Дежа ву - Дали некогаш ви се случило?

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Често доживувам дежа ву-а што веќе се дел од мене, нештата што се случуваат се потполно исти како во некој сон, дури препознавам и некој што ќе каже и дека така требал да каже, обично во директна комуникација со луѓе (не на тв и сл.). Од шо се чести имам чувство дека иднината е веќе предодредена и нештата само се случуваат односно се откриваат настаните по некој си веќе одреден редослед. Фрики ептен! Am I fucking crazy or what? :)
 

Дејмон

Find Beautiful Girls from your town for night
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Да бе!
Се почесто и тоа во последно и во моментот на дешавањето се губам некако пошо пробувам да скапирам што по ѓаволите се случува. Као wait, what? how? is this even possible?
Интересно е ама, нека се дешава понабрзо.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Дали ви се лоши екстремно кога имате дежа ву? Ја увек осеќам нагон за повраќање, вртоглавица буквално на неколку секунди ми се темни пред очи итн.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
У последно време ми се има случено на моменти така 2-3 секунди да се исклучам од просторот и времето, ми преовладува мисла дека ова се што се случува не е реално и почнувам да паничам, али тоа трае неколку секунди и стварно сум во паника али после некое време се стабилизирам...Имал некој доживеано вакво нешто?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Мене ми доаѓа често мисла дека имам поминато низ истата ситуација, но не можам да се сетам кога.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Пред некој ден.....кога седев со нозете оптегнати на маса и зјапав во екранот од компјутерот, и на телевизија ги даваа Бенфика со некои, мирисаше на чај, кој претходно го напрајв и целата ситуација како да ја имав претходно осетено на ист начин со сите елементи, и демек како последица на ситуацијата, требаше ко по интуиција да заѕвони телефонот и да ме известат за некоја сообраќајка на близок.
 
Член од
5 април 2014
Мислења
114
Поени од реакции
49
Ми се случило повеќе пати една иста песна да објавам на фејзбук. :icon_lol:
и според тебе тоа е дежа ву? :facepalm:[DOUBLEPOST=1397771246][/DOUBLEPOST]
Верувал или не и мене истото ми се дешава.Значи ситуации ми се дешаваат по втор пат и тоа идентични,и на момент се замислувам дали првиот пат било вистина или само некој сон...а ми се има и десено да предвидам нешто,на пример многу пати ми се дешава да погодам колку ќе биде температурата у скопје(колку сакате исмејувајте ме али премногу често е тоа:pipi:) потоа ми се има десено да предвидам дека ќе се деси некоја натприродна сила,пример праам муабет со некој другар дека ќе има торнадо/земјотреси и по некој ден земјотресот во Бугарија.
друго е предвидување што ке се случи а друго е дежа ву..
 
Последно уредено:

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
У последно време ми се има случено на моменти така 2-3 секунди да се исклучам од просторот и времето, ми преовладува мисла дека ова се што се случува не е реално и почнувам да паничам, али тоа трае неколку секунди и стварно сум во паника али после некое време се стабилизирам...Имал некој доживеано вакво нешто?
И мене нешто слично некогаш ми се случва... Онака како да имаш некое чувство дека ништо не е реално (а е? :icon_lol:) и се прашуваш кај си, шо си, зошто си... Онаква ситуација како мозокот да си вика "wtf is this shit?" и како паника да те фаќа и по неколку сеунди се смирваш.... не можам да се изразам dammit >.<
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
И мене нешто слично некогаш ми се случва... Онака како да имаш некое чувство дека ништо не е реално (а е? :icon_lol:) и се прашуваш кај си, шо си, зошто си... Онаква ситуација како мозокот да си вика "wtf is this shit?" и како паника да те фаќа и по неколку сеунди се смирваш.... не можам да се изразам dammit >.<
Беај, најгадни 2-3 секунди се тоа, те мава паника и тоа јака паника, али коа ќе помине...:вонзем: :D
 
Член од
14 април 2014
Мислења
38
Поени од реакции
30
Многу пати ми се има десено така нареченото Дежа ву и колку и да барам објаснувања во секое наоѓам некоја дупка и едноставно не ми држи вода..Се надевам некогаш ќе дознаам некоја ептен проучена теорија :)
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дали ви се лоши екстремно кога имате дежа ву? Ја увек осеќам нагон за повраќање, вртоглавица буквално на неколку секунди ми се темни пред очи итн.
Даааа , само што не до таа точка на повраќање туку ужасна вртоглавица и за 2-3 секунди се чувствувам како да не сум дел од случката која и да е, туку како да посматрам само ...
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Дали кај сите или само кј мене се дешава ова секој ден?
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
И мене 2-3 пати неделно, на пример ми текнува дека некогаш сум го гледал телевизорот под тој одреден агол, водителката била во баш таа позиција, го кажувала баш тоа на кое се сеќавам била исто облечена и во иста емисија, а не ми текнува кога. Ова само како пример...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom