Dave
subcomandante
Ваков инфраструктурен објект во денешни услови практично е неможно „ни да се окречи“ (што би рекол Боби Слон), а камо ли да го изгради некоја од утепаниве влади. Граден е во време кога нашата градежната оператива е во полн погон и има цифра на градежни работници скоро колку што денеска имаме невработени.
Инаку како урбанистички проблем е многу тешко да се постигне и добра железничка врска и чист проточен колски сообраќај во еден град. Има три начини како тие да се одвојат еден од друг и во Скопје е одбран веројатно најскапиот - да се подигне железничкиот на ниво, но идејата уште тогаш била тој простор да се комерцијализира, да се исполни со содржини - што за жал не е направено. Дури пред 10 години Пенов ја пренесе онаа канта од меѓуградска автобуска во денешнава микро-станица и се фалеше каква идеја му паднала, а уствари тоа било предвидено многу, многу пред него. Идејата на Танге била преку од плоштад преку пешачки мостови, тотално независно од колскиот сообраќај, преку ГТЦ па преку административниот и спортскиот центар да се стигне токму до станицава (на источната страна на ГТЦ кон Соравија има тераси, испусти кои се само остаток од таа идеја). Неќам ни да ги стаам во ист контекст овие урбанистички концепти во кои е ставен главен акцент на човекот и неговото слободно, непречено движење наспроти денешново ѓубре кое во преден план ја става гипсаната фасада и наместо да олеснува, ствара дополнителни сообраќајни проблеми - зонски паркинзи, подземни паркинзи и „комерцијални катни гаражи“......нејсе - „глуп бил Јапонецот, ние сме паметните“....
Мене многу ме потсеќа објектов на Berlin Hauptbanhof, кој што е во непосредна близина на Reichstag-от и канцеларијата на Меркел и е една од иконите на градот. Ги чинеше скоро 1 000 000 000 евра има врска со сите други превозни средства во градот S-bahn, U-bahn и автобус и на нејзе е врвулица од луѓе кога и да отидете....да се надеваме дека нашава ќе заживее ако имаме малку повеќе разбирање за значењето на железницата. Додека најнапредните инвестираат во возови со магнетни левитации и п**** материне, ние сме на нивото од пред 100 години....