
 
Последно уредено од модератор:

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Добро ама регистрацијата може да се направи и месец дена пред свадбата, и ќе се среди пасошот.
А што има лошо во тоа да се избега од сите додека нема поголеми обврски? Да имам доволно пари (корекција штом ќе имам) ... штом ќе имам доволно пари секоја годишнина ќе ја славам како меден месец
Уф па со нашава администрација не знам дали можеш да бидеш толку сигурна дека за 1 месец ќе завршиш работа :(
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
по брза постапка:)

А можеш и на свадбата да не го смениш презимето, да одиш на меден месец па после да го смениш, колку и да те влечат, нигде не се брзаш. Така јас направив.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
А можеш и на свадбата да не го смениш презимето, да одиш на меден месец па после да го смениш, колку и да те влечат, нигде не се брзаш. Така јас направив.

мислам јас дека нема да имам потреба да го менувам :P
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Еве, мене не ми пречи да го земам презимето на жена ми и да го избришам моето . До кога со тие размислувања од камена доба дека мора да се земе презимето на мажот (n) . Не ми пречи ни домазет да одам .
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Богами чим ова не ти смета,и да ти го исечат петлето изгледа не би ти сметало..:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom