Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Немав таков предмет а и како што гледам нема ни да имам.
добро не знам сеа дали и го имате и ако воопшто го имате како се вика.
 
ЛКДА е од електрашките смерови, го нема на ниеден финки смер, ни стар ни нов.
 
Има некој материјали по Иновативни технологии да сподели?
 
Има некој од мрежи на форумов?
 
Некој накратко да каже нешто за предметот Објектно ориентирано програмирање, освен што се учи C++ и Java?Гледам има и структури од структурно програмирање, дали тие требат да се учат? Исто така, потежок или полесен е од Структурно Програмирање?
 
Полесен е од структурно, и многу е шаблонски. Јас немав положено структурно а него го положив преку колоквиуми без некој поголем проблем.
 
Некој tips and tricks(освен загревање на столчето и учење на материјалот) за положување на предметите Бази на податоци и Оперативни Системи?
 
Некој tips and tricks(освен загревање на столчето и учење на материјалот) за положување на предметите Бази на податоци и Оперативни Системи?

Нема многу типс и трикс, и двата предмети си сакаат ептен учење. Гледај прај ги лабораториските самостојно, тие најмногу ќе ти помогнат и прашуј ги демонстраторите што како. Ја бази на испит го полагав, првиот колоквиум го положив ама на втор не ни појдов, ептен напорно ми беше и го научив ептен добро за на испит (9ка), не е несфатлив, не е тежок, само си бара учење и вежбање, а е најкорисен предмет од тој семестар ако не и на факултетот. ОС го положив со 10ка со континуирано решавање на задачи, како што земавме на аудиториски така си ги решавав за да им влезам во шемата. И има доста теорија ОС која мора да се научи убаво за положување, широк дијапазон е и неможеш да типуваш што ќе се падне.
 
Кога сме кај бази дали некој може да ми помогне за ова дали ми е точно парцијалното мапирање.
e-r.png

A(A#)
B(B#)
C(C#)
D(D#)
E(E#,A#,B#)
F(F#)
G(G#,E#,A#,Y,B#)
H(H#)
I(I#,F#)
R1(A#,B#,X)
R2(C#,B#,F#,W)
R3(A#,D#)
R5(D#,E#,A#,B#)
R9(E#,A#,B#,H#)
H1(H#,HA) H2(H#,HB)
 
@0C0FFEEBABE - фала за оговорот.

Дали знаеш за Бази како е поделено полагањето во однос усен дел, задачи, заедно ли се полагаат ?
Кои од нив носи повеќе поени и дали се доволни презентациите за положување на усното? Неможам да најдам пример за усното како би изгледал тестот.
 
Дечки заборавив еден предмет да додадам во електронското запишување и сеа пројде 00:00 и не можам веќе да додавам. Можам тоа да го направам во студентски, макар со казна од 500 денари така?
 
@0C0FFEEBABE - фала за оговорот.

Дали знаеш за Бази како е поделено полагањето во однос усен дел, задачи, заедно ли се полагаат ?
Кои од нив носи повеќе поени и дали се доволни презентациите за положување на усното? Неможам да најдам пример за усното како би изгледал тестот.

Заедно се полагаат, едно по друго. Првин се полагат задачи сат и пол мислам, или можда 2, а после то има 30 минути за усно. Усното има 5 прашања на заокружување со понудени одговори(кои треба да ги размислиш, дури и решиш на страна за да можеш да одговориш), 2 задачки мали беа мислам да напишеш нешто и 1 да кажеш што ќе врати некое дадено sql квери. Задачите носат повеќе поени, ама не знам процентуално како беа организирани.

Земи научи го овој предмет убаво, ќе ти треба за понатака во животот ќе ти се најде, види да го сфатиш што, како, зошто, кога, разработи го убаво и немаш гајле за полагање.
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 15:24 ---
п.с. еве што најдов во фолдерот бази поврзано со усното:
https://www.dropbox.com/s/bb8q1tkukk4j5w8/Bazi2KolUsno.txt
 
Слуша некој теорија на информации кај Бакева , а и е бил денеска на предавање ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom