Речиси сите религии имале свои спасители, воскреснувачи... Христијаните имале меѓусебе долги борби и расправии, се анатемисувале, се карале, се тепале дали исус е човек или бог дали Марија е богородица или родила смртник.... тоа беше процес кој настанал кога е уништена ерусалемската заедница од каде идеше вистината за Исус. Кога неа ја снема , на сцена настапија новокомпонираната религија на Павле - проримска. Инаку христијаните на темелите на паганството си ја градеа религијата, на народо му треба божица мајка - еве ви ја богородица место древните пагански - а на местата на паганските храмови на божица мајка - подигнаа цркви посветени на богородица, како што паганите си имаа бог на вино бог на патишта бог на молњата - и христијаните воведоа светци - секој одговорен како чувар и “господар“ на некоја вештина или појава, паганите светкуваа 25 декември и како денот на Митра, мислам и дека и на Озирис раѓањето беше на 25 декември - и христијаните го адаптираа тој ден како свој празник, масовно со векови пред христијанството митраизмот имаше причест со вино и леб како крв и тело на господа - христјаните и тоа го воведоа као “свое“ иако беше познато и се применуваше во други религии и обреди векови пред нив, крштевањето во вода - исто така беше познато и применувано и пред тоа да стане “христијански“ обред, рак и пекол, страшен суд, воскреснување... сите тие одлики ги имаме во другите религии многу пред христијнството.
Христијнството н почетокот (иако не беше така наречено ниту беше нова религија) беше чист неискварен јудаизам. Таков беше во првите децении. Почна да се трансформира и менува после разурнувањето на храмот и почеток на прогон на евреите. Тогаш се одвои од јудаизмот и се формира како нова вера, таа постапка не беше преку ноќ траеше со децении па и векови.