Ќе се реконструира Железничка Станица Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ваков инфраструктурен објект во денешни услови практично е неможно „ни да се окречи“ (што би рекол Боби Слон), а камо ли да го изгради некоја од утепаниве влади. Граден е во време кога нашата градежната оператива е во полн погон и има цифра на градежни работници скоро колку што денеска имаме невработени.
Инаку како урбанистички проблем е многу тешко да се постигне и добра железничка врска и чист проточен колски сообраќај во еден град. Има три начини како тие да се одвојат еден од друг и во Скопје е одбран веројатно најскапиот - да се подигне железничкиот на ниво, но идејата уште тогаш била тој простор да се комерцијализира, да се исполни со содржини - што за жал не е направено. Дури пред 10 години Пенов ја пренесе онаа канта од меѓуградска автобуска во денешнава микро-станица и се фалеше каква идеја му паднала, а уствари тоа било предвидено многу, многу пред него. Идејата на Танге била преку од плоштад преку пешачки мостови, тотално независно од колскиот сообраќај, преку ГТЦ па преку административниот и спортскиот центар да се стигне токму до станицава (на источната страна на ГТЦ кон Соравија има тераси, испусти кои се само остаток од таа идеја). Неќам ни да ги стаам во ист контекст овие урбанистички концепти во кои е ставен главен акцент на човекот и неговото слободно, непречено движење наспроти денешново ѓубре кое во преден план ја става гипсаната фасада и наместо да олеснува, ствара дополнителни сообраќајни проблеми - зонски паркинзи, подземни паркинзи и „комерцијални катни гаражи“......нејсе - „глуп бил Јапонецот, ние сме паметните“....
Мене многу ме потсеќа објектов на Berlin Hauptbanhof, кој што е во непосредна близина на Reichstag-от и канцеларијата на Меркел и е една од иконите на градот. Ги чинеше скоро 1 000 000 000 евра има врска со сите други превозни средства во градот S-bahn, U-bahn и автобус и на нејзе е врвулица од луѓе кога и да отидете....да се надеваме дека нашава ќе заживее ако имаме малку повеќе разбирање за значењето на железницата. Додека најнапредните инвестираат во возови со магнетни левитации и п**** материне, ние сме на нивото од пред 100 години....
 
Идејата на Танге била преку од плоштад преку пешачки мостови, тотално независно од колскиот сообраќај, преку ГТЦ па преку административниот и спортскиот центар да се стигне токму до станицава (на источната страна на ГТЦ кон Соравија има тераси, испусти кои се само остаток од таа идеја). Неќам ни да ги стаам во ист контекст овие урбанистички концепти во кои е ставен главен акцент на човекот и неговото слободно, непречено движење наспроти денешново ѓубре кое во преден план ја става гипсаната фасада и наместо да олеснува, ствара дополнителни сообраќајни проблеми - зонски паркинзи, подземни паркинзи и „комерцијални катни гаражи“......нејсе - „глуп бил Јапонецот, ние сме паметните“....
Мене многу ме потсеќа објектов на Berlin Hauptbanhof, кој што е во непосредна близина на Reichstag-от и канцеларијата на Меркел и е една од иконите на градот. Ги чинеше скоро 1 000 000 000 евра има врска со сите други превозни средства во градот S-bahn, U-bahn и автобус и на нејзе е врвулица од луѓе кога и да отидете....да се надеваме дека нашава ќе заживее ако имаме малку повеќе разбирање за значењето на железницата. Додека најнапредните инвестираат во возови со магнетни левитации и п**** материне, ние сме на нивото од пред 100 години....

fau6c3.jpg
tange%201.jpg
kenzo%202.jpg
kenzo%203(2).jpg
2wc431f.jpg
 
tange%201.jpg


Мислам дека оваа перспектива е отприлика од над железничката станица без неа во кадарот....а не е препознатливо пошо ништо од ова не е реализирано, во овој блок сега е Веро-центарот :facepalm:
 
tange%201.jpg


Мислам дека оваа перспектива е отприлика од над железничката станица без неа во кадарот....а не е препознатливо пошо ништо од ова не е реализирано, во овој блок сега е Веро-центарот :facepalm:

Ова е просторот околу Народна Банка денешна, ете до Вардарот десно се гледа. Да се рализирало немаше до ден денешен да гледаме како пасат коњи кај рекламата за Хладњаци. :D
National_bank_of_Macedonia.jpg
 
ce27.png
Историјат:
Железничката станица Скопје е дел од комплексот наречен Транспортен центар кој е завршен во 1970-титегодини. Има 10 перони кои се поставени на масивен бетонски мост, долг 2 км. Се наоѓа на помалку од 2 км од центарот на Скопје.
По земјотресот почнат е проект за голема ре-изградба на градот, чијшто автор е Кензо Танге, јапонски архитект, но кој не е спроведен во целост. Истиот архитект е автор и на железничката станица.




СЛИКИ како изгледа сеа:
84696818.jpg
84696361.jpg
84696451.jpg
84696186.jpg
84696132.jpg
84696075.jpg
84695954.jpg
84694901.jpg
84696035.jpg
Да се надеваме дека конечно ќе добиеме нешто како што треба и дека Скопје ќе добие она што заслужува.

ама си се потрудил од ЏорџТаун до тука да се слепаш, само да сликнеш .... :ROFLMAO:
 
Со 2,6 милиони евра неможе многу да се направи, така да не треба да се очекува многу повеќе отколку едно малку потемелно освежување. Што според мене навистина е штета и убеден сум дека треба да се инвестира во железничката многу повеќе, а со тоа да се створи навика кај луѓето повеќе и почесто да го користат овој превоз, затоа што е најудобен, најкомфорен, најсигурен и најточен. Сепак мора да се признае дека на оваа поле исто така има задвижување со реконструкција на коридорот 10, најава за набавка на нови вагони и возови, како и најава на реконструкција на дел од станиците во другите градови. Но и покрај тоа впечаток е дека глобално земено во Македонија од оние одговорните па се до граѓаните мислам дека свеста за предностите на железничкиот сообраќај се уште е на многу ниско ниво. Исто така мислам дека и стручните способности кај оние кои треба да се грижат за реализација на проектите и нивно промовирање и популаризирање е на многу ниско ниво. Затоа што железницата е еден многу комплексен поим, кој не го опфаќа само превозот од станица до станица, туку е координиран и со градските превози а сето тоа е опфатено во една целина и како пакет се нуди на потрошувачите. Пример ова опфаќа карти кои би важеле и за градскиот превоз, ова опфаќа и интернет платформа, на кои можам да зададам сакам да патувам во 14 часот од градска автобуска станица Лептокарија до некоја станица Велес, а платформата ми ги дава можностите, на пример, автобус број 22 станица Лептокарија во 14:08 пристигнување на Главната Железничка станица Скопје во 14:22 и потоа воз број 38423 перон 4 поаѓање во 14:35 пристигнување Велес.....и на крај автобус од железничката во Велес до саканата градска станица. Е ова ако се направи тогаш мислам дека ќе биде многу поедноставно да се снаоѓаме и ние а и туристите. Инаку моментално возниот ред на МЖ е во ПДФ формат.
 
ама си се потрудил од ЏорџТаун до тука да се слепаш, само да сликнеш .... :ROFLMAO:

Лани беше тоа, ама па како да е сменето нешто. А и лоши се сликите немав време. Така е кога имаш другари што каснат,а си со апарат во џеб.:pos:
Со 2,6 милиони евра неможе многу да се направи...
Затоа прво што помислив е да не се иде само со "мачкање на фасадата". Би било убаво кога од Ѓорче со воз би можел секој ден да идам со воз до Центар, за 5 минути е се. :D
 
Џабе барокот ако новите локомотиви не се парни.

И мене многу ми се допаѓаа парните локомотиви. Си спомнувам дека меѓународните експресни возови ги влечеа по две машини. Тоа беше прекрасна глетка
voz2-620x264.jpg

Но таа глетка повеќе нема да ја видиме.
Парните локомотиви се исфрлени поради огромните трошоци за гориво. На пример од Скопје за Битола трошеа 5 тони јаглен
Заменети се со дизел а подоцна со електрични
Електричните трошат неспоредливо помалку од парните
 
Не. Железничката е пуштена половина осумдести, колку што помнам, а не седумдести.
Ах, не знам кога точно била отворена ама сум слушал дека кога се отворила била најмодерна во тогашна Југославија, а можеби и најскапа со оглед на тоа колку цименто и арматура отишла.
27.7.1981

Интересен дел е најавувањето на каснење на некој воз, Кичево 60 мин., Косово Поле 40 мин.,..и тогаш не било се розе.Од друга страна денес на оваа технологија ни самите не се свесни кај им е еден од 10-те дневни воза.Ама имало воз за Бељаковце - уште не била доискрадена пругата од локалните мангупи.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 13:39 ---
Screenshot_4.png

И модерни чекални човече, па Siemens монитори произведени во охридски Емо :icon_lol:

Мене ми е чудно како замислиле реновирање на нешто уште недоизградено, без пола колосеци и покривната конструкција, десетте лифта итн.
Zeleznicka%20Stanica%20Skopje%20G%200301.jpg

e386fcc387741e627024d22cbfeed02c.jpg

Пероните од 6 до 10 се празни и глумат контејнери
554298_331048027003921_1432111145_n.jpg

,
Мене многу ме потсеќа објектов на Berlin Hauptbanhof, кој што е во непосредна близина на Reichstag-от и канцеларијата на Меркел и е една од иконите на градот. Ги чинеше скоро 1 000 000 000 евра има врска со сите други превозни средства во градот S-bahn, U-bahn и автобус и на нејзе е врвулица од луѓе кога и да отидете....да се надеваме дека нашава ќе заживее ако имаме малку повеќе разбирање за значењето на железницата. Додека најнапредните инвестираат во возови со магнетни левитации и п**** материне, ние сме на нивото од пред 100 години....

Вистина е сличен концепт со скопската станица, само нормално целосно изграден
Berlin-HBf.jpg




Инаку папагаливе од власта и пред 7-8 месеци го најавија ова, веројатно најавуваа и порано..мислам дека и друга тема имаше на форумов...
 
Последно уредено од модератор:
Во барок ќе ја реновираат и плус новите возови ќе бидат ретро како автобусите.;)
 
Порано е пуштена
Јунска класа во ЈНА памтам кога го испраќавме брат ми.

Погледни пост # 25 на истава страна. @Рудници и постираше дека е пуштена на 27 јули 1981
 
Moze oficijalnoto otvaranje da bilo za memorijalot za zemjotresot, a da funkcionirala mesec-dva pred toa....da ja praese patorot ke secese lenta za sekoj stub posebno uste na nezavrshen objekt
 
Ехее државата ни пропаѓа, они се фатија Железничката да ја реконструират, што моментално е најмал проблем во државава. Исто ко некој во Африка да умира за вода, а ти телевизор да му донесеш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom