Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Господ Исус Христос живеше совршен ислам вие не верувате во неговото учење.

Негде некој погрешно ве научил.
како мислиш не веруваме? ние веруваме во Исус како пророк! и нашата вера повеќе учи за него него вашата!
и да тој го живееше совршениот ислам!
 
како мислиш не веруваме? ние веруваме во Исус како пророк! и нашата вера повеќе учи за него него вашата!
и да тој го живееше совршениот ислам!

Епа зашто не верувате на неговите проршки зборови? ’ евангелија се напишани за него и како он подучувал. Зашто тие учења не ги применувате? Зашто не го признавате за син божји?

Се повеќе сум убеден дека куранот е напишан од демони. Се со цел да се спречи ширење на христијанството и поделба на човештвото за да не може да се спасат.
 
чудни сте, како јас да поверувам покрај мојата совршена вера, која нема простор за сомневање? да се префрлам во вера од која секој ден има луѓе што ја оставаат,
како да поверувам во книга наречена света книга од господ а уствари е напишана според јован матеј лука? и книга пуна со контрадикции?
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 23:35 ---
сите 4 евангелии според јован матеј лука и петар различно ги толкуваат истите приказни во иста книга?
вие во тие 4 ке најдете многу контрадикции.
како ги објаснуваш тие? дали е својствено во света книга да има грешки?
 
јас мислам дека Исус е син божји во смисла на тоа дека совршено ја исполнил Неговата воља, како тоа Бог и го рекол, но тоа според мене не значи дека е син како син на замјата од татко и мајка, зашто некаде е речено
“(9)Блажени се миротворците, зошто тие ќе бидат наречени синови Божји! (44) А јас ви велам љубете гисвоите
непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; (45) за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, …”.
 
Сите следбеници на Исламот се слагаат дека вистинската Тора и Евангелие, објавени од Аллах (свт) на Мојсие и Исус а.с. не се оние што денес се насловени како Стар и Нов Завет, бидејки под тоа име не се објавени во чесниот Куран, затоа што денешната Тора има три, а Евангелието повеќе од 72 различни признати верзии, а Возвишениот Аллах објавил само една Тора на Мојсие а.с. и само едно Евангелие на Исус а.с..
Оној кој ги порекнува Тората и Евангелијата споменати во чесниот Куран е неверник и отпадник од Исламот.
А оној кој ги порекнува приказните, преданија и подметнувања, кон Аллах и на Неговите чесни веровесници, што се наоѓаат во Стариот и Нов Завет (Светото Писмо) не е неверник и не испаѓа од рамките на Исламот.
Напротив, да ги обелодени искривувањата што се наоѓаат во нив, должност е на секој проучувач, за да се разликува Боженственото, од оноа што на Неговата Возвишеност не му прилега, и ја сочува честа на Божјите веровесници од нивни клеветења, како што е случајот со Лот ,Исус, Давид,Соломон и др.
 
чудни сте, како јас да поверувам покрај мојата совршена вера, која нема простор за сомневање? да се префрлам во вера од која секој ден има луѓе што ја оставаат,
како да поверувам во книга наречена света книга од господ а уствари е напишана според јован матеј лука? и книга пуна со контрадикции?
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 23:35 ---
сите 4 евангелии според јован матеј лука и петар различно ги толкуваат истите приказни во иста книга?
вие во тие 4 ке најдете многу контрадикции.
како ги објаснуваш тие? дали е својствено во света книга да има грешки?

Ок, твоја воља. За Господ се можно, па и да ги спаси луѓето од различни вери и од различни краеви на светот.

Но ќе видиш дека Исус Христос е Господ.
 
Последно уредено од модератор:
Речиси сите религии имале свои спасители, воскреснувачи... Христијаните имале меѓусебе долги борби и расправии, се анатемисувале, се карале, се тепале дали исус е човек или бог дали Марија е богородица или родила смртник.... тоа беше процес кој настанал кога е уништена ерусалемската заедница од каде идеше вистината за Исус. Кога неа ја снема , на сцена настапија новокомпонираната религија на Павле - проримска. Инаку христијаните на темелите на паганството си ја градеа религијата, на народо му треба божица мајка - еве ви ја богородица место древните пагански - а на местата на паганските храмови на божица мајка - подигнаа цркви посветени на богородица, како што паганите си имаа бог на вино бог на патишта бог на молњата - и христијаните воведоа светци - секој одговорен како чувар и “господар“ на некоја вештина или појава, паганите светкуваа 25 декември и како денот на Митра, мислам и дека и на Озирис раѓањето беше на 25 декември - и христијаните го адаптираа тој ден како свој празник, масовно со векови пред христијанството митраизмот имаше причест со вино и леб како крв и тело на господа - христјаните и тоа го воведоа као “свое“ иако беше познато и се применуваше во други религии и обреди векови пред нив, крштевањето во вода - исто така беше познато и применувано и пред тоа да стане “христијански“ обред, рак и пекол, страшен суд, воскреснување... сите тие одлики ги имаме во другите религии многу пред христијнството.
Христијнството н почетокот (иако не беше така наречено ниту беше нова религија) беше чист неискварен јудаизам. Таков беше во првите децении. Почна да се трансформира и менува после разурнувањето на храмот и почеток на прогон на евреите. Тогаш се одвои од јудаизмот и се формира како нова вера, таа постапка не беше преку ноќ траеше со децении па и векови.

Со сите човечки слабости, можеш ли да ја забележиш желбата за живот? Не се работи за просто прераскажување. Потребен е поискрен и суштествен пристап кон животот.
Не е занемарлива причина сведоштвото на апостолите и светиите за вистината за животот, сепак го дале својот живот..., се работи за поверение, пример зошто им верувам ним, а не на Мухамед, Озирис...
Што добиле они власт, углед, богатство..., Савле / Павле го имаше сето тоа, но го даде за Христа вклучувајќи го и својот живот.
 
А ти као си читал и проучувал за другиоте религии па на крај си го одбрал баш православието. Ти си православен оти си роден во земја каде е претежно православна христијанска, да беше роден во саудиска арабија сега ќе викаше на сет глас АЛЛАХ АКБАР, да беше роден во Индија ќе се капеше во светата вода на Ганг и ќе му се молеше на Кришна, во Италија би бил верен католик.....
 
Баш обратно, аналогијата е да видиш кој си и каде си, заради респект кон своите претходници од кои си произлегол.
Прво го осознавам православието, потоа другите..., така да веќе не сум православен, бидејќи сум македонец.
Тебе ти се случува критика на релативизација, синкретизам..., сите ние верниците сме во лага од различна форма, а никако да не просветлиш. Не е братски.
 
Прво го осознавам православието, потоа другите..., така да веќе не сум православен, бидејќи сум македонец.
.

И кои други до сега осознаде и до кој степен?
 
Колку време, животи ќе ни требаат за ова што го предлагаш?

А што е еден земски живот за она што те чека по смртта, замисли можеби евреите се во право и со то што ги погази божјите закони те чека вечна осуда? или се Хиндусите во право сепак нивната религија е многу постара од христијанството има подлабоки корења, или се во право паганите.... вака изгледа као даси купил грепка и се надеваш дека е твојата добитна.
 
Како изгледа животот без грепка?
 
Како изгледа животот без грепка?

Многу послободно, пимер јас можам да истражувам религии истории да наоѓам контрадикторности, апсурдности, невистини, слободно да размислувам и кажувам за тоа, можам слободно научно со факти и записи од други писатели не само од христијански да ја проучувам библијата и од друг агол да ја согледам вистината скриена под наслагите на прикаските легендите и бајкита.....
 
На пример јас правам многу повеќе од набројаново и ненабројаново, тоа не ме прави послободен, освен ако е насочено во потрага за решение за проблемот со смртта.

Како и претходно што споменав, игнорантскиот однос кон смртта не` заробува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom