Менаџер наспроти менаџер

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Ван Гал е одличен тренер, ама кога ќе го видам со оној огромниот тефтер небаре матичар е, ми се повраќа. Јас никогаш не би го ставил во класата на Фергусон, Мурињо, Венгер, Липи, Анчелоти, пред се затоа што е безмадест.

Колку не си во право..o_O

На прв тренинг на Баерн им ги покажал ташаците и шлонгот,тие не го сфатиле сериозно ама луд е дефинитивно.Мурињо ова што го прави,Ван Гаалова болест.
 
Објективно гледано последните 30тина години најголемите тренерски имиња се италјанци. Ариго Саки, Џовани Трапатони, Фабио Капело, Марчело Липи и Карло Анчелоти.

За првите двајца повеќе имам слушано отколку гледано, ама и двајцата имаат големи успеси во Италија и на интернационално ниво. Трапатони покрај огромниот број на освоени титули во Јуве со Платини генерацијата, беше тренерот кој имаше последен пат освоено титула со Интер во 1989 пред да им дадат на црносините титула во 2006. Исто така има освоено со Баерн во Германија, со Бенфика, па дури и со Салзбург. Како селектор на Италија не се прослави, ама може да се каже дека повеќе немаше среќа отколку што не го биде за таа позиција.

За Липи, Капело и Анчелоти може и книга да напишам ако започнам, па затоа само накратко нешто општо.

Липи беше тренер на еден од можеби најдобрите тимови на Јувентус од 1994-1999 и од 2001-2004 додека исто така со Италија направи "чудо" како што некои гледам милуваат да кажат. Јас не би го нарекол светското првенство во 2006 чудо, затоа што покрај сите проблеми кои тогаш ги имаше Италија сепак на располагање имаше неверојатен состав со еден куп светска класа играчи и се разбира со светска, дури и мајсторска класа селектор. Една од работите која може да се научи од Липи е неговата лекција за правењето промени кога е потребно. Еднаш за враќањето во 2001 изјави дека го продал Зидан заради тоа што сметал дека не може да успее со исти играч како што успеал претходно, а исто така го купил Недвед со цел да не донесе природна замена на Зидан туку нов профил на играч како Недвед.

Да не почнам да зборувам за 4те напаѓачи во второто продолжение против Германија на резултат 0-0 во 2006 оти ќе треба да се заборавам. Целиот клише муабет кој за жал до ден денеска стои за досадната и дефанзивна Италија го поби тогаш, ама мора на муабети да се наоѓаат луѓето оти некој има 4 светски титули, а некој останува секогаш со прстот во уста.

Капело од друга страна за мене е најдобриот дефанзивен тактичар чиј тим го имам гледано. Таква способност за организирање одбрана јас немам видено во друг тим. Пичкин дим е ова денес што се дешава со 11 играчи зад топка. За бројот на титулите не вреди ни да зборуваме. Хајлајт во неговата кариера беше кога си даде оставка од селекторската позиција во Англија. Крајно чистите и морални енглези мислеа дека нему може да му кажат кој да биде капитен на репрезентацијата, кој да игра, а кој не. Капело какви светска класа тимови имаше водено и тоа успешно без никој да му се меша каква и одлука да донесеше, тие најдоа да му кажуваат што ќе прави :facepalm:

Анчелоти може е најслаб по титули во споредба со овие, ама помеѓу толку квалитет и не е лошо да си најлош (ако може да се употреби ваков израз). Кога го водеше Милан, честопати грешеше во Италија со ептен претпазливиот пристап во некои натпревари, но затоа за игра на резултат и ЛШ беше експерт. Милан во тие сезони под негово водство 3 пати играше во финале и еднаш доста несреќно испадна во полуфинале од Барса. Секогаш под негово водство Милан беше фигура во Европа, додека во Италија честопати во најбитните моменти крахираа, што е своевидна дамка во кариерата на Анчелоти.
 
Aко се гледа според титули, најуспешен е Дел Боске, секое ебано натпреварување го освои човекот, освен Купот на Конфедерации каде 2 пати веќе го губи :D
 
Мондонико ми лајкна мислење на темава... очекувајте во најбрзо време реферат од него :icon_lol:

Што ви реков :cool:
 
not sure if rene or del bosque
kaye-del-bosque_1586261c.jpg
 
Колку не си во право..o_O

На прв тренинг на Баерн им ги покажал ташаците и шлонгот,тие не го сфатиле сериозно ама луд е дефинитивно.Мурињо ова што го прави,Ван Гаалова болест.

Веруј нема мадиња. Мадиња од фудбалски аспект, не у буквална смисла на зборот. :)
 
Чим се реши да не смета на еден Лусио, и да го ставиш од никаде некое си дете по име Холгер Бадштубер да ја одигра цела сезона, па и Милер, е бога ми има и тоа големи.
 
Не ми менува мене многу тоа, има еден мал милион такви примери. Мурињо на сред сезона го исфрли Максвел од прв тим и го стави во игра 18 годишниот Сантон па никому ништо. Знам дека ко фан на Баерн не ти одговара тоа што го пишав, но едноставно тоа е мое мислење. Ван Гал е стварно одличен тренер, јас не го оспорувам тоа, али не е мудоња ко Ферги, Мурињо и остала класа такви тренери кои се изнад него.
 
Максвел ми споредуваш со Лусио? Немој. Не е дека не ми одговара ко фан на Баерн туку ти кажувам за него бидејќи го знам човекот како работел бидејќи нели беше тренер на Баерн. Сигурно дека ти не знаеш повеќе. Немој погрешно да ме разбереш дека ти реков не знаеш повеќе за него од мене. Но, сакам да ти кажам дека грешиш. Еден Гомез кој беше платен 30 мил. не го играше на почетокот по образложение дека не го довел во Баерн тој туку управата пред да го назначат за тренер го договорија трансферот со Штутгарт без да се консолтираат со идниот тренер. Дури после 12-13-то коло почна да го игра Гомез со Олич во напад па почна да шиба голови па немаше на каде веќе и мораше да го игра. Ептен се разбаци Гомез да му докаже дека греши, жеден и збеснат за голови.
 
Види, не може да се разбереме очигледно. Ти повеќе знаеш за Ван Гал од мене тоа е факт, зашо го следиш Баерн на секоја можна утакмица, а јас не. Да, го пратев Баерн тогаш ама не буквално секоја утакмица. Максвел го споредувам со Лусио затоа што и двајцата беа стандардни првотимци. И тука доаѓаме до клучот на нашата конверзација, што мислиш, исправна беше одлуката Лусио да се тргне од тимот а штоперскиот тандем да му го сочинуваат Демикелис и Ван Бајтен? Секако дека не, така да таа одлука јас не му ја сметам за правилна без разлика што тогаш Бадштубер го пуштил место Лусио, кога во поголемиот дел од сезоната играа овие двајца што ги споменав. Лусио е подобар и од двајцата, несомнено!

И за мадињата да ти појаснам, мадиња се гледаат во клучни мечеви, финале на ЛШ, клучно дерби во првенство, финале на Куп итн итн... Е тука кога ќе дојде он се губи, едноставно не може против луѓе попаметни од него и луѓе кои немаат толкави тефтери.
 
Сум кажувал и пишувал дека најголемата грешка му е што се реши да не смета на Лусио. Но, нели на местото на значаен играч во тим како Баерн да се решиш да го ставиш Бадштубер треба да имаш муда. Ти велиш и Максвел и Лусио биле првотимци во Интер и Баерн. Лусио беше значаен играч за Баерн, Максвел не за Интер. Сепак иако се реши на таков потег пак успеа до финале да стигне. А во финалето знаеме. Памтиш сигурно. Рибери не играше поради суспензија, а и знаеме колку значаен играч беше тогаш. На неговото место играше Алтинтоп кој е десно крило, а вие со Му (Тито :icon_lol:) и успешната дефанзивна игра лесно беше да го затворите само Робен со Киву, Самуел и Камбиасо. По тројца му одеа. Алтинтоп и така не беше опасност за вас. Доволен му беше Маикон само. Така да не можеме Ван Гал да го обвинуваме за изгубеното финале. Има малку вина сепак со продавањето на Лусио што значеше и за вас огромно засилување. Во тоа само му се лутам.
 
Најдобар секако ќе го кажам SAF и подобар од него никат немало.
Никој не ги спомнал Didier Deschamps, Guus Hiddink , Kenny Dalglish, Diego Simeone, Javier Irureta, Cesare Prandelli, Roberto Martínez, Thomas Schaaf, Felix Magath.
Туку ги кажувате тие што биле менаџери на големи екипи со јаки играчи. Според мене овие се едни од најдобрите тренери само што немале доволно финансиски средства како што имале претходно наведените од ваша страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom