Оглас за вработување

  • Креатор на темата Креатор на темата rabota_fev2014
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јануари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
6
Се бара особа за работа во дуќан (печатница/фотокопир/ИД продавница).

Работно време: 08.00 - 16.30 (без викенди и празници)
Локација: нас. Аеродром
Плата: 11.000,00 денари нето

Потребни квалификации:
- основна работа со AutoCAD
- основно позбавање на CorelDRAW, PhotoShop
- работа со плотер и копир машини
- познавање на хардвер

Испраќајте ги Вашите CV-ја со слика на електронската пошта:
rabota_fev2014@yahoo.com
 
За работа во копирница и CV !? :pos:

А зошто да не? Ваљда треба да знае кого прима на работа, нели...
Секако, не ми се допаѓа делот со „до 35 години“. Тоа во никој случај не се пишува во оглас за вработување, затоа што е дискриминација. Ти можеш да сакаш вработен до 35 години, но селектирај си го откако ќе го направиш интервјуто. Од кај знаеш, можеби некој со 36 ќе биде најдобар кандидат...

@rabota_fev2014, темата ти ја преместив во подфорумтот за Вработувања и работа.
 
Благодарам за сугестиите. Намерата не беше воопшто за дискриминација (и јас сум над 35), но работата знае да биде напорна.
Инаку копирањето е најмала работа, повеќе е печатење и продажба.
 
Некој што работи AutoCad, Corel и Photoshop, тешко дека ќе се нафати да работи за 11 000. Али ете, Македонија, Ако проџе, проџе (освен ако станува збор само за припрема).
 
Добро е сепак што не наведуват од каде треба да е и кандидатот.
На пример: Од Велес
(кај мене ако сакаш да се вработиш,тој е еден од условите)
--- надополнето: 27 јануари 2014 во 14:58 ---
I posle zosto maldite "begale" od MK?
Koj ke prezivee so taa plata cel mesec, posebno vo SK, ama vazno kvalifikaciite se site na broj, osven Angliski jazik i smisla za humor ;)

па има и повеќе што даваат на пример Чивлигот и Аурора -двојно повеќе 22.000 ден.
(сега пред малку во 14 часот име се делеше чорба,а потоа пак на плоча и ѕид до 18ч)
 
Ако работа во фотокопир е напорна работа за луѓе над 35 години, незнам фазла што да речам :confused:
 
Добро е сепак што не наведуват од каде треба да е и кандидатот.
На пример: Од Велес
(кај мене ако сакаш да се вработиш,тој е еден од условите)
--- надополнето: 27 јануари 2014 во 14:58 ---


па има и повеќе што даваат на пример Чивлигот и Аурора -двојно повеќе 22.000 ден.
(сега пред малку во 14 часот име се делеше чорба,а потоа пак на плоча и ѕид до 18ч)

De bre pa ti, ti sigurno bi rabotel za tolku plata neli?
Ako ne se lazam minimalna plata sega e okolu 10000den, i znaci rabotodavecov za toj trud kako sto rece i samiot deka e "naporna" nudi plata nekolku procenti nad minimalecot, a koja sto rabota e intelektualna i bara solidni kvalifikacii za istata, pa kako bre da ne me nerviraat vakvi raboti, aman!!!
 
Според мене добро е што пишал до 35 години!Ако не пише старост 90% ќе му се јават некои со по 5-60 години кои прво немаат поима што е тоа корел и фотошоп,но велат ќе научам јас :tapp:и со кои ќе изгуби по 2 саати на едно интервју.Кога ќе почнат да му кажуваат дека работеле во бивша ЈУ 20-30 години и дека го избркале на работодавецов ќе му се стемни и веројатно би се утепал.Така да,апсолутно го подржувам ова со старосна група.

Туку мене не ми се јасни овие работи.Зашто бара човеков кандидатот да знае АутоКад навистина не ми е јасно.
Второ платата е мизерна,али што да се прави.Кога јас аплицирав за работа отидов во една продавница за спортска опрема и заедно со мене беа едни од провинција дојдени дечко и девојка!Човекот ни изнакажа 300 работи.Ова треба да правите тоа да правите и на крај вели платата за почеток ќе ви биде 8000 денари LOL :facepalm:

На крај не прашува дали ви одговара платата и овие велат да да задоволни сме.:eek:

Си реков,абе овие од провинција само знаат да одат по митинзи за 500 денари и еден сендвич,и после ќе доаѓаат тука да мизеруваат за по 8000 денари.Не ми е јасно како ќе го поминат месецот.ЌЕ купуваат црн леб или пак ќе јадат леб и сол,а стурја и вода ќе крадат,или пак и без неа ќе седат.

Плата под 12000 денари мислам дека не треба да биде.Макар и за чираци.
 
Се бара особа за работа во дуќан (печатница/фотокопир/ИД продавница).

Работно време: 08.00 - 16.30 (без викенди и празници)
Локација: нас. Аеродром
Плата: 11.000,00 денари нето

Потребни квалификации:
- основна работа со AutoCAD
- основно позбавање на CorelDRAW, PhotoShop
- работа со плотер и копир машини
- познавање на хардвер

Испраќајте ги Вашите CV-ја со слика на електронската пошта:
rabota_fev2014@yahoo.com

Tреба ли членска од партија? :D
--- надополнето: Jan 28, 2014 3:54 AM ---
Некој што работи AutoCad, Corel и Photoshop, тешко дека ќе се нафати да работи за 11 000. Али ете, Македонија, Ако проџе, проџе (освен ако станува збор само за припрема).

Mи ја погоди бојата. :D
--- надополнето: Jan 28, 2014 3:56 AM ---
Ако работа во фотокопир е напорна работа за луѓе над 35 години, незнам фазла што да речам :confused:

Па како не е напорна, баба ми има 70 години, неможе стара жена 8 саати да стои на нозе. :)
 
Очигледно не ви треба ниту работа, ниту пари... Ако е така, оставете ги огласите за оние кои не можат да сврзат ден со ден. Чисто информативно, колку сакате да зима вработен во фотокопирница? 32.000 денари? :)
Што се однесува до квалификациите, газдава сигурно не бара да бидете AutoCad или Photoshop гуру. Бара *основно* познавање од програмите. Односно, да знаете како да направите некоја основна припрема пред да го пуштите материјалот на печатење. И тоа не е премногу да се бара. Што се однесува до „ работа со плотер и копир машини“ како и „познавање на хардвер“ - сигурно се мисли на тоа да знаете кое копче е за принтање, кој е power cable и како да смените тонер...

Со среќа на сите што ќе се пријават да работат. Останатите, сонувајте за директ министерско место (ова изгледа стана сонот на секој просечен Македонец) или па работа со плата над 60.000 денари во странска компанија, која ќе ве цени исклучиво по креативноста на интернет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom