Презиме - моето, твоето или двете?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.956
Точно, ама види типичните балански мажиња како размислуваат:
А извини како размилуваат типичните балкански женчиња?
Не е чудно што мажите размислуваат така. Работата е што и жените размислуваат така, што мајките ги учат да се покоруваат и да се сметаат за своина на мажот, па тој да одлучува и за неа.
Тоа мене ми пречи. Не гледам ништо лошо жената да го земе презимето на мажот, ама тоа да го направи зашто ТАА сака, а не зашто ТОЈ така сака.
Ако секој прави тоа што сака, кога сака и како што сака како било што би функционирало во едно општество.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710

Види, презимето не можеш да го менуваш како чорапите. Значи ниту го правиш баш кога сакаш ни како сакаш, туку го правиш во моментот на венчавката.

Живееме во општество во кое жената пред законот е рамноправна со мажот и има право на избор на презимето. Затоа матичарот ја прашува НЕА, а не го прашува мажот да и’ одбере презиме.

Реков и пак ќе речам: немам ништо против жената да го земе презимето на мажот, ако тоа е нејзин избор.

Ако на вас мажите ви е подобро да имате однос во којшто вие ќе оговарате за жената и ќе ја третирате како сопственост, одете си у некоја шеријатска држава и таму живејте си среќно и весело до крајот на животот.
 
Презимето можеш да го менуваш како чорапите. Можеш да си ставиш презиме кое ете ти се сонило на сон и од утре си решила дека ке се презиваш како што си решила да се презиваш. Можеш да го смениш кога сакаш а не само на денот на венчавката.
И точно еднакви сте пред законот. Па према тоа како излезе дека ако го земиш презимето на мажот стануваш негова соопственост. Со тоа што си го зела неговото презиме автоматски законот за еднаквост повеќе за тебе нема да важи?
Или обратно, ако си го зачуваш своето презиме тоа е некаква гаранција дека мажот ке те третира како кралица?
Некако си ја вртите водата на кај вашата воденица.
Дали ти воопшто би била во врска со маж кој те третира како ѓубре на пример. И дали ако по некоја случајност стапиш во брак со тој маж и си го зачуваш своето презиме ке смени нешто во неговиот однос кон тебе. Дали презимето твое ке те заштити од нешто во тој брак?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Сеедно е кое презиме, не менува ништо

Две долги презимиња - ќе зажалиш кога ќе земаш кредит на банка и кога ќе ти речат потпиши се на секоја страна на еден топ хартија :) или кога нема да ти го собира името некаде

Мислам дека ако е некое преубаво презиме од жената штета е да се смени.
А инаку ми се допаѓа сите дома да имаат исто презиме целото ново семејство што се создава. Тоа ми е симпатично и слатко.
Ама пак каков ќе биде бракот и животот не зависи од презимето, зависи од луѓето.
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 12:45 ---
надвор од темава ама
страшно ми пречи женската во потписот
има ли во некоја верзија од Butterfly effect човек што ја убива со пиштол во клипот или во секоја верзија е ваква растресена?
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.596
Поени од реакции
11.476
А извини како размилуваат типичните балкански женчиња?

Ако секој прави тоа што сака, кога сака и како што сака како било што би функционирало во едно општество.

Споредбава ти е јака.
Волјата на жената даго земе презимето од мажот било од Љубов, почит или што и да е ја спореди со Анархија и општества...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
@мкд владе

Менувањето на презимето на дневна база е теоретски можно, но е скапо и непрактично.

Никаде не реков дека со земањето презиме жената станува сопственост на мажот. Она што го потенцирам цело време е дека изборот на презимето е одлука на жената, не на мажот.

Ако презимето е толку небитно, тогаш зошто толкава бука околу тоа? Што ќе ти пречи тебе жената да си го задржи само своето или евентуално го додаде твоето на нејзиното презиме, ако лудо те сака и те третира како крал?
Од друга страна, ако го земе твоето презиме, дали тоа е знак дека те сака?
Нема такви гаранции.
СУм видела карикатури од бракови и со овакви и со онакви презимиња. Сум видела среќни парови исто секакви, дури и такви што не се во брак.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
изборот на презимето е одлука на жената
Ова е добар филтер за жената да процени каков ќе биде бракот. Реакцијата на идниот сопруг кога ќе се спомне презимето кажува многу повеќе од презимето.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Чекај бе ... нели жената "ја даваат" нејзините во туѓа фамилија ? Кога ја бара мажот бла бла бла

Епа кој таков ондак да не го носи презимето на мажот :)?

И ама баш ништо не покажува реакцијата на мажот за презимето на жената.

Децата мои ќе си носат мое презиме, и тоа е тоа - жената моја нека си го носи моминското ако сака, не ми смета.
 
Е како ништо? на прва ако се замешаш и забраниш да мисли и да одлучува тие работи ќе се влечат низ цел брак.
ете ти мислиш дека треба да го има твоето презиме, ама тоа само ќе и го кажиш за да размисли нема да ставиш ултиматум, и веројатно така ќе се справуваш со сите одлуки низ бракот
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ова е добар филтер за жената да процени каков ќе биде бракот. Реакцијата на идниот сопруг кога ќе се спомне презимето кажува многу повеќе од презимето.

Колку глупаво и површно размислување.. баш оние што повеќе си ја почитуваат традицијата и се да речеме по-конзервативни повеќе ја почитуваат фамилијата со тоа и жената, се помалку склони на неморални работи како што е неверство итн. Гледам феминизмот и останати модерни работи од западот какви “добрини“ донесоа, еден куп распаднати бракови и разводи, зголемент % на абортуси, зголемен % на оставени деца низ домовите па дури и педофилијата е тесно поврзана со модерните работи.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Глупаво и површно е твоево што си го пишал.
Традицијата налага дека мажот е глава на куќата, жената и децата мораат него да го слушаат, него да му угодуваат и за се живо и диво да го консултираат. Во ваквата поставеност на работите не останува баш многу простор за почит према жената како еднаква.
Неверството било и е составен дел од бракот од памтивек, традиционалноста нема апсолутно никаква врска со швалерајот.
Она што еманципацијата на жената го донесе како придобивка е фактот што денес жената може да излезе од бракот во кој е потчинета со дигната глава и без да полага сметки на никому, а најмалу на традиционално ориентираните конзервативци кои на разводот гледаат како на дело на ѓаволот.
За педофилијата нема ни да те удостојам со коментар - поголема глупост немам прочитано бог знае од кога.
 
Не е ни глупо ни површно, ова е една од оние работи што се различни во теорија различни во живо. Тоа е важно за некој што сака жена му да се презива како него, ако му е краток фитилот ако е агресивен посесивен ќе се јави моментално, секако не секој што сака исто презиме е таков, некој ќе проба со преговори, ќе каже што сака и зошто така сака
 
Уште по првата реченица прекинав да го читам мислењето, традицијата налагала жената и децата се на мажот да му угодуваат :tapp:

Не е ни глупо ни површно, ова е една од оние работи што се различни во теорија различни во живо. Тоа е важно за некој што сака жена му да се презива како него, ако му е краток фитилот ако е агресивен посесивен ќе се јави моментално, секако не секој што сака исто презиме е таков, некој ќе проба со преговори, ќе каже што сака и зошто така сака
Глупо е од проста причина што ништо не докажува каков човек е само до тоа дали сакал неговото презиме да го земе жената или сеисто му е, ете имам познаник што е спремен и презимето на жената да го земе а не пак да и дозволи да си го додаде нејзиното.. но од друга страна нема ни м од морал а ниту почитувањето на женскиот род не му е јака страна. Ама ајде секој со својот памет нека си знае и избира, јас си останувам на мојот став :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.956
надвор од темава ама
страшно ми пречи женската во потписот
има ли во некоја верзија од Butterfly effect човек што ја убива со пиштол во клипот или во секоја верзија е ваква растресена?
Зошто би ти пречела женската од потписот?
Чупето си ги лета гулабите, што има лошо во тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom