Мори Кајгано,
Толку простотилук во еден ден никогаш не сум сретнала. Не ми е јасно само дали луѓево околу мене понекогаш стискаат пауза на филмот во кој живеат за бар за момент да се соочат со реалноста? Дали стварно е можно да се толку ограничени и плитки? Не ми пречат мене глупи луѓе. Ми пречат глупи луѓе кои мислат дека се попаметни од сите други. И што е најлошо, веќе не успевам да ги игнорирам пошто сум приморана секојдневно да ги гледам и слушам.
Друго... Сум кажала многу пати, ќе кажам и сега: Мразам дволичност, мразам лицемерие и валкани игри. И мразам кога некој се обидува да ме вовлече во истите. Каков муабет да направиш со особа која во неколку наврати си ја слушнал како ги озборува своите блиски? Како да имаш доверба во неа кога ти има кажано милион тајни кои и ги довериле? Зашто при цел здрав памет би кажала што било на таква особа, кога знам дека е способна зборовите да ми ги изврти до тој степен што и сама нема да знам што точно сум кажала?
Фала богу, во последно време не сум многу дружељубива, а луѓето почнаа тоа да го приметуваат и да ме оставаат на раат. Конечно имам време за себе.
Трето... мислам дека ќе почнам да учам да плетам.
Ете ти малку негативна енергија од мене.
Лека ноќ.