Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека нема лошо, секој си има своја таргет група која што ќе гласа за него. Е сега на некој е поголема, на некој помала но факт е дека тинејџерките се главни. Ете Милош рокерот е подобар пејач од Алекса, исто и Младен но немаат толку навивачки како другите па одпаднаа.

Кој ке ти гласа за Младен бе брат, намќор човек, 0 харизма...
Милош се согласувам, он беше мој фаворит, али едноставно ради стилот негов неможеа да си дозволот он да влезе.
 
Оваа Брковиќ има глас, еден од подобрите, ама нема публика, мислам дека таа следна ќе испаднит.
Па после неа некој од 4U, Алекса или Лукијан.

Па може нема публика пошто она од сите кандидати најмалце е форсирана и од судиите а и од медиумите.
 
6. Илма - Илма има феноменален глас. ГЛАСИШТЕ. Да не знаеш колку години има, да ја чуеш на радио ќе мислиш дека има 20 и кусур. Тоа е разликата меѓу неа и Ќато. Таа веќе има оформен глас. Само мислам дека треба малку да ја разиграат. За разлика од претходните настапи овој беше подобар у смисла на изглед, облека или нели по модерните изрази “стајлинг“ и движење на сцена, ама песната беше ужасно досадна, ми падна концентрација, не можев да ја дослушам. Повеќе треба да се смее. Се уште е дете, не мора да биде толку озбилна.
:)

Според мене постојат многу добри пејачи, кои одлично пеат но се многу досадни и одбивни личности без харизма. Таквите најчесто ја немаат таа моќ да го задржат вниманието на публиката подолго време.
Таков е случајот со Илма. Девојчето навистина има одличен глас но тука завршува нејзиниот талент.
Од друга страна има пејачи кои можеби и немаат толку квалитетен глас, но како пакет се многу поинтересни и попријатни. Ваквите може слободно (шо бика Жељко) мени во ресторан да читаат и повторно ќе бидат интересни. Тоа се т.н. луѓе кои носат ѕвезда во себе.
Јас како што гледам Илма на видеото од првата аудиција имаше 3 милиони прегледи за подоцна гледаноста драстично да опаѓа така што наредното видео има некој си 150 илјади гледачи едно 20 пати помалку, што значи дека луѓето се заситиле после првиот настап.
Иако е девојчето многу младо (според мене не би ни требала да се натпреварува поради стресови и слични глупости) уште сега може да се каже дека харизмата и е 0%.
Но и покрај горенаведеното сигурен сум дека далеко ќе добутка поради познатото масовно гласање на Босанците. Но многу е веројатно дури и да победи дека тоа ништо нема да и донесе во животот, напротив може да и наштети, зошто после тоа веројатно ќе треба да се соочи со реалноста која многу веројатно е сосема различна од гласовите добиени по национална основа.
 
Гледам некој отишол и на одмор од темава, јас ја разбирам еуфоријата дур трае шоуто но бидете цивилизирани и не ја користете темата како фејсбук коментари под статус. Бидете културни и ќе се задржи лабавата атмосфера.

Што се шоуто тиче, ја изгледав плејлистата од настапите, и како свежо око, како прво скоро ниедно машко не заслужува уште да е таму.
Како второ, фаворит ми е Александра. Со Енџи ногата. И изглед има и мекост, мене ми е ѕвезда, она Иксот што се бара.
Немам поим што е со групиве и како функционираат, али воведот на песната од Лана Дел Реј беше фантастичен, девојката имаше меланхоличен но силен глас, исто и по потреба висок, другите беа гола вода. Како и да е, сите машки во шоуво - катастрофа.
 
Какви Даниеловци, какви ти доктори .. Дајте и' ја победата на Јелена Розга !! Капка :love::love:. Ги фрли во сенка сите и такмичари, и Емини и т.д.
spek-Jelena-Rozga_620x0.jpg
 
Групата 4U била на чекор до распад, девојките само се карале, а тоа кулминирало вчера кога не можеле да се договорат за песната што ќе ја пејат следниов вторник, ниту за пробите и така натака.
 
Групата 4U била на чекор до распад, девојките само се карале, а тоа кулминирало вчера кога не можеле да се договорат за песната што ќе ја пејат следниов вторник, ниту за пробите и така натака.

Тоа го напишав јас и во тој долгиот пост на претходната страна. Искрено така и делуваат. Иако на сцена се складни, се осеќа некоја непријатност вака кога ги прикажуваат надвор од сцена. Воопшто не би ме изненадило да се распаднат до крајот на шоуво. Ако останат до крај нели.
 
Или ако бидат номинирани следната или последната недела, па жирито да ги отфрли.
 
Или ако бидат номинирани следната или последната недела, па жирито да ги отфрли.

А бе ова тематсково 90тите ќе биде некогаш или само лажњаци пуштаат?:icon_mrgr:
 
А бе ова тематсково 90тите ќе биде некогаш или само лажњаци пуштаат?:icon_mrgr:
Прочитав за минатата емисија дека ќе биде 90тите со гостин Саша Ковачевиќ. Можеби некоја од следните ќе биде.
 
Jaс уште чекам емисија во која ќе направат атмосфера.
Па ајде бе што ментори се....нека направат некои јаки преработки на песните.
Да се крене публиката на нозе, да се осети дека е ЗАБАВНО шоу.
До кога ќе не лажат со тој лажниот аплауз? Веќе во уши почна да ни боде.
Па кога Жељко можеше да го имитира Сајмон, а Емина- Никол. Така може да земат пример и за некои други работи. Нека живнат малку!
Инспирација имаат по youtube колку сакаат...

 
И јас се согласувам дека треба да се дигне атмосферата, мене реално ми е едно од послабите балкански шоуа што сме ги гледале.
 
И јас се согласувам дека треба да се дигне атмосферата, мене реално ми е едно од послабите балкански шоуа што сме ги гледале.

Сите имаат некој талент, само некои се гледа дека се доста сигурни и се издвојуваат од другите, а другиве некако уште тремата ги јаде и имаат некој страв. Плус изборот на песни досега е доста лош и тоа е причина што досега нема нешто :vozbud:...али верувам дека како што ќе се стеснува кругот сите ќе даваат максимум зошто шансите за испаѓање ќе им се поголеми.
 
Сите имаат некој талент, само некои се гледа дека се доста сигурни и се издвојуваат од другите, а другиве некако уште тремата ги јаде и имаат некој страв. Плус изборот на песни досега е доста лош и тоа е причина што досега нема нешто :vozbud:...али верувам дека како што ќе се стеснува кругот сите ќе даваат максимум зошто шансите за испаѓање ќе им се поголеми.

Да, така, но зборувам од аспект на шоу, возбуда, бирање на песни, а не за пејачки квалитети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom