Фан клуб - РК Металург

Металург денеска имаше лесна задача во рамките на 13. коло на Гаспром регионалната (СЕХА) лига. Иако настапи без Станиќ, Атман, Димовски, Пецаковски и Јоновски, Металург без напор и без посериозен отпор го разби финансиски разнишаниот и демотивиран тим на Борац од Бања Лука. Иако беа на списокот, во игра не влегоа Јоновски, кој доби поштеда, и Пецаковски, кој непосредно пред натпреварот доби температура.
Првото полувреме го одигравме со својата втора постава засилена со Веле Маркоски. По почетното испитување на силите нашите ракометари тргнаа во опсада на голот на противникот, а Ојлески, Н.Маркоски, Кеџо и Мандиќ буквално ја изрешетаа мрежата на противникот, обезбедувајки ни предност од десет гола, веќе по првиот дел од средбата, 16:6.
Во второто полувреме во игра беа внесени нашите првотимци. Расположените Вугринец, Манасков, Миркуловски и останатите наши ракометари ја подигнаа атмосферата во салата со низа атрактивни додавања и цепелини, што на крајот резултираше со висока победа од 16 гола разлика, 36:18.
За обележување е резултатот на Мандиќ, кој постигна 8 гола од исто толку обиди.

Металург – Борац БЛ 36:18 (16:6)
Металург: Мијатовиќ (6 одбрани), Митревски (9 одбрани), Пецаковски, Јоновски, Ојлески 4/5, Вугринец 3/4, Георгиевски 1/1, Манасков 6/7 (1), Миркуловски 2/3, В.Маркоски 1/1, Мојсоски 0/2, Н.Маркоски 3/3, Лука Циндриќ 4/4 (2), Кеџо 3/5, Мандиќ 8/8 и Пешевски 1/1. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 4 минути.
Борац БЛ: Блажевиќ (5 одбрани), Хаселиќ, Дакиќ, Јанковиќ 3/6, Тешиќ 0/1, Крстајиќ 1/1, Микиќ 1/2, Њезиќ 5/6, Безбрадица 3/12, Обрадовиќ 4/11, Шешиќ 1/2, Цераниќ 0/2 и Тркуља о/1. Седмерци: 0. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Иван Павиќевиќ и Милош Ражњатовиќ од Црна Гора.
Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.

http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-bez-napor-go-sovlada-borac/

Кај се толку најавуваните млади играчи кои ќе се калеа низ игрите во СЕХА лигата? :cautious:
 
Pu steta. Dobro igraa. Ovie PSG se tapa ekipa. 7 razlika imaa i ja prokockaa kako da se Prolet ili Prespa, a ne tim sostaven od najdobrite igraci vo svetov.
Na kraj bar da gi zadrzea na -2 ke bese dobro bar ako nekako do kraj i se zavrsi so isti bodovi, da imaa podobar megjuseben.

Kako i da e,osekjam deka Barsa nema da ne pobedi vo Skopje.
 
Одлично одиграно против големиот ПСЖ, првото полувреме го изигравме многу лошо.. при резултат 8-2 си помислив дека ќе доживееме дебакл како во Барселона но во вториот дел видовме сосема друг Металург. Георгиевски одигра перфектно, Миркуловски го остави срцето на терен.. во тешки моменти постигна 2 гола од никаква позиција, Циндриќ е повеќе од достојна замена за Мојсо.. ми изгледа и како асален изведувач на пенали, Вугринец прилично солиден иако во вториот дел не одигра нешто посебно, фалеа одбраните на Станиќ и на Мијатовиќ.. да беше еден од овие двајца по расположен за бранење да му одбранеше некој удар на Коплјар и на Хансен можеби ќе стигневме и до нерешено.
Уште еднаш големо браво за дечките, нека продолжат со оваа одлична игра и да го оставаат срцето на терен секоја утакмица.
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 20:14 ---

Последно уредено од модератор:
Честитки за одличната утакмица. Металург заслужи барем бод, ама повеќе од достојно го презентираше мак ракометот. Фалеа одбраните на Станиќ и Мијатовиќ. Со стандарден Дарко на гол, Металург и ќе победеше.
За в година, мое мислење е дека требаат двајца нови голмани, пошто на Дарко не му се брани нешто :unsure:
Инаку, новово засилување и те како е погодено. Одличен играч, млад, има дрскост во играта и добра техника. Треба да си го задржите на подолг период, а оти да не, еден ден да го видиме и во дресот на репрезентацијата на Македонија.
 
:facepalm:

Аман бре луѓе, ние треба да си направиме сами играчи а не само да натурализираме...
 
:facepalm:

Аман бре луѓе, ние треба да си направиме сами играчи а не само да натурализираме...
Па прајте, шо чекате?
Се зависи од Вардар и Металург моментално. Другиве клубови ги немаат тие услови. Наместо и едните и другите да носите по куп странци, особено Вардар, земете 7 јаки странци за во прв тим и останатите 9 места пополнете ги со Македонци.
Вардар има само 2-ца Манедконци во прв тим, а Металург нешто појче. најмногу за то имам замерка. Металург наместо да ги чува Мандиќ или како и да беше, Топкиќ и Кеџо, комотно можи со млади наши деца да игра, а за Вардар пак, остај...
 
За кој да навива денес ... за нашиве или за белорусиве?
Кој ни подговара повеќе да победи?
 
Абе не ми смета мене Вардар да се пласираат понатаму , баш би сакал.
Ама како навивач на Металург би сакал бар како третопласирани да идеме понатаму.
Вардар, нели, и онака е јак па не е ни битно кој ќе му се падне во елиминационо коло.
 
Металург беше доста блиску барем до бод,али не издржа за жал а можеше.Голманите имаа слаба партија,а и судиите го затупија стандард,неколку одлуки у корист на ПСЖ.Циндриќ супер (y) одлична замена за Мојсо сега за сега,добар е малиов,Вугринец стандард си е добар,Гоце исто,одбраната на солидно ниво.Се на се и покрај поразот задоволен сум од играта,сега да ги плеснеме Динамо и на крај релаксирано против Барса:cuc:
 
Честитки за пласманот понатаму. Постигнавте одличен успех. :)
 
Браво, браво. Е сега ќе е заебано кој на кое место ќе заврши.
3то или 4то , може да е и "мање битно" ако се знае дека и едните и другите
ќе бидат со непревилигиран ждреп, што значи кај што ќе имаат противник што завршил
1во или 2ро место, туку и првата ја играат дома.
А како што гледам, Вардар всушност би имал шанса и за 2ро место ако успее да ги изненади парижаниве, кои покажаа дека не се ништо посебно.
 
Може и Металург да го тепа Минск на гости,зошто да не.Овие ќе играат без некој посебен мотив.А зошто да не и Барса дома,која ќе игра релаксирано,кога можеше Вардар реми,зошто да неможе Металург и да победи.Башка и мала одмазда за дебаклот таму...
 
А дека ќе ве остави Барса да му ја расипете серијата од ХХ натпревари без пораз, мало морген тоа, па макар и со кадети играле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom