Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Како и претходно што споменав, игнорантскиот однос кон смртта не заробува.

ние немаме однос кон смртта, смртта е сигурна и гарантирана, моли се клањај се кукај плачи вришти смеј се пеј си ... на крајот е таа унмира и атеист и муслиман и христијанин и паган. Стравот од смртта како природна појава те тера да бараш надеж дека можеби се не е готово во моментот кога ќе застани крвотокот, престанат импулсите низ нервите а бактериите во телото почнат да го разложуваат телото. Така му се случува на жирафите фоките лавовите коњите кенгурите орлите шимпанзата камилите кучињата...... на сиот жив свет му иди истиот крај, но некако од зорт и страв си мислиме “не не смее тоа мене да ми се случи, јас сум посебен, јас ќе продолжам да живеам вечно.....“ и тој страв и надеж те тера да се крстиш кога врвиш покрај црква вапцаш јајца за велигден, постиш, бакнуваш икони, палиш свеќи...
 
и тој страв и надеж те тера да се крстиш кога врвиш покрај црква вапцаш јајца за велигден, постиш, бакнуваш икони, палиш свеќи...
А да јадеш, облекуваш, работиш, лечиш, одмораш, спортуваш, дишеш..., каков е тој однос, зошто сево ова?
 
Кој се бори со смртта, а ние уживаме и едвај чекаме да заврши?!

тука е и парадоксот на верниците, иако го сакаат исуса цел живот го посветуваат да заслужат негова милост и живот вечен до него... се ќе направат што подолго да останат во овој грешен и лажен земски свет, ќе одат по доктори, на операции, ќе водат здрав живот а на погреби плачат и кукаат како најголема трагедија - место да пејат и се веселат што душа на нивен близок се пресели на небото.
 
Се идентификуваш како душа? Бај д`веј ова што проповедаш нема врска со православие.
 
тука е и парадоксот на верниците, иако го сакаат исуса цел живот го посветуваат да заслужат негова милост и живот вечен до него... се ќе направат што подолго да останат во овој грешен и лажен земски свет, ќе одат по доктори, на операции, ќе водат здрав живот а на погреби плачат и кукаат како најголема трагедија - место да пејат и се веселат што душа на нивен близок се пресели на небото.
Еден клип како навистина би се однесувале теисти ако вистински веруваат во задгробниот живот.
 
Многу послободно, пимер јас можам да истражувам религии истории да наоѓам контрадикторности, апсурдности, невистини, слободно да размислувам и кажувам за тоа, можам слободно научно со факти и записи од други писатели не само од христијански да ја проучувам библијата и од друг агол да ја согледам вистината скриена под наслагите на прикаските легендите и бајкита.....

...и ќе дојдеш до „мудруиот„ заклучок дека сите религии се лага, кои Тебе лично никако не Те засегаат, оти не си припаник во ниту една од нив па ќе си речеш: „Море јади, пиј, прај си ќејфој, оти амо еднаш се живее, оти по смртта, ионака нема ништо„.
 
верниците не јадат не пијат и не си прават ќефои?
 
Да баш така, при тоа правејќи се луди, дека смртта на другиот му се случува.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 11:18 ---
верниците не јадат не пијат и не си прават ќефои?
Зошто да не? Особено ако во друштво е и Вечниот.
 
Последно уредено од модератор:
верниците не јадат не пијат и не си прават ќефои?

Да, сето тоа го чинат, но со мерка и не вон границите од она кое и Бог и Црквата го одредиле како разумен начин на однесување и битисување.
 
интересно, која е мерка за јадење која ја препишува црквата? или за пиење? а и за ќеф правење?
 
Мерката е одредена со начинот на живеење и со начинот на постење, која е одредена за периодот преку целата година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom