Па воопшто не е оптимистички најавата дека би се отварале текстилни погони во Македонија, колку и да звучи фино.
Единствен услов Македонија да го зголеми својот стандард и инвестициите е да “продава мозок“. Треба сериозен ремонт на образовниот систем и редефинирање на кариерните правци според проекциите за критичните професии во иднина.
Истовремено треба да се инвестира секој еден денар во напредна технологија и технички струки.
Економистите и правниците да се ограничат или привремено замрзнат како факултетски правци.
Македонските фирми мора да основаат заеднички фондови со кои би можеле да го развиваат капиталот, да разменуваат искуства и контакти.
Наместо 100 мали посебни текстилни работилници треба да осмисли квалитетна продукција под едно препознатливо име, кое ќе се промовира надвор како македонски бренд и ќе го пробие патот за останатите фирми.
Што се случува со Витаминка, Европа и сличните им? Имаат ли некаква перспектива, можат ли да конкурираат со други фирми или не?
Ако не нека се продадат на некоја корпорација како Нестле, Крафт кои сигурно ќе најдат начин да ги вклопат во своите планови. Нема смисла постоење на фирма заради опстојување.
Државата треба да осигура дека ќе набавува само домашни производи за своите институции, не може во собраниското бифе да се продава турски Улкер или Краш. Ова е само еден пластичен пример, меѓутоа на поголемо ниво ќе има значајни резултати. Мора да се почне од малите навики.
Отварање на големи медицински комплекси на границите со комшиите каде ќе се нудат најсовремени операции и поприфатливи цени. Во непосредна близина да се создаде капацитет за сместување со сите потребни услуги. Со тоа ќе се стимулираат многу останати бизниси и ќе се развијат досега тотално непознати региони.
Еден интересен податок вели дека оние ситни бизнисмени што по укинување на прохибицијата во САД купиле за грст долари акции во новонастанатите мали произведувачи на алкохол, во рок од неколку години станале милионери.
Сега на големо се збори за легализацијата на марихуаната, не само за павкање туку и за медицинска употреба и сл., се предвидува комплетно легализирање поради потенцијалот да донесе огромен профит на првите фирми на пазарот кои ќе нудат такви производи. Наместо пипер, садиме мара

ова не е заебанција иако звучи тотално забегано.
Треба сериозен ремонт на образованието, се согласувам. Треба да прекине процесот на стимулирање факултетски кадри по секаков однос, во однос на квалитетот. Ремонтот треба да почне од средното образование. Во Германија образовниот систем ми се допаѓа, би требало да го искористиме. Сите одат до 4то одделение. Во петто најдобрите се двојат во едно, останатите во друго. Тие кои се подобри после основно идат во Гимназија и само они можат да идат на факс. Останатите идат во два вида на средно образование, најслабите идат директно на практична обука и почнуваат со работа со неполни 18г. Другите идат на меѓу зона, ако се добри може да аплицираат за факс, ако имаат слаби оценки, веднаш ги шалтаат во пракса. И затоа нема продукција на универзитетски лица. Се знае редот или те бива или не те бива за учење.
Баш убаво би дошле младиве во Железара да речеме или во Џонсон. Ем определена дневница, ем високо обучен квалитетен кадар. Сега продуцираме само дипломи, тоа е трагично економски да дипломираш, а да незнаеш што е девизен курс и таргетирање.
Во однос на кадрите, незнам за правниците, али економистите се делат во стотици групи и струки. Од сметководство, ревизија, финансии, планирање, маркетинг, даночни кадри, монетарни кадри, менаџмент, транспорт, осигурување, царина, шпедиција, банкарство, комерција во илјада правци од медицинска, хемиска, машинство, меѓународна економија, статистика, брокерски узлуги, специјалисти за берзанско работење, е-економија која доживува бум итн. Значи за се може да снема работа освен за економист. Али идеме до муабетот кој колку разбира и кој колку е специјализиран во областа. Некои од сите области знаат по една реченица. Се надевам не збориме за тие лица. Секој економист треба да се најде себе си во еден дел и да се специјализира. Инаку џабе му е дипломата.
Во врска со Витаминка и Европа. Ние сме толку мал пазар и неинтересен, што никој не е ни заинтересиран да ни купи и брендира. Во еу има илјадници поквалитетни, поефтини (девизен курс влијание), специјализирани, машинизирани. Зошто би ги купиле? Еве да замислиме ние да сме инвеститори, зошто би ја купила Витаминка?
Друга работа е што ние сме нефлексибилни, вчера научивме што е акционерско друштво, а берзата ни е како овенато цвеќе. Комерцијата ни е мисловна именка. Незнаме да се продадеме. Треба да се вложи во кадрите особено во првата линија која треба да излезе надвор, да продаде. И тоа што сме прескапи тоа е друга работа.
Јас мислам дека многу сме распрснати. Ние треба да се фокусираме на нашите предности и тука да вложуваме. Ние сме големи извозници на јагне. Имаме можности за одгледување животни и месни преработки. Не сме ние технолошки потковани ниту имаме компаративни предности. Треба да идеме онаму каде ги имаме. Али еден бродолом со оној „краварот“ и све отиде во потоп.
Нема верба братче, народот не верува во ништо, бизнисмените гледаат само да го поминат месецот. Нема пари, нема верба, значи се живурка. Немаш систем како прво и прво, немаш наплата, трансфер на пари нема. Може ли бизнис без сигурна наплата и нормални царински процедури? Не

[DOUBLEPOST=1393277871][/DOUBLEPOST]
Аха, Индија е 1,2 милијарди луѓе, нивното време допрва иди. Пакистан оди накај 200 милиони, нивното време допрва иди. Африка е преку милијарда, нивното време допрва иди...
Небитно од страна на популација, Западот економски никогаш нема да падне. A камоли пак воени или политички.
Кина е тоа што е благодарение на инвестициите на Западот. Кои патем можат да бидат во било која земја.
Во врска со насловот на темава, ако авторот мислел дека Кина не е земја на ниски плати споредено со.... Сиера Леоне, тогаш е во право. БДП по жител Кина има помалку од Македонија. Просечна плата пак, далеку помала од Македонскава.
Кина, Индија, Бангладеш итн, никогаш нема да го стигнат Западот. Никогаш.
Јас не зборам за број на население. И Судан има милиони, па уште со лист на полов орган шетаат.
Кина има можности. А да оставиме после десет години на темава ќе видиме дали добро прогнозира Светот или не.