мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.340
- Поени од реакции
- 24.007
Кој ти рече дека не е нејзина куќа. Куќата нема да биди нејзина ако и воопшто не гласи на име на мажот, туку на некој друг. Се друго што се стекнало во брак е и нејзино. Ако грешам нека ме поправи некој постручен во оваа област, но колку јас што сум запознанен далеку од тоа дека нејзе не и следува ништо.Да, женското е во друга куќа и има покрив над глава, ама таа куќа Владе не е нејзина, женското е во таа куќа дојденец и во секое време може да биде избркана оттаму, нема никакво законско право на тој имот. Дали си ти свесен колку жени трпат разни психофизички тортури во бракот затоа што немаат каде да одат, станот од родителите си го земал братот, веќе си го испланирал за неговите деца и не му паѓа на памет да и дава дел на сестрата ниту пак да ја прибира. И каде да оди сега таа жена? И што ако сестрата не се омажи? Да остане на улица или па да седи во едно сопче во станот и да ги гледа братот и снаата како превртуваат очи коа ќе ја видат затоа што им зафаќа место, а уствари тој стан е подеднакво нејзин колку и на братот.
Затоа Владе, ако некој има стан од 60 квадрати и две деца, ќе го продаде, ќе им ги подели парите, ако има нешто заштеда нека им ја подели и таа, па после они нека си се снаоѓаат, нека си праат куќи некаде на периферија каде што е поевтино или па нека си бараат друго чаре, сепак не се работи за мали деца, туку за возрасни луѓе кои треба веќе сами да си печалат. А не братот да го лапне цел стан и да изиграва газда у кучи пред жената затоа што нели станот е негов, а не нејзин, а сестрата ќе оди во туѓ стан со ризик во било кое време да биде шутната и да остане на улица.
Фамилијарните кавги кои ги спомнуваш се баш поради живеењето во заедница, не можеш ти да ставиш три генерации во мало станче и да очекуваш да нема кавги.
И избегавме ептен од темата.
И да некои жени трпат трауми, се случува и тоа. Но за некои жени се е траума, посебно тогаш кога родителите и рекле ќерко ако не ти чини одмна да си дојдиш. И нормално брак како брак одвреме навреме ке излези некое недоразбирање. И што се случува, наместо да се бара решение, следува ултиматум. Или така или ке си одам кај моите.
Јас те разбирам како женско дека секогаш се ставаш во нивна кожа и го земаш најлошото сценарио, но тука има многу ако.
Во секој случај краткорочно гледано и твоето држи вода, долгорочно гледано не излегва баш математиката. Родител како родител секогаш сака и се труди да им обезбеди се најдобро на своите деца, било женски било машки. Дајбоже да се има и на сите деца да им се остави не по еден туку по два стана и викендица, но реалноста не е секогаш баш таква. Можеби сега не се согласуваш со моето гледиште ама рачунај дека таа традицијата не излегла туку така и не опстанала толку време дека нечинела.
п.с За лице секогаш ке си прават лице и ретко кога вистински снаата и свекрвата ке си го имаат муабетот. Сепак она мама и тато многу значи во подобрување на дипломатските односи и користење одвреме на време нема да ви го срони бисерот. Сега некоја може да ја нарекува свекрвата и на име како први другарки да се од средно, мажот дедото да го вика на прекар. Нема закон за тоа, ама сепак некој работи што не ги личи не ги личи. И многу јасно дека и тие знаат дека не им си ќерка нити дека таа ти е вистинска мајка. Но исто така и професорот на факултет знае дека студентите им се далеку од колеги, па пак им се обраќа така нели? Сепак реално гледано ако родителите ( било кои) не го прифаќаат едниот партнер како дел од семејството бракот има реални шанси да биди многу краток, а тоа правење лице одвреме на време не шкоди, а тоа што не шкоди значи дека е корисно
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 02:35 ---
Децата можеш да ги крстиш тарзан и чита. Никој во тоа нема да те спречи, барем не законски, но ако нешто не е забрането незначи дека и има смисла или треба така да направиш.Зошто? Мислиш дека е невозможно? Познавам пар кој на своето МАШКО дете му ги дадe и презимето на мајката и презимето на таткото. Значи детето има две презимиња. Мајката си остана со нејзиното моминско презиме.
А па у едно друго време, многу, многу одамна не се гледало на тоа кој е татко, туку децата биле препознавани и именувани по своите мајки. Не се носеле тогаш презимиња, ама се знаело детето дека е на таа и таа мајка, a татко кој бил, не билo ни битнo уопште. Значи работите се менуваат со тек на време, не гледам зошто децата не би ги наследувале своите презимиња од мајките. Што е и правилно според мене.
А за во кое време зборуваш воопшто кога не бил важен таткото.
За камено доба или уште претходно?