Jax Rebel
Navajo Rider
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5.255
- Поени од реакции
- 2.241
Како што разбрав, во 6ти си одбрал ЕМК и БКМ, а во 8ми Алгоритмите. Што друго зема сега?
Зашто гледам дека во 8ми би имал 2 задолжителни, дипломска, и максимум место за уште два изборни.
А веќе гледам два добри, Јавни мобилни мрежи и Мобилни информациони системи. Не зема некој од овие?
Зедов уште еден, не од мојата насока, туку од КНИ - Безбедност на компјутерски системи.
Мобилни информациони системи се учи iOS програмирање, нема колоквиуми, за прв колоквиум има домашно, се состои од тоа да напишеш спецификација за твојата семинарска уствари што ќе ја праиш за втор колоквиум, за втор колоквиум исто така нешто со домашна е изгледа и треба да напраиш iOS апликација ко семинарска, да му ја однесеш на iOS уред да ја провери професорот и добиваш 10ка. Мене ова некако не ме купи, за да развиваш за iOS треба да имаш Mac, или да работиш на виртуелка. Плус и не ми е омилен оперативен систем iOS.
Јавни мобилни мрежи се учи Андроид програмирање ко што разбрав и за него ќе размислам, да видам кој е асистент што е како е, па нели може да се смени предмет во првата недела-две, дур не се почнати лабораториските.