Kина не е веќе земја на ниски плати!

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Платите во Кина растат просечно 20 проценти годишно. Кина ја отфрла улогата на земја број еден по ниски плати. Од производители, Кинезите се‘ повеќе стануваат и потрошувачи, се наведува во анализата што ја објави Дојче Веле.

На први јануари локалните власти во Пекинг ги зголемија минималните плати за 8,6 проценти. Од први февруари тој пример ќе го следи и специјалната економска зона на југот на Кина, Шенжен. Долната граница во однос на платите во земјата е подигната на 1500 јуани, што е околу 185 евра.

Платите во Кина растат со брзо темпо. Според податоците на Министерството за труд и социјална заштита, платите во Кина лани пораснале за околу 20 насто.

- Главната причина е недостатокот работна сила во Кина. Се гледа дека од 2004-та година главната работна популација ја сочинуваат луѓе родени по 1980-та година. Поради плановите за раѓање, опаѓа бројот на работната сила - вели експертот за кинескиот пазар Лиу Каимунг од Институтот за современи истражувања во Шенжен.

Недостатокот работници посебно е присутен во секоторт на ниски плати. Во текстилната бранша, но и во индустријата за играчки, се‘ повеќе фирми поради платите кои растат се одлучуваат производството да го преместат во Виетнам, Камбоџа или Бангладеш. Времето кога Кина беше земја со најниски плати очигледно помина. Кинеското раководство активно го поттикнува растот на примањата.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C254BE832F6F06489E44B8A7A077A94B
 
Капитализмот прави чуда...
Prc1952-2005gdp.gif
 
Тоа ти се вика асален капитализам со развој , а не америте или европјаниве.

офтопик : Комуниста џабе се фураш на кинезиве , не ти се совпаѓаат со потписот :D :D
 
абе дури и кинезите се свестија и им се зголемува работната рака, а кај нас уште работиме за 7к. а грчето па кутро се буни оти со новите промени че имале само 600 евра за да го поминат месецот, за грев
 
Друга добра бројка за Кина е тоа што го има најмалиот долг кон ММФ (5% од вкупниот годишен GDP), Некаде околу половина трилион. А пак САД, Велика Британија имаат десетици трилиони.
 
Друга добра бројка за Кина е тоа што го има најмалиот долг кон ММФ (5% од вкупниот годишен GDP), Некаде околу половина трилион. А пак САД, Велика Британија имаат десетици трилиони.
САД и Западна Европа се удавија во регулатива и социјални мерки. Плус Кензијански Модел на стимулирање на економијата со буџетски дефиции и задолжување. САД и Западна Европа се трули имаат патетичен раст за 20-30 години Кина и Емрџинг Маркетс ќе ги претркаат. Кина сега вештачки ја држи ниско валутата ако се откажат од тоа и дозволат да им рипне валутата Кинезите ќе имаат куповна моќ појака и од Амерканците.
 
САД и Западна Европа се удавија во регулатива и социјални мерки. Плус Кензијански Модел на стимулирање на економијата со буџетски дефиции и задолжување. САД и Западна Европа се трули имаат патетичен раст за 20-30 години Кина и Емргинг Мактерс ќе ги претркаат. Кина сега вештачки ја држи ниско валутата ако се откажат од тоа и дозволат да им рипне валутата Кинезите ќе имаат куповна моќ појака и од Амерканците.
Сега на Кинезите им одговара да ја држат валутата ниско, а потоа за едно децение ќе ја покачат.
 
Сега на Кинезите им одговара да ја држат валутата ниско, а потоа за едно децение ќе ја покачат.
Не верувам дека ќе можат да издржат толку, не играм форекс ама што потчитнувам анализи шат пат потценета им е валутата во моментот на Кинезиве.
Очекувам експанзија на Индија кога Кина ќе стане неконкуретна на пазарите.
 
Јас имам Кинески Рамиби-Јуан и моментално растат и ќе растат во иднина само колку незнам. Индија е многу јака исто така. Инаку МК денар е прецентет тоа ни го убива извозот затоа имаме огромен трговски дефицит...ама на нашиве никако да им дојде паметот само сакаат да го лажат народот со бомбончиња за да ги добијат следните избори немаат муда да девалвираат. Затоа ќе си тапкаме во место.
 
А ако девалвират што ке станат парите на лугето во денари?
 
Топ ,тоа значи дека повеќе работа ќе има за нас бидејќи ние сеуште сме голтари мухахах
 
...објави Дојче Веле повикувајќи се на извори од комунистичката партија на Кина, позната по своето објективно информирање на јавноста.
А и тука е платата просечна 22.000, they said it on TV.

Кинеската стока сеуште е ефтина и станува поефтина. А тоа нели е јасен показател за зголемените производни трошоци поради зголемените плати на робовите....
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 19:12 ---
Капитализмот прави чуда...

Да бе.
Скоро да те натера да размислиш да емигрираш накај Кина, јебеш ти тие под вода шо живеат, будали се...:icon_lol:
 
Да бе.
Скоро да те натера да размислиш да емигрираш накај Кина, јебеш ти тие под вода шо живеат, будали се...:icon_lol:
Во Кина е иднината тие под водата се пропала држава само уште незнаат што ќе им се случи. Живеат на стара слава. Јас имам пари во Кина. Во Кина е брат ми и многу добро знам за каде е најпаметно да се оријентираш. Не сум кретен да им ги дадам парите на нискоморските лузери и да ги проебат на уште една социјална бенефиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom